Прејди на содржината

Граматика на бугарскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бугарскиот јазик како мајчин го говорат околу 9 милиони луѓе кои главно живеат во Бугарија. Бугарскиот јазик е јужнословенски јазик и има граматички сличности со останатите јазици кои припаѓаат на истата јазична фамилија.

Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенските јазици и е службен јазик во Република Бугарија. Во бугарскиот јазик некогаш постоел опширен систем на деклинации. Старобугарскиот разликувал 7 падежи: номинатив, акузатив, датив, генитив, локатив, инструментал и вокатив. Деклинирањето почнало да исчезнува за време на среднобугарскиот јазик. Во современиот бугарски јазик именките не се деклинираат, освен некои остатоци од поранешниот систем кај заменките. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенските јазици кои со текот на развојот ги изгубиле падежните форми, а од нив останат е само вокативот. Исто така карактеристична особина на бугарскиот и македонскиот јазик е употребата на постпозитивен определен член, што ги разликува од другите словенски јазици. Во другите словенски јазици вакви не постојат.

Современиот бугарски јазик го користи кириличното писмо. Биле користени неколку азбуки кои имале од 28 до 44 букви на почетокот и кон средината на XIX век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878-1879 година. Буквите Јат (ѣ) и јус (Ѫ) станале непотребни поради гласовните промени низ времето затоа биле исфрлени во 1945 година. Сегашната бугарска азбука има 30 букви:

Големи букви (македонска азбука)
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш - - - - -
Големи букви (бугарска азбука)
А Б В Г Д - Е Ж З - И Й К Л - М Н - О П Р С Т - У Ф Х Ц Ч - Ш Щ Ъ - Ю Я
Мали букви (македонска азбука)
а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш - - - - -
Мали букви (бугарска азбука)
а б в г д - е ж з - и й к л - м н - о п р с т - у ф х ц ч - ш щ ъ ь ю я

Во бугарската кирилица има некои букви, кои не постојат во македонската. Тие се изговараат:

  • Й = ј: Той / Тоj;
  • Щ = шт*: Щъркел (дијал. Щрък) / Штрк; Защо / Зошто;
  • Ъ = [ ə ] , ('), [ ɤ ]: Ръж / ’Рж; Кръв / Крв ; Кървав / Крвав
  • ь = j (по согласки и пред о): Бельо / Долна облека; (постои само мала буква „ь“)
  • Ю = jу*: Юнак / нак;
  • Я = ja*: Ябълка / болко;

* jу(йу) секогаш се пишува ю, jа(йа) - я, шт - щ

Следниве букви не постојат во бугарската кирилица:

  • Ѕ, Џ се пишуваат: „дз“, „дж“: Дженифър / Џенифер; Джам (тур. дијал.) / џам
  • Ѓ се пишува напр. Гь: Гьон (тур.) / ѓон; Гюрултия* (диjал.) / ѓурултија ; Гюров* / Ѓуров
  • Љ - напр. Ль: Кольо / Кољо; Любов* / љубов; Любляна* / Љубљана
  • Њ - напр. Нь: Пеньо / Пењо; пеньоар / пењоар; Нютон* / Њутн; Ню* Йорк / Њујорк
  • Ќ се пишува напр. Кь: - Кьорав (тур.) / ќор(ав); Кьоркютук* пиян (дијал.) / Пијан ќорќутук

Во бугарската азбука има шест самогласки. Тие се: а, ъ, о, у, е, и. Другите 24 букви (гласови) се согласки. Во бугарскиот јазик, поголемиот дел од зборовите се пишуваат како што и се изговараат, и поголемиот дел на буквите претставуваат еден глас. За разлика од другите балкански јазици, чиј фонетички принцип е претставен со поговорката „пишувај како што зборуваш, читај како што е напишано“, во бугарскиот јазик се појавуваат буквите щ, ю, я и гласовите дз и дж, и затоа, бугарскиот јазик не е фонетички јазик како другите балкански јазици.

За разлика од македонскиот јазик, во бугарскиот нема општо правило за местото на акцентот:

  • детѐ
  • врѐме
  • ѐзеро
  • полѐ
  • бу̀ква

  • вода̀
  • Македо̀нец
  • ра̀бота
  • та̀тко, та̀ткото, та̀тковци, та̀тковците
  • гра̀д, градовѐ

Акцентот обично не се пишува. Но во некои случаи тој може драстично да го промени значењето на зборот, тогаш акцентот се пишува:

  • па̀ра / пареа, но: пара̀ / пара (платежно средство)
  • въ̀лна / волна, но: вълна̀ / бран
  • чѐта / чета (вооружена група), но: чета̀ / читам

  • родѐн на 4 юли / роден на 4 јули, но: ро̀дна сестра / телесна сестра, ро̀ден (майчин) език / мајчин јазик
  • ранѐн / ранет, но: ра̀нен / ран

Гласовни промени

[уреди | уреди извор]

Во бугарскиот правопис не постои правило за едначење по звучност, согласките секогаш се пишуваат удвоено:

  • съсед / сосед - съседка / сосетка
  • врабец / врабец - врабче / врапче
  • сват / сват - сватба / свадба
  • тежък / тежок - тежко / тешко
  • смислен / смислен - безсмислен / бесмислен
  • безсмъртен / бесмртен
  • изсмърка / ишмрка
  • изчезне / исчезне
  • предчувствие / претчувство
  • предприятие / претпријатие
  • разсели / расели
  • подсъзнание / потсвест

Еднакви согласки во непосреден допир се удвојуваат:

  • болест / болест - болестта / болеста
  • радост / радост - радостта / радоста
  • шест / шест - шестте / шесте
  • беззвучен / безвучен

Редување на самогласките и согласките:

  • бъбрек / бубрег — бъбречен / бубрежен
  • юнак / јунак - юнаци / јунаци
  • ръка / рака - ръце / раце
  • роди / роди - ражда / раѓа
  • избере / избере - избира / избира
  • белег / белег - белези / белези
  • гние / гние - гной / гној
  • плати / плати - плаща / плаќа

Испуштање на самогласките и согласките:

  • петел / петел - петли / петли
  • тесен / тесен - тясно / тесно
  • ден / ден - дни / дни
  • котел / котел - котли / котли
  • потомък / потомок - потомци / потомци
  • добър / добар - добри / добри;
  • нокът / нок(о)т - нокти / нокти

Именките се менливи зборови со кои се означуваат суштества, предмети, појави и поими. По традиција, именките се делат на општи и сопствени. Секоја именка во бугарскиот јазик има род (машки, среден или женски) и број (еднина или множина). Во современиот бугарски јазик именките не се деклинираат, освен некои остатоци од поранешниот падежен систем кај заменките. Значењата кои другите јазици ги искажуваат со деклинација (падеж), во бугарскиот се искажуваат преку предлози.

Определеност

[уреди | уреди извор]
Членувањето во европските јазици
  определен и неопределен член
  определен член
  неопределен член, постпозитивен определен член
  постпозитивен определен член
  не постојат членови

Членот служи да ја означи именката како позната. Членот во бугарскиот јазик е постпозитивен, т.е. доаѓа како наставка на именката. Членовите во бугарскиот јазик се само определени. Нечленуваните именки се неопределени.

Повеќето словенски јазици немаат членови и не разликуваат, на пример, татко од таткото; истиот збор значи и едното и другото. Определениот член има број и род.

Основната разлика меѓу бугарскиот и македонскиот јазик постои во машки род, еднина:

машки род
еднина
машки род
множина
женски род
еднина
женски род
множина
среден род
еднина
среден род
множина
определеност (бугарски) - а (-ът);
- я (- ят)
- те - та - те - то - та
определеност (македонски) - от - те - та - те - то - та
  1. -ът, -ят: се нарекуваат „Пълен член“ / „полн член“ и се користат ако именката е подмет.
  2. -а,-я: се нарекуваат „Непълен (кратък) член“ / „краток член“ и се користат ако именката не е подмет.
  3. Стандардниот бугарски јазик нема членови за укажување на блиски/пооддалечени предмети (-он, -ов, ...). Но, во некои бугарски дијалекти постојат вакви членови.

  • Мъж - Мъжа (Предмет) - Мъжът (Подмет) / Маж(-от)
  • Мъже - Мъжете
  • Ден - Деня - Денят / Ден(-от)
  • Дни - Дните
  • Жена - Жената / Жена(-та)
  • Жени - Жените
  • Дете - Детето / Дете(-то)
  • Деца - Децата

  • Аз видях човека. / Јас го видов човекот.
  • Човекът ме видя. / Човекот ме виде.
  • Аз видях жената.
  • Жената ме видя.
  • Буквите от азбуката ... Но:
  • Малките букви от азбуката ...

Секоја именка во бугарскиот јазик има род: машки (завршуваат на согласка), среден (-о,-е) или женски (-а,-я). Граматичкиот род на именките не секогаш одговара со природниот род на именката. Така на пример, во бугарскиот јазик зборот 'съдия' е именка од женски граматички род, но од машки природен род.

Машки род:

  • стол(-а,-ът) / стол(-от)
  • хляб(-а,-ът) / леб
  • ден(-я,-ят) / ден
  • слуга(-та) / слуга
  • съдия(-та) / судија
  • баща(-та) (татко(-то)) / татко
  • дядо(-то) / дедо
  • син(-а, -ът) / син

Женски род:

  • жена(-та) / жена
  • нощ(-та) / ноќ
  • лисица / лисица
  • кукувица / кукавица

Среден род:

  • село(-то) / село
  • вретено / вретено
  • поле / поле
  • лице / лице
  • лозе / лозје
  • езеро / езеро

Во бугарскиот јазик се разликуваат еднината и множината.

еднина

  • Македонец / Македонец
  • гражданин / граѓанин
  • селянин / селанец
  • мъж / маж
  • брат / брат
  • ден / ден
  • хляб / леб
  • рамо / рамо
  • око / око
  • ухо / уво
  • небе / небо
  • чудо / чудо
  • камък / камен
  • син / син
  • дъщеря(щерка) / ќерка
  • кон / коњ

множина

  • Македонци / Македонци
  • граждани / граѓани
  • селяни / селани
  • мъже / мажи
  • братя / браќа
  • дни / дни, денови
  • хлябове(хляба) / лебови
  • рамене / рамена
  • очи / очи
  • уши / уши
  • небеса / /
  • чудеса / чуда
  • камъни / камења
  • синове / синови
  • дъщери(щерки) / ќерки
  • коне / коњи

Број падежи во употреба во европските јазици. Сивото е дека нема падежи во јазикот.

Во бугарскиот јазик не постојат падежи. Значењата кои другите јазици ги искажуваат со деклинација (падеж), во бугарскиот се искажуваат преку предлози. Некои примери се дадени подолу:

Бугарски Македонски Српски
Съществителни от мъжки род (предлог) Именки од машки род (предлог) Именице мушког рода (падеж: генитив)
... уча сръбски всеки ден ... учам српски секоj ден ... учим српски сваког дана (падеж: генитив)
Всеки ден не е Великден. Не е секоj ден Велигден. Није сваки дан Ускрс (Великден). (падеж: номинатив)
Беше само въпрос на време. Беше само прашање на време. Било је само питање времена (падеж: генитив)
Консумира се с лъжица. Конзумира се со лажица. Конзумира се кашиком. (падеж: инструментал)
Уикипедия, свободната енциклопедия. Добре дошли в Уикипедия, свободната енциклопедия, която всеки може да редактира.

От Уикипедия, свободната енциклопедия.

Википедиjа, слободна(та) енциклопедиjа. Добре дојдовте на Википедија, слободната енциклопедија што може секој да ја уредува.

Од Википедија, слободната енциклопедија.

Википедиjа, слободна енциклопедиjа. Добро дошли на Википедију, слободну енциклопедију коју свако може да уређује.

С Википедије, слободне енциклопедије

Сè уште се користи вокативот (не се смета за падеж,
туку за падежен остаток):

  • Боже мой! Господи!
  • Иване! Сине! Димитре!
  • Марийо! (ном.: Мария)

Други падежни остатоци [1], [2], [3], [4]:

  • съвсем ( старословенски: съ вьсѣмь) / сосема (инструментал)
  • сбогом ( старословенски: съ Богомь) / збогум (инструментал)
  • духом, чудом, денем, посредством (инструментал)
  • горе, зиме, лете (локатив)
  • снощи / синоќа, довечера / вечерва (акузатив)

Образување на именките

[уреди | уреди извор]

За образувањето на именките во бугарскиот јазик постојат неколку начини, меѓу кои: бессуфиксен, суфиксен, префиксен. Именките најчесто се образуваат со суфикси. Наставките може да се додадат на именки, глаголи, придавки и броеви.

Образување на именките:

од глаголи:

  • -ец: борец/борец, ловец/ ловец, стрелец/стрелец;
  • -ик, -ник: галеник/галеник, затворник/затвореник, историк/историчар, побойник/тепач;
  • -тел: родител/родител, учител/учител, приятел/пријател, писател/писател;
  • -не,-ние: викане/викање, ходене/одење, стоене/стоење, състояние/состојба, представление/приредба, хвалене/фалење; (глаголска именка)
  • -ба: молба/молба, хвалба/пофалба(фалење), сватба/свадба;
  • -ач: купувач/купувач, водач/водач, минувач/минувач;
  • -еж: грабеж/грабеж, палеж/палеж, гърмеж/грмеж, метеж/метеж, градеж/изградба;
  • -а: работа/работа, врява/врева, игра/игра, покана/покана, мъка/мака;
  • -ях: смях/смеа, грях/грев;

од придавки:

  • -ец : старец / старец, хубавец / убавец, слепец / слепец;
  • -ство : богатство / богатство, майчинство / мајчинство;
  • -ина : широчина / широчина, височина / височина, тежина / тежина, светлина / светлина;
  • -ост : милост / милост, старост / старост, гордост / гордост;
  • -та : самота / самотија;
  • -ия : беднотия(сиромашия) / сиромаштија;

од броеви:

  • -ица : единица / единица, десетица / десетка, петица / петка, шестица / шестка, седмица / седумка;
  • -ка : двойка / двојка, тройка / тројка, десятка / десетка;
  • -ина : половина / половина, третина / третина.

од именки:

  • -ник : пътник / патник, любовник / љубовник;
  • -ар : обущар / чевлар, овчар / овчар, рибар / рибар;
  • -ка : овошка/ овошка;
  • -ец, -анец, -анин : Македонец / Македонец, скопянин/скопјанец, битолчанин / битолчанец, римлянин / римјанин.

Заменките се зборови кои ги заменуваат именките споменати во претходните реченици од текстот. Заменките во бугарскиот јазик имаат род (машки, среден или женски) и број (еднина или множина).

Лични заменки

[уреди | уреди извор]

Личните заменки во бугарскиот главно се однесуваат на лица. Овие заменки разликуваат три лица (прво, второ и трето лице), два броја (еднина и множина), три рода во трето лице еднина (машки, женски и среден род) и четири падежи (номинатив, акузатив, датив и предлошки падеж). Личните заменки имаат долга (мене) и кратка форма (ми). Во современиот бугарски јазик употребата на дативната форма (нему, неа, нам ...) е крајно ретка. Наместо тоа се користи комбинација на предлог со заменка (на него, на неа, на нас...).

Следува табеларна споредба на бугарските и македонските лични заменки:

Лични заменки
број лице подмет директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I аз (дијал.: я, яз) јас мене мене ме ме (мене) мене ми ми на мене мене
II ти ти тебе тебе те те (тебе) тебе ти ти на тебе тебе
III м.р. той (он) тој него него го го (нему) нему му му на него него
ж.р. тя (она) таа нея неа я ја (ней) нејзе ѝ ѝ на нея неа
с.р. то (оно) тоа него него го го (нему) нему му му на него него
множина I ние ние нас нас ни нè (нам) нам ни ни на нас нас
II вие вие вас вас ви ве (вам) вам ви ви на вас вас
III те (они) тие тях нив ги ги (тям) ним им им на тях нив
  • Тя му говори, но той не я слуша. / Таа му вели, но тој не ја слуша.
  • Много от тях станали … / Мнозина од нив станале …

Присвојни заменки

[уреди | уреди извор]

Присвојните заменки се заменки што означуваат поседување. Тие имаат род (машки, среден или женски) и број (еднина или множина) и можат да се членуваат. Заменките се согласуваат по родот и бројот со именката на која се однесуваат.

м.р. ж.р. ср.р. множина кратка
Аз / Јас мой (моя, моят) / мој(-от) моя(-та) / моја(-та) мое(-то) / мое(-то) мои(-те) / мои(-те) ми / ми
Ти / Ти твой (твоя, твоят) / твој(-от) твоя / твоја твое / твое твои / твои ти / ти
Той/ Тој негов (неговия, неговият) / негов(-иот) негова / негова негово / негово негови / негови му / му
тя / таа неин (нейния, нейният) / нејзин(-иот) нейна / нејзина нейно / нејзино нейни / нејзини ѝ / ѝ
то / тоа негов (неговия, неговият) / негов(-иот) негова / негова негово / негово негови / негови му / му
Ние / Ние наш (нашия, нашият) / наш(-иот) наша / наша наше / наше наши / наши ни / ни
Вие / Вие ваш (вашия, вашият) / ваш(-иот) ваша / ваша ваше / ваша ваши / ваши ви / ни
Те / Тие техен (техния, техният) / нивен(-иот) тяхна / нивна тяхно / нивно техни / нивни им / им
Възвр./Повр. свой (своя, своят) / свој(-от) своя / своја свое / свое свои / свои си / си
  • С двете ми деца (= С моите две деца) / Со моите две деца
  • Майка ѝ и брат ѝ (= нейната майка и нейния брат) / Мајка ѝ и брат ѝ

Повратни заменки

[уреди | уреди извор]
акузатив датив
целосна кратка целосна кратка
себе / себе се / се (на) себе / себе си / си

Некои примери за нивната употреба:

  • Питам се защо? / Се прашувам зошто?
  • Чудя се дали … / Се чудам дали …
  • Аз се казвам Y. / Јас се викам Y.
  • Ранната античност се дели на три периода: … / Раната антика се дели на три периоди: …
  • Казвам си: … / Си велам: …
  • Трябва да се снимаме за спомен / Треба да се сликаме за спомен.
  • и всички съставки се разбъркват добре / и добро се мешаат сите состојки

  • Момичето се мие на чешмата. / Девоjчето се мие на чешмата.
  • Случвало ли ти се е и на теб някога да …? / Ти се случило ли и на тебе некогаш да …?
  • Разбира се! / Се разбира!
  • Може да си играем с него. / Со него можеме да си играме.
  • Мия си косата. / Си ја мијам косата.
  • Измитите пиперки се режат на половина / Пиперките измиени се сечат на половина
  • Ако се вземе предвид, че / Ако се земе предвид дека

Други примери

[уреди | уреди извор]

  • кой / кој, коя / која, кое / кое, кои / кои;
  • чий / чиј, чия / чија, чие / чие, чии / чии;
  • какво / што; какъв / колкав; какъв / каков
  • някой / некој , никой / никој
  • всеки / секој , всички / сите

  • който / којшто
  • тоя(този) / тој, тая(тази) / таа, това / тоа, тия(тези) / тие. →(без просторно определување)
  • тоя(този) / овој, тая(тази) / оваа, това / ова, тия(тези) / овие →(блиски предмети)
  • оня(онзи) / оној, оная(онази) / онаа, онова / она, ония(онези) / оние →(пооддалечени предмети)

Според дефинициите на синтаксата, глаголот е поим што искажува дејство, процес или состојба. Во голем број од јазиците основната форма на глаголот е инфинитивот, но во бугарскиот, инфинитивот не постои. Наместо него се користи глаголската форма за прво лице во еднина. Главните карактеристики на глаголот се неговите граматички категории: времето, видот, начинот, залогот, лицето, родот и бројот. Во бугарскиот јазик има девет граматички времиња. Глаголите во бугарскиот јазик имаат два вида: свршен и несвршен. Покрај тоа, бугарскиот глагол има и три начина: исказен, заповеден и условен начин.

Времињата во бугарскиот јазик

[уреди | уреди извор]

Времето е граматичка категорија која се користи за да се искаже кога се случило едно дејство. Во бугарскиот јазик има девет граматички времиња. Повеќето се слични на македонските, но има и некои разлики.

За образување на времињата се употребуваат глаголи од свршен вид и од несвршен вид.

Време несвршен вид свршен вид несвршен вид
Сегашно време четá прочетá прочѝтам
Минато определено свршено време четох прочетох прочитах
Минато определено несвршено време четях прочетях прочитах
Минато неопределено свршено/несвршено време чел съм прочел съм прочитал съм
Предминато време бях чел бях прочел бях прочитал
Идно време ще чета ще прочета ще прочитам
Минато идно време щях да чета щях да прочета щях да прочитам
Предидно време ще съм чел ще съм прочел ще съм прочитал
Предидно минато време щях да съм чел щях да съм прочел щях да съм прочитал

Сегашно време

[уреди | уреди извор]

Сегашното време е глаголско време кое се користи за изразување на сегашни дејства. Формите на сегашното време се образуваат со додавање соодветни суфикси на коренот на глаголот.

