Прејди на содржината

Горна Саксонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Саксонија (Саксонија-Витенберг) со Мајсен и Лужица. Од атлас на Меркатор-Хондиј, 1627 г.

Горна Саксонија (германски: Obersachsen) — историски поим за краиштата во владение на династијата Ветинци во подрачјето на она што денес се нарекува Средна Германија (Mitteldeutschland).

Историја на поимувањето

[уреди | уреди извор]

Поимот потекнува од времето кога, по падот на војводата Хајнрих Лавот во 1180 г. средновековното Војводство Саксонија се распаднало и владенијата на Војводството Саксонија-Витенберг прешле кај династијата Аскани, а подоцна кај Вентинците во Маркгрофовијата Мајсен. Овие династии ги покориле краиштата источно од реката Зале населени од Полапските Словени, и со нив го зеле племенското име Саси (Sachsen, „Захсен“) спротиводно од Елба.

Името служи и за разликување на овие подрачја од „Долна Саксонија“, која подоцна влегла во оптек (иако никогаш не бил наложувана) како поим за првобитните саксонски краишта во северна и западна Германија (каде се прошириле западнодолногерманските дијалекти), на територијата на денешната сојузната покраина Долна Саксонија, како и соседните области Вестфалија, Холштајн и западот на денешна Саксонија-Анхалт северно венецот Харц (Остфалија).

Според Златната була од 1356 г. владенијата на Саксонија-Витенберг над Елба го сочиниле Изборното Кнежевство Саксонија, кое во 1423 г. се споило со Мајсен под династијата Ветинци и го возаглавило Горносаксонскиот округ. Ветинците ја добиле областа Лужица со Прашкиот мир од 1635 г. и конечно во 1806 г. биле станале кралеви на Саксонија. Така, граѓаните на денешната сојузна покраина Саксонија просто се нарекуваат Саксонци. Ова е случај во медиумите, иако источносредногерманските дијалекти на горносаксонскиот (мајсенски и остерлендски) се сместени во тириншко-горносаксонскиот континуум.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]