Прејди на содржината

Горно Ѓуѓанци

Координати: 41°59′36″N 21°59′07″E / 41.99333° СГШ; 21.98528° ИГД / 41.99333; 21.98528
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Горно Ѓуганце)
Горно Ѓуѓанци
Горно Ѓуѓанце

Поглед кон селото

Горно Ѓуѓанци во рамките на Македонија
Горно Ѓуѓанци
Местоположба на Горно Ѓуѓанци во Македонија
Горно Ѓуѓанци на карта

Карта

Координати 41°59′36″N 21°59′07″E / 41.99333° СГШ; 21.98528° ИГД / 41.99333; 21.98528
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24007
Надм. вис. 590 м
Горно Ѓуѓанци на општинската карта

Атарот на Горно Ѓуѓанци во рамките на општината
Горно Ѓуѓанци на Ризницата

Горно Ѓуѓанци (порано: Горно Ѓуѓанце) — мало село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото доаѓа од соседното пониско село Ѓуѓанци (Долно), кое било постаро.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Куќи во селото

Ова мало село се наоѓа во областа Овче Поле, во крајниот северен дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Куманово.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 590 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 17 километри, а од регионалниот пат Свети Николе-Куманово околу 9 километри.[3]

Селото се наоѓа во долина на доста неповолна положба, а околното земјиште е подложно на свлечишта. Во минатото се срушиле повеќе куќи, а во свлечиштата биле зафатени овоштарници и ниви. Во близина на селото се наоѓа селото Долно Ѓуѓанци на југозапад, Кокошиње на северозапад и Строиманци на исток. Мештаните се снабдувале со вода за пиење од една чешма и еден бунар. Околу селото има и неколку кладенци и бунари.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лингура, Маџаров Рид, Горна Црква, Благи Дол, Банев Рид, Средни Рид, Дренов Дол, Падина, Црвен Брег и Мртвица.[2]

Селото има разреден тип. Некои групи на куќи во селото се нарекуваат по родовите кои живеат во нив, како Кушевци, Тангарци, Спаскови, Нешовци и други.[2]

До селото се пристапува преку соседното село Долно Ѓуѓанци каде завршува асфалтниот пат и до Горно Ѓуѓанци води земјен пат.

Историја

[уреди | уреди извор]

Над селото се наоѓа карпест рид Дрма, каде што според мештаните се наоѓало градиште и се наоѓаат остатоци од еден одбранбен ѕид во помал обем. Таму, мештаните се собирале за Илинден, каде што се наоѓале два камени крста.[2]

Југозападно од селото се наоѓа црква во рушевини, додека уште една црква во рушевини се наоѓа над селото. Остатоци од старини се наоѓаат и на месноста Мртвица, околу 500 метри пониско од селото. Овие цркви и старини припаѓале на селото, кое постоело пред денешното. Кога истото пропаднало, денешните мештани не го знаат.[2]

Денешното село е младо, населено најпрвин од двата македонски рода: Кушевци и Васевци. Подоцна се доселиле и други македонски родови.[2]

Во XIX век, Горно Ѓуѓанци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Во 2014 година на селото му е вратено неговото старо име Горно Ѓуѓанци.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 8,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 426,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 283 хектари, а на шумите 132,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]

До крајот на отоманската власт, двете села Горно и Долно Ѓуѓанци припаѓале на Мемед-бег, населен во Кратово. Потоа, тој бил наследен од синот Мустафа и внукот Назим. Назим-бег од 1912 до 1918 година ја продал целата земја на селаните, кои дотогаш ја обработувале.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948198—    
1953211+6.6%
1961178−15.6%
197191−48.9%
198137−59.3%
ГодинаНас.±%
199118−51.4%
199411−38.9%
20023−72.7%
20213+0.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Ѓуѓанци имало 110 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горно Ѓуѓанци имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало и во 1961 година броело 178 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 11 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Горно Ѓуѓанци живееле само 3 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 110 160 198 211 178 91 37 18 11 3 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Горно Ѓуѓанци е македонско село.[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Горно Ѓуѓанци, се наоѓале и селата Габреш, Градиште, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутли Бег, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото припаѓало на Општина Долно Ѓуѓанци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Павлешенци, Строиманци и Стрњевец.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1694 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Долно Ѓуѓанци. Во ова избирачко место влегуваат селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци и Строиманци.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[2]

Во минатото во селото имало две цркви и двете сега срушени. Едната кај денешните селски гробишта, а втората над селото во месноста Горна или Пуста Црква.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[2]

Личности

[уреди | уреди извор]
Починати во Горно Ѓуѓанци
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 685–687.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 77. Посетено на 26 март 2021.
  4. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-28.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 130-131.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 26 март 2021.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 346. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]