Постојат некои неправилни глаголи (съм/сум). Некои примери за формата на сегашното време:

съм бъда мога имам нямам пиша говоря искам отварям (из-)ползвам
Аз / Јас съм / сум бъда / бидам мога / можам имам / имам нямам* / немам пиша / пишувам говоря / говорам искам* / сакам отварям / отворам (из-)ползвам / користам
Ти / Ти си/ си бъдеш / бидеш можеш / можеш имаш / имаш нямаш / немаш пишеш / пишуваш говориш / говориш искаш / сакаш отваряш / отвораш (из-)ползваш / користиш
Той, тя, то / Тој, таа, тоа е / е бъде / биде може/ може има / има няма / нема пише / пишува говори / говори иска / сака отваря / отвора (из-)ползва / користи
Ние / Ние сме / сме бъдем / бидеме можем / можеме имаме / имаме нямаме / немаме пишем / пишуваме говорим / говориме искаме / сакаме отваряме / отвораме (из-)ползваме / користиме
Вие / Вие сте / сте бъдете / бидете можете / можете имате / имате нямате / немате пишете / пишувате говорите / говорите искате / сакате отваряте / отворате (из-)ползвате / користите
Те / Тие са / се бъдат / бидат могат / можат имат / имаат нямат / немаат пишат / пишуваат говорят / говорат искат / сакаат отварят / отвораат (из-)ползват / користат

* Во некои бугарски дијалекти се користи „немам“, „сакам“. Во трето лице множина формите се „немат“ и „сакат.“

Основното значење на сегашното време во бугарскиот јазик е да означува дејство што се совпаѓа со времето на зборувањето - сегашноста. Исто така тоа означува состојба, повторливо дејствие, случка во блиска иднина.

Во стандардниот јазик наставката за прво лице во множина е -им, -ем, ако формата за прво лице (еднина) не завршува на -ам. Туку во некои диjалекти и во разговорниот стил често се користи -име, -еме: „Ние носиме“ наместо „Ние носим“. Тоа е покажано во табелата подолу:

Деклинацијата на некои глаголи изгледа вака:

а-раздел
гледам / гледа
и-раздел
нося / носи
е-раздел
ям / јаде
Аз / Јас гледам / гледам нося / носам ям / јадам
Ти / Ти гледаш / гледаш носиш / носиш ядеш / јадеш
Той, тя, то / Тој, таа, тоа гледа / гледа носи / носи яде / јаде
Ние / Ние гледаме / гледаме носим(е) / носиме ядем(е) / јадеме
Вие / Вие гледате / гледате носите / носите ядете / јадете
Те / Тие гледат / гледаат носят / носат ядат / јадат

Примери за некои од употребите на сегашното време:

Аз ям хляб / Јас јадам леб.
Докато той яде, ти чисти стаята. / Додека тој јаде, ти чисти ја собата.
Автобусът за Скопие тръгва в 5 часа./ Автобусот за Скопје тргнува во 5 часот.
Ако нагрееш водата, тя ври (кипи). / Ако ја грееш водата, таа врие.
Аз гледам всеки ден сериен филм. / Секој ден јас гледам сериски филм.
Част от С. остава без вода за пиене. / Дел од С. останува без вода за пиење.
Бензините поскъпват, цената на дизела остава същата. / Поскапуваат бензините, цената на нафтата останува иста.

Минато определено свршено време

[уреди | уреди извор]

Граматичко време кое бугарскиот јазик го користи за искажување на минато, завршено и заокружено дејство. За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид и од несвршен вид.

Кај некои бугарски дијалекти „х“ не се изговара или станува „ф“. (Истото важи не само за глаголите.)

а - глаголска група
прочита
и - глаголска група
и-раздел: прати
и - глаголска група
е-раздел: оздрави
и - глаголска група
а-раздел: издржи
Јас прочетох / прочитав пратих / пратив оздравях / оздравев издържах / издржав
Ти прочете / прочита прати / прати оздравя / оздраве издържа / издржа
Тој, таа, тоа прочете / прочита прати / прати оздравя / оздраве издържа / издржа
Ние прочетохме / прочитавме пратихме / пративме оздравяхме / оздравевме издържахме / издржавме
Вие прочетохте / прочитавте пратихте / пративте оздравяхте / оздравевте издържахте / издржавте
Тие прочетоха / прочитаа пратиха / пратија оздравяха / оздравеа издържаха / издржаа
е - глаголска група
а-раздел: стане
е - глаголска група
е-раздел: сотре
е - глаголска група
о-раздел: дојде
е - глаголска група
раздел без самогласка: измие
Јас станах / станав унищожих* / сотрев дойдох / дојдов измих / измив
Ти стана / стана унищожи / сотре дойде / дојде изми / изми
Тој, таа, тоа стана / стана унищожи / сотре дойде / дојде изми / изми
Ние станахме / станавме унищожихме / сотревме дойдохме / дојдовме измихме / измивме
Вие станахте / станавте унищожихте / сотревте дойдохте / дојдовте измихте / измивте
Тие станаха / станаа унищожиха / сотреа дойдоха / дојдоа измиха / измија

* Во разговорниот стил и дијалектите се користи например „затрия“: аз затрих, … той затри

  • Погледнах към него. / Погледнав кон него.
  • Построиха къщата за шест месеца. / Куќата ја изградија за шест месеци.
  • Три дни лежах болен. / Три дни лежев болен.
  • Една вечер спах отвън. / Една вечер спиев надвор.
  • Половин С. остана без ток. / Пола С. остана без струја.

Минато определено несвршено време

[уреди | уреди извор]

Минатото определено несвршено време се користи за искажување на засведочено дејство во одвивање или во траење. За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид и од несвршен вид.

а - глаголска група и - глаголска група е - глаголска група
Јас бях / бев гледах / гледав ловях / ловев ядях / јадев
Ти беше / беше гледаше / гледаше ловеше / ловеше ядеше / јадеше
Тој, таа, тоа беше / беше гледаше / гледаше ловеше / ловеше ядеше / јадеше
Ние бяхме / бевме гледахме / гледавме ловяхме / ловевме ядяхме / јадевме
Вие бяхте / бевте гледахте / гледавте ловяхте / ловевте ядяхте / јадевте
Тие бяха / беа гледаха / гледаа ловяха / ловеа ядяха / јадеа
  • Всички бяха доволни. / Сите беа задоволни.
  • Той беше млад. / Тоj беше млад.
  • Всичко беше напразно. / Се беше напразно.
  • Бях ужасно разочарован! / Бев ужасно разочаран!
  • По-старите (по-възрастните) хора оставаха вкъщи (у дома). / Постарите луѓе остануваа дома.

Минато неопределено свршено/несвршено време

[уреди | уреди извор]

Минато неопределено време е сложена глаголска форма во бугарскиот јазик со која се искажува прекажано дејство и дејство кое се кажува директно. Во лингвистиката ова време се нарекува перфект.

За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид и од несвршен вид. Ова време се образува со помошниот глагол „сум“ и глаголската л-форма. Македонската глаголска форма „има-конструкција“ не е типична за бугарскиот јазик.

а - раздел
прочита
и - раздел
износи
е - раздел
испее
Јас съм бил(-а,-о) / сум бил(-а,-о) съм прочел / сум прочитал съм износил / сум износил съм изпял / сум испеал
Ти си бил / си бил си прочел / си прочитал си износил / си износил си изпял / си испеал
Тој
Таа
Тоа
е бил / бил е прочел / прочитал
е прочела / прочитала
е прочело / прочитало
е износил / износил
е износила / износила
е износило / износило
е изпял / испеал
е изпяла / испеала
е изпяло / испеало
Ние сме били / сме биле сме прочели / сме прочитале сме износили / сме износиле сме изпяли / сме испеале
Вие сте били / сте биле сте прочели / сте прочитале сте износили / сте износиле сте изпяли / сте испеале
Тие са били / биле са прочели / прочитале са износили / износиле са изпяли / испеале
  • Никога не съм бил в Лондон. / Никогаш не сум бил во Лондон.
  • Той ми каза, че никога не сте яли пица. / Тој ми рече дека никогаш не сте јаделе пица.
  • Много си пораснала. / Многу си пораснала.
  • Сигурно вече е изпил млякото. / Сигурно веќе го испил млекото.
  • Той е бил първи. / Тој бил прв.
  • Голяма част от Х. останал снощи без ток. / Голем дел од Х. останал синоќа без струја

Идно време

[уреди | уреди извор]

Идното време во се користи за искажување на идно дејство. Идното време во бугарскиот јазик се образува со честичката „ще“ и со глаголот што се менува. Глаголот ги зема соодветните форми од сегашното време.

