Криви Дол
Криви Дол | |
Координати 41°47′13″N 22°06′18″E / 41.78694° СГШ; 22.10500° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 15 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30027 |
Надм. вис. | 230 м |
Криви Дол на општинската карта Атарот на Криви Дол во рамките на општината | |
Криви Дол на Ризницата |
Криви Дол — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Во втората половина на XIV век селото му припаѓало на војводата Димитар, полубрат на деспотот Константин Драгаш, кој го дарувал на една од црквите во Штип.[2]
Во XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Криви Дол живееле 50 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Криви Дол имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Власи.[5]
Според пописот од 2002 година, населението на Криви Дол броело 50 жители, од кои 26 Власи и 24 Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 9 Македонци, 5 Власи и 1 лице без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 196 |
1953 | 147 | — | — | — | 57 | 3 | ... | — | — | 207 |
1961 | 126 | — | — | ... | ... | — | ... | 114 | — | 240 |
1971 | 179 | — | — | — | ... | — | ... | — | — | 179 |
1981 | 66 | — | — | — | 47 | 1 | ... | — | — | 114 |
1991 | 33 | — | — | — | 39 | — | ... | — | — | 71 |
1994 | 29 | — | — | — | 35 | — | ... | 5 | — | 64 |
2002 | 24 | — | — | — | 26 | — | — | — | — | 50 |
2021 | 9 | — | — | — | 5 | — | — | — | 1 | 15 |
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од 1957 година, родови во селото
Македонски
- Доселеници: Прговци (7 к.) доселени се во 1908 година од селото Сушево; Дедо-Петрушеви (2 к.) по потекло се од раселеното село Скандалци, близу Тестемелци. Од таму се населиле во Кадрифаково, па потоа прешле во Криви Дол; Дедо-Ристови (4 к.) доселени се во 1908 година од селото Кадрифаково. И таму биле доселени однекаде. Алексови (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Долни Балван; Златеви (6 к.) доселени се во 1909 година од селото Кадрифаково. А таму биле доселени од селото Чардаклија.
Влашки
- Доселеници: Ташкови (1 к.), Костови (2 к.) и Петрушеви (1 к.) доселени се во 1918 година. Зегови (3 к.) доселени се во 1947 година. Џамбазови (1 к.), Баштавела (1 к.), Лико (1 к.) и Коле (1 к.) доселени се во 1956 година. Жителите порано биле номади. Потеклото им е исто како и на останатите влашки родови (Мустафино, и др.) во Овче Поле.[7]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2288 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[10]
- Градиште — утврдување од доцноантичко време;
- Грамади — населба од доцноантичко време;
- Долна Бежанија — населба од бронзено време;
- Јанчовец — некропола од доцноантичко време;
- Аргачи — базилика од ранохристијанско време;[11]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Се знае за следните македонски родови иселени од селото. Во Горно Ѓуѓанци се иселиле Кушевци. Во Долно Ѓуѓанци се иселиле Миневи. Во Врсаково се иселиле Буклевци.
Од Криви Дол било големо иселувањето и по 1920 година. Во 1924 година во Амзабегово се иселиле Карапанџови. Во 1941 година во Кадрифаково се иселиле Петреви. Многу иселеници има и во градот Штип. Таму се иселени преку 15 семејства до 1957 година. Таму потполно заминал и родот Клинчарови.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 248
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.232.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp.134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ 7,0 7,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „ЛОКАЛИТЕТ АРГАЧИ: Откриена импресивна ранохристијанска црква кај Штип“. Архивирано од изворникот на 2016-08-21. Посетено на 2016-08-22.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|