Одречните форми на идното време се образуваат со „не ще“ или со „няма да“.

Кај некои дијалекти за образување на идното време се користат честичките „ше“, „же“, „че“ и „ке“.

игра носи везе
Јас ще съм /ќе сум ще бъда /ќе бидам ще играя / ќе играм ще нося / ќе носам ще бродирам (везя) / ќе везам
Ти ще си / ќе си ще бъдеш /ќе бидеш ще играеш / ќе играш ще носиш / ќе носиш ще бродираш (везеш) / ќе везеш
Тој, таа, тоа ще е / ќе е ще бъде /ќе биде ще играе / ќе игра ще носи / ќе носи ще бродира (везе) / ќе везе
Ние ще сме /ќе сме ще бъдем /ќе бидеме ще играем / ќе играме ще носим / ќе носиме ще бродираме (везем)/ ќе веземе
Вие ще сте /ќе сте ще бъдете /ќе бидете ще играете / ќе играте ще носите / ќе носите ще бродирате (везете)/ ќе везете
Тие ще са / ќе се ще бъдат /ќе бидат ще играят / ќе играат ще носят / ќе носат ще бродират (везат) / ќе везат
  • Марко ще ходи в Охрид. / Марко ќе оди во Охрид.
  • Преди една седмица ми казаха, че Мария ще ходи в Охрид. / Пред една недела ми кажаа дека Марија ќе оди во Охрид.
  • … ще бъда вечно твоя. / … вечно твоја ќе бидам.
  • Каквото посееш, това ще пожънеш / Што ќе посееш, тоа ќе жнееш.
  • Цените на апртаментите ще започнат да намаляват / цените на становите ќе почнат да се намалуваат
  • Без електрическа енергия утре ще останат част от потребителите в … . / Утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во … .

Предминато време

[уреди | уреди извор]

Предминатото време се користи за дејствија кои се случиле пред друго минато дејствие. Формите на предминатото време јазик се образуваат со употреба на сум конструкцијата во минато време и со глаголската л-форма.

прочита прати излезе
Јас бях прочел / бев прочитал бях пратил / бев пратил бях излязъл / бев излегол
Ти беше прочел / беше прочитал беше пратил / беше пратил беше излязъл / беше излегол
Тој, таа, тоа беше прочел(а,о) / беше прочитал (а)* беше пратил(а,о) / беше пратил (а)* беше излязъл (излязла,излязло) / беше излегол (излегла)*
Ние бяхме прочели / бевме прочитале бяхме пратили / бевме пратиле бяхме излезли / бевме излегле
Вие бяхте прочели / бевте прочитале бяхте пратили / бевте пратиле бяхте излезли / бевте излегле
Тие бяха прочели / беа прочитале бяха пратили / беа пратиле бяха излезли / беа излегле
  • Когато ги потърсихме, те вече бяха излезли от къщи. / Кога ги побаравме, тие веќе беа излегле од дома.
  • Беше се облякъл като за сватба. / Беше се облекол како за на свадба
  • Беше останал безмълвен (без думи) още като … / Беше останал без зборови уште откако …

Минато-идно време

[уреди | уреди извор]

Минатото-идно време се користи за изразување на идност која не следува по моментот на зборувањето (сегашноста), туку по некој друг минат момент. Со други зборови, во моментот на соопштувањето на времето тоа е минато, а е идно во однос на друго минато дејство, бидејќи следува по него. Минатото-идно време се образува со ставање на помошниот глагол „ща“ (во минато време) пред глаголот. Глаголот кој следи по „ща“ е во сегашно време.

вика крои пече
Јас щях да викам/ ќе викав щях да кроя/ќе кроев щях да пека/ќе печев
Ти щеше да викаш/ќе викаше щеше да кроиш/ ќе кроеше щеше да печеш/ќе печеше
Тој, таа, тоа щеше да вика/ќе викаше щеше да крои/ќе кроеше щеше да пече/ќе печеше
Ние щяхме да викаме/ќе викавме щяхме да кроим/ќе кроевме щяхме да печем/ќе печевме
Вие щяхте да викате/ќе викавте щяхте да кроите/ќе кроевте щяхте да печете/ќе печевте
Тие щяха да викат /ќе викаа щяха да кроят/ќе кроеја щяха да пекат/ќе печеа
  • Щях да ходя още вчера до Охрид, но колата ми е повредена. / Ќе одев уште утре за Охрид, но колата ми е расипана.
  • Щях да падна, но ти ме хвана. / Ќе паднев, но ти ме фати.
  • Нямаше да ... / не ќе ...
  • Ако всички автомобили бяха електрически, щяхме да останем без ток през лятото. / Ако сите автомобили беа електрични, ќе останевме без струја во текот на летото.

Предидно време

[уреди | уреди извор]

Предидно време („Бъдеще предварително време“) нема директен еквивалент во македонскиот јазик. Ова време се формира со честичката „ще“ со кое се искажува идноста на времето и минато неопределено време на глаголот. По форма тоа е слично на македонското идно прекажано време, но има друго значење.

Поимот „Бъдеще предварително време“ може да се преведе како „идно свршено време“ или „предидно време“. Се користи за дејство кое ќе се заврши некогаш во иднината пред друго дејство во иднината.

чека носи каже
Јас ще съм чакал / ќе сум чекал ще съм носил / ќе сум носел ще съм казал / ќе сум кажел
Ти ще си чакал / ќе си чекал ще си носил / ќе си носел ще си казал / ќе си кажел
Тој, таа, тоа ще е чакал(а,о) / ќе чекал (а)* ще е носил(а,о) / ќе носел (а)* ще е казал(а,о) / ќе кажел (а)*
Ние ще сме чакали / ќе сме чекале ще сме носили / ќе сме носеле ще сме казали / ќе сме кажеле
Вие ще сте чакали / ќе сте чекале ще сте носили / ќе сте носеле ще сте казали / ќе сте кажеле
Тие ще са чакали / ќе чекале ще са носили / ќе носеле ще са казали / ќе кажеле
  • Когато дойдеш утре, вече ще съм дошъл. / Кога ќе дојдеш утре, веќе ќе бидам дојден.
  • След един месец всичко ще е свършило. / За еден месец, се ќе биде готово.
  • До утре ще е останал без пари в кръчмата. / До утре ќе остане без пари во крчмата.
  • Идно прекажано време „ќе + сум + ...-л“ одговара на бугарското „щял да + глагол“ (буг.:Преизказно наклонение/прекажан начин [5])
  • За малко щял да остане без един пръст. / За малку ќе останел без еден прст.


Заповеден начин

[уреди | уреди извор]

Основна функција на заповедните форми во бугарскиот јазик се давање заповед или наредба. Заповедниот начин има форми само за второ лице еднина и множина. Се образува со наставките , (еднина) и -йте, -те (множина).

Заповеден начин:

  • гледам / гледа - гледай / гледај, пия / пие - пийте / пијте, стои / стои - стой / стој
  • казвам / каже - кажи / кажи, мълча / молчи - мълчете / молчете
  • чети / читај - пей / пеј - учи / учи - мисли / мисли - работи / работи
  • четете / читајте - пейте / пејте - учете / учете - мислете / мислете - работете / работете

  • Два пъти мери, един път режи. / Двапати мери, еднаш сечи.
  • Иди и подреди стаята. / Оди и среди ја собата!
  • Загрейте фурната на 180 °C / Загрејте ја рерната на 180 °C.
  • Поставете сместа в съд / Ставете ја смесата во сад
  • Остани тук(а)! / Остани тука!

Индиректната заповед се образува со „да“ и „нека (да)“ + сегашно време од глаголот.

  • Нека купи крушки (лампи) в магазина. / Нека купи светилки во продавницата!
  • (Той) да дойде! / Тоj да доjде!

При искажување на заповеден начин со негативно значење, тогаш се употребуваат зборовите „не“ или „недей“ + да конструкцијата.

  • не ходи / не оди, недей да ходиш / немој да одиш
  • Не убивай! / Не убивај!
  • Не кради! / Не кради!
  • Не пожелавай жената на ближния си и не пожелавай дома на ближния си, нито нивата му, нито роба му, ни робинята му, ни каруцата му, ни осела му, (нито никакъв негов добитък) нито нещо друго, което е на ближния ти. / Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.
  • Не оставай до късно! / Не останувај до доцна!

Можен начин

[уреди | уреди извор]

Можниот начин искажува глаголско дејство за кое се претполага дека е можно да се изврши под некој услов. Се образува со бих, би, ... и глаголската л-форма. Во бугарскиот формите на „бих“ имаат лице и број (еднина или множина).

еднина множина
1. бих говорил / би зборувал бихме говорили / би зборувале
2. би говорил / би зборувал бихте говорили / би зборувале
3. би говорил(а,о) / би зборувал / -ла / -ло* биха говорили / би зборувале
  • Бих казал, че е така / Би рекол дека е така.
  • На твое място бих взел парите. / Да сум на твое место, би ги зел парите.
  • Бихме останали, но ... / Би останале, но

Глаголска именка

[уреди | уреди извор]

Во бугарскиот јазик глаголската именка се образува од глаголи со додавање на наставките -не, -ние. Таа има еднина и множина и се членува.

  • гледам - гледане / гледа - гледање
  • викам - викане / вика - викање
  • мия - миене / мие - миење
  • кося - косене / коси - косење
  • оставам - оставане / останувам - останување

  • възпитавам - възпитание / воспитува - воспитување
  • решавам - решение / решава - решение
  • ядене / јадење
  • пиене / пиење.

Глаголски прилог

[уреди | уреди извор]

Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со додавање на наставката -йки. Глаголскиот прилог е неменлива глаголска форма.

  • гледайки / гледајќи
  • носейки / носејќи
  • миейки / миејќи

  • Гледайки те тъжен, обмислям как да ти помогна. / Гледајќи те тажен, размислував како да ти помогнам
  • Отивайки на работа, Бобан видял фойерверки. / Одејќи на работа, Бобан видел огномет
  • Оставайки верни на ... / Останувајќи верни на

Да-конструкциja

[уреди | уреди извор]

Во бугарскиот јазик постои таканаречената „да-конструкциja“. Оваа се образува со честичката „да“ и некој глагол, кој најчесто е во сегашно време. Да-конструкцијата може да ги има едно од следните значења: заповед, желба и здравица, клетва:

  • Веднага да ми донесеш кафе! / Одма да ми донесеш кафе!
  • Да си жив и здрав! / Да си жив и здрав!
  • Искам да спра (престана) да пуша. / Сакам да престанам да пушам.
  • Може да остане при мен(е). / Може да остане кај мене.

Модални глаголи

[уреди | уреди извор]

Модалниот глагол означува можност, желба, потреба, неизвесност, способност или дозвола. Во модалните глаголи спаѓаат следниве глаголи: мога / може, трябва / (мора,треба) , искам / сака. Тие се користат со втори глагол во да-конструкција.

мога искам трябва
Аз / Јас мога/ можам искам* / сакам трябва / треба
Ти / Ти можеш / можеш искаш / сакаш трябва / треба
Той, тя, то / Тој, таа, тоа може / може иска / сака трябва / треба
Ние / Ние можем / можеме искаме / сакаме трябва / треба
Вие / Вие можете / можете искате / сакате трябва / треба
Те / Тие могат / можат искат / сакаат трябва / треба

* Во некои бугарски дијалекти се користи „сакам“. Во трето лице множина формата е „сакат.“

„Мога“ / може изразува возможност, давање дозвола, способност.

  • Може да няма ... / може да нема ...
  • Може ли да кажа нещо? / Може нешто да кажам?
  • Никой не може да ме убеди, че ... / не може никој да ме убеди дека ...
  • Как може да няма? / Како може да нема?
  • Не може така. / Не може така.

Како модален се јавува и глаголот „трябва“ / треба, кој е безличен и се јавува само во трето лице еднина. „Трябва“ изразува дека е потребност или веројатност.

  • Вие трябва да познавате нашата история. / Вие треба да ја знаете нашата историја
  • Би трябвало да знаят. / Би требало да го знаат.
  • Аз трябва да дойда. / Јас треба да дојдам.
  • Трябва да четете повече. / Треба да читате повеќе.
  • Не трябва да се бърза. / Не треба да се брза.

„Трябва“ може да се преведе приближно и со „мора“ (изразува неопходност, убеденост).

  • Днес трябва да уча. / Денес морам да учам.
  • Трябва да дойда. / Јас морам да дојдам.

„Искам“ / сака изразува желба, потреба.

  • Той искаше да знае. / Тој сакаше да знае.
  • Искаме да бъдем ... / сакаме да бидеме ...
  • Искаше да каже нещо. / Сакаше да каже нешто.
  • Не смеем да бягаме от час. / Не смееме да бегаме од час;

Во бугарскиот јазик постојат активен и пасивен залог:

  • Костадин удари кучето. / Костадин го удри кучето.(активен залог; подмет е лицето што го врши дејството)
  • Кучето беше ударено от Костадин. / Кучето беше удрено од Костадин. (пасивен залог; подметот не го врши дејството, туку предметот)
  • Поканени сме на гости. / Поканети сме на гости. (пасивен залог)

Пасивниот залог се образува со помошниот глагол „съм“ / сум + минат пасивен партицип. Формите на партиципот се слични на македонската „глаголска придавка“ и се образуваат со наставките , и :

  • поканен / поканет
  • дран / дран
  • пран / пран
  • задържан / задржан
  • пълнен / полнет
  • купен / купен
  • ранѐн / ранет

  • донесен / донесен
  • нарязан / сечкан
  • забранен / забранет
  • убит / убиен
  • загрят / загреан
  • измит / измиен
  • пържен / пржен

Но во бугарскиот јазик пасивен партицип имаат само преодните глаголи*. Овој може да се користи и како придавка:

*Не може да се каже например „починат“, зошто би означувало ... со туѓа помош. Наместо тоа се користи глаголската л-форма: „починал“.

  • пълнени пиперки (чушки) / полнети пиперки
  • нарязани моркови / сечкани моркови

  • пържена риба в сос от / пржена риба во сос од
  • В загрята фурна на 180 градуса / Во загреана рерна на 180 степени

Придавки

[уреди | уреди извор]

Придавките се дел од говорот кои служат да го изменат на некој начин значењето на именката. Најчестите придавки се описните кои се користат за опишување на некој предмет или лице. Во бугарскиот јазик, придавките имаат три рода (машки, среден и женски) и два броја (еднина и множина). Се согласуваат по родот и бројот со именката на која се однесуваат. Придавките во бугарскиот јазик обично стојат пред именката која тие ја менуваат.

  • добър / добар, добра / добра, добро / добро, добри / добри
  • голям (голяма, голямо, големи)/ голем
  • малък (малка, малко, малки) / мал
  • бял (бяла, бяло, бели) / бел
  • зелен / зелен
  • сладък / сладок
  • вълнени / волнени
  • детски / детски
  • хубав / убав

  • такъв / таков, такава / таква, такова / такво; такива / такви
  • какъв / каков, каква / каква, какво / какво; какви / какви;
  • онакъв / онаков, онакава / онаква, онакова / онакво; онакива / онакви;
  • всякакъв / секаков, всякаква / секаква, всякакво / секакво; всякакви / секакви;
  • всичкия(целия) / сиот, всичка(цяла) / сета, всичко / сето; всички / сите;
  • сам / сам, сама / сама, само / само; сами / сами;
  • същ(и) / ист, съща / иста, също / исто; същи / исти;
  • друг / друг, друга / друга, друго / друго; други / други.

  • Също така ... / Исто така
  • В същото време ... / Во истото време

Образување

[уреди | уреди извор]

Дел од придавките се образуваат од други зборови со наставки. Некои примери се дадени подолу:

1. Образување од именки

Овој вид на придавки се добиени од именки.

  • -ов/ -ев (ябълков / јаболков);
  • -ски/ -шки/ -чки (свински / свински, морски / морски, човешки / човечки);
  • -ен (дървен / дрвен, златен / златен, устен / устен, тиквен / тиквешки);
  • -ин (лелин / теткин);
  • -и,-е (птичи(птиче) / птичји, краве / кравји)
  • -ав (крастав / крастав)

2. Од глаголи

  • -н/ -т (плетен / плетен, заразен / заразен, обут / обуен, печен / печен, сушен / сушен, вдигнат / кренат); (партицип)
  • -лив (предвидлив / предвидлив, миризлив / миризлив);
  • -телен (растителен / растителен, задължителен / задолжителен).

3. Од други придавки

  • -кав (жълтеникав / жолтеникав);
  • -ичък (слабичък / слабичок, дребничък / малечок);

4. Од прилози

  • -ен/ -шен (долен / долен, тукашен / овдешен).

5. Од бројни основи

  • -ен (двоен / двоен, троен / троен)
  • -ти (пети / петти);
  • -ичен (първичен / првичен, вторичен / вторичен).

  • ... но много видове от другите семейства също така се наричат „крастави жаби“. / ...но многу видови од другите семејства исто така се нарекуваат „крастави жаби“.
  • Кашкавалът е ... съответно жълто твърдо сирене, което може да бъде овче, краве или от коза. / Кашкавалот е ..., соодветно жолто тврдо сирење кое може да биде овчо, кравјо или козјо

Степенување

[уреди | уреди извор]

Постојат три степени на компарација: позитивна, компаративна и суперлативна форма. Во бугарскиот јазик меѓу честичките („по“, „най“) и придавката се пишува црта.

Степенување на придавки:

  1. Моята книга е интересна / Мојата книга е интересна.
  2. Моята книга е по-интересна от твоята / Мојата книга е поинтересна од твојата.
  3. Моята книга е най-интересна / Мојата книга е најинтересна.

(И) Во бугарскиот јазик придавката „много“ / „многу“ е неправилна:

  1. много / многу
  2. повече / повеќе
  3. най-много / најмногу

Некои примери:

  • много повече / многу повеќе
  • много по-малък брой хора / многу помал број луѓе
  • още по-лесно и по-бързо / уште полесно и побрзо
  • Най-добрата рецепта за мекици / Најубавиот рецепт за мекици

  • Коя от коя по-хубава / Која од која поубава
  • Кучето е най-добрия приятел на човека / кучето е најдобриот пријател на човекот
  • най-малко 50 процента от / најмалку 50 проценти од

Броеви во бугарскиот јазик се зборови со кои се означува количеството на предметите. Броевите имаат три рода (машки, женски и среден) и можат да се членуваат. Членувањето на броевите зависи од родот на именката. Подолу се споредени бугарските и македонските броеви:

симбол број
(м.р.)
број
(ж.р.)
број
(с.р.)
0 нула / нула нула / нула нула / нула
1 един / еден една / една едно / едно
2 два / два две / две две / две
3 три / три три / три три / три
4 четири / четири четири / четири четири / четири
5 пет / пет пет / пет пет / пет
6 шест / шест шест / шест шест / шест
7 седем / седум седем / седум седем / седум
8 осем / осум осем / осум осем / осум
9 девет / девет девет / девет девет / девет
10 десет / десет десет / десет десет / десет

симбол реден број
(м.р.)
реден број
(ж.р.)
реден број
(с.р.)
0. нулев / нулти нулева / нулта нулево / нулто
1 първи(пръв) / прв първа / прва първо / прво
2 втори / втор втора / втора второ / второ
3 трети / трет трета / трета трето / трето
4 четвърти / четврти четвърта / четврта четвърто / четврто
5 пети / петти пета / петта пето / петто
6 шести / шести шеста / шестта шесто / шесто
7 седми / седми седма / седма седмо / седмо
8 осми / осми осма / осма осмо / осмо
9 девети / деветти девета / деветта девето / деветто
10 десети / десетти десета / десетта десето / десетто

Некои примери за нивната употреба:

  • Нулева кръвна група / Нулта крвна група
  • Половината от маслото / половина од маслото
  • За първи път / За прв пат
  • Пръв сред равни / Прв меѓу еднаквите
  • Две дози ваксина / две дози вакцина
  • Баба за втори път / Баба по втор пат
  • Трите прасенца и вълкът / Трите прасиња и волкот
  • На седмото небе / На седмо небо

  • Снежанка и седемте джуджета / Снежана и седумте џуџиња
  • Котките имат девет живота / Мачките имаат девет животи
  • Деветият кръг на ада (пъкъла) / Деветтиот круг на пеколот
  • Беше осъден на десет години затвор / беше осуден на десет години затвор
  • Картофите се пекат около петнадесет минути / Компирите се печат околу петнаесет минути
  • петдесет и четири на сто от населението / 54 отсто од населението
  • Чантата струва сто евро / Чантата чини сто евра
  • Около петстотин хиляди души ще бъдат ваксинирани / Околу 500 илјади луѓе ќе бидат вакцинирани

Предлози

[уреди | уреди извор]

Значењата кои другите словенски јазици ги искажуваат со падеж, во бугарскиот се искажуваат преку предлози. Така на пример предлогот „на“ се користи често за искажување припадност (генитив) и дативен предмет. Предлогот „с“ (или „със“) често означува инструмент или средство (инструментал). Многу предлози имаат пространствено значење (локатив).

Некои примери за предлози во бугарскиот јазик се дадени подолу:

Без

  • без пари, крака, вода / без пари, нозе, вода
  • без да му мисли много / без да му мисли многу
  • без разлика (значение), дали / без разлика дали

В и във

Пред именки кои почнуваат на 'в' или 'ф' се користи формата „във“.

  • Живея в Македония / Живеам во Македонија, но: Живея във Франция
  • Във връзка с ... / Во врска с ...
  • Аз работя в събота / Јас работам во сабота
  • Предлозите в македонския език / Предлозите во македонскиот јазик
  • Сложете сместа в съд / Ставете ја смесата во сад
  • В някои случаи / во некои случаи


Вместо

  • Назначен си вместо нея / Ти си вработен место неа
  • В днешно време вместо азотен оксид се използва локална анестезия. / Денес, наместо азотен оксид се користи локална анестезија.

До

  • къщата до магазина / куќата до продавницата
  • до полунощ / до полноќ
  • близо до една река / близу до една река
  • до края на месец юли / до крајот на месец јули
  • цена от двеста и петдесет до триста евро / цена од 250 до 300 евра

За

  • за един ден / за еден ден
  • Той пише за Димитър Миладинов / Тој пишува за Димитар Миладинов
  • Рокля за двадесет евро / фустан од 20 евра
  • Става дума за тяхното здраве / станува збор за нивното здравје
  • Ще говорим за / Ќе зборуваме за
  • Рецепта за тесто / Рецепт за тесто
  • Око за око, зъб за зъб. / Око за око, заб за заб.
  • Пример за това са: ... / Пример за ова се: ...
  • За жалост / за жал

Зад

  • Той стоеше зад вратата / Тој стоеше зад вратата
  • Говори (ми) зад гърба. / Зборува зад грбот.


Заради

  • Заради теб(е) не победихме / Заради тебе не победивме

Като

  • Същият е като баща си / Тој е ист како татко му

Към

  • Иди към реката! / Оди кон реката!
  • Дългът към народа / Долгот кон народот
  • Към тях спадат: въглеродният диоксид ... / Во нив спаѓаат: јаглеродниот диоксид ...

Край и покрай

  • (по)край селото / (по)крај селото
  • Преминава покрай площада Сан (Свети) Марко / Поминува покрај плоштадот Свети Марко

Между

  • Между Струга и Дебър се намира село(то) Вевчани. / Меѓу Струга и Дебар се наоѓа селото Вевчани.
  • Нова година е между Коледа и Богоявление / Меѓу Божиќ и Водици е Нова Година
  • Между десет и петнадесет хиляди граждани / Помеѓу десет и петнаесет илјади граѓани

На

  • Казах (му) на ... / Му реков на ...
  • на южната стена / на јужниот ѕид
  • Майката на бебето / Мајката на бебето
  • На възраст тридесет и две години / на возраст од 32 години
  • Въпрос на време е / прашање на време е
  • На края на октомври / На крајот од октомври
  • Начин на приготвяне: / Начин на приготвување:

Над

  • Над нас летяха орли / Орли летаа над нас
  • С население от над двадесет хиляди души (жители) / Со население од над 20 илјади жители
  • Населението над шестдесет и пет години / населението над 65 години

От

  • (Той) Излезе от къщи / Излезе од дома
  • Аз съм от Скопие / Јас сум од Скопје
  • Слезе от коня / Слезе од коњот
  • Със скорост от сто километра в час / со брзина од 100 километри на час
  • От това тесто може да (на)правите мекици / Од ова тесто можете да правите мекици
  • 5 години по-млад от нея / 5 години помлад од неа
  • Чорба от праз (лук) / Чорба од праз

Пред(и)

  • Пред съществителни, които започват с 'в' или 'ф' / Пред именки кои почнуваат на 'в' или 'ф'
  • Още преди два века / уште пред два века
  • Преди всичко / Пред сѐ

С и със

Пред именки кои почнуваат на 'с' или 'з' се користи формата „със“.

  • Със скорост от / Со брзина од
  • С двете ми деца / Со моите две деца
  • Това няма връзка с / Тоа нема врска со
  • С търпение, влак, нож / Со стрпливост, воз, нож
  • Корабите с тежест над 25000 тона / Бродовите со тежина над 25.000 тони
  • Град(ушка) с големина на орех / Град со големина на орев
  • С 0,28 промила алкохол / со 0,28 промили алкохол
  • С дървена лъжица / со дрвена лажица
  • С оглед на това, че / со оглед на тоа што

Сврзници

[уреди | уреди извор]

Сврзниците се зборови кои поврзуваат зборови или пак реченици во составот на една сложена реченица:

  • Той каза (рече), че ще дойде. / Тој рече дека ќе дојде.
  • Аз дойдох, а той не дойде. / Јас дојдов, а тој не дојде.
  • Потърсих го, но (ама) не го намерих. / Јас го побарав, но (ама, туку, меѓутоа) не го најдов.
  • Той дойде (за) да ме види. / Тој дојде (за) да ме види.
  • Дойде човекът, когото видяхме вчера. / Дојде човекот што го видовме вчера.

  • Всичко е на ред, само че Петре се разболя. / Се е во ред, само Петре што се разболе.
  • Те отидоха и след пет минути се върнаха. / Тие отидоа и по пет минути се вратија.
  • Ще уча, ако ми купите велосипед. / ќе учам, ако ми купите велосипед.
  • Той не рече нищо, нито ме (по)пита. / Тој не рече ништо ниту ме праша.
  • Нека дойде или татко ти или майка ти. / Нека дојде или татко ти или мајка ти.

Синтакса

[уреди | уреди извор]

Синтаксата е дел од граматиката која се занимава со проучување на правилата според кои речениците се добиваат. Самата синтакса почнува со зборовите, потоа со комбинирање на повеќе зборови се добиваат зборовните групи. Со комбинирање на повеќе зборовни групи се добиваат прости реченици кои пак доведуваат до создавање на сложени реченици. Крајна цел е создавањето на врзан текст:

  • → вълнá
  • → голяма вълнá
  • → На крайбрежието на Охридското Езеро се забелязват големи вълни.
  • → Гледайки и фотографирайки от Самуиловата твърдина забелязах, че големи вълни се приближаваха към охридското крайбрежие.
  • → Едно утро реших да се изкача на Самуиловата твърдина и да направя снимки за не знам си кой път. Въпреки че ходенето по старите и отчасти стръмни улици е трудно, аз успях да се изкача. Гледайки и фотографирайки от Самуиловата твърдина забелязах, че големи вълни се приближаваха към охридското крайбрежие.

  • → бран
  • → голем бран
  • → На крајбрежјето на Охридското Езеро се забележуваат големи бранови.
  • → Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина, забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје.
  • → Едно утро решив да се искачам на Самоиловата тврдина и да сликам фотографии по не знам кој пат. Иако одењето по старите и делумно стрми улици е тешко јас успеав и се искачив. Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје.

Според нивната употреба, речениците во бугарскиот јазик може да бидат например:

Расказна реченица

Речениците со кои се соопштува нешто (се раскажува) се викаат расказни реченици. Зад овие реченици се пишува знакот точка.

  • Петре е отличен ученик.(Точка) / Петре е одличен ученик.(Точка)
  • Ние сме ученици от четвърти клас*. / Ние сме ученици во четврто одделение.

* Пред 1944 година се нарекува „отделение“.

Прашална реченица

Речениците со кои се прашува нешто се викаат прашални реченици. Зад овие реченици се пишува знакот прашалник. Се користат прашални заменски зборови или прашални честици (дали, ли).

  • Кой ученик е дежурен днес? (Питанка, въпросителен знак) / Коj ученик е дежурен денес? (Прашалник)
  • На колко години си? / Колку години имаш?
  • Защо се скарали Лиле и Цветанка? / Зошто Лиле и Цветанка се скарале?
  • Ходиш ли често на кино? / Одиш ли често во кино?
  • А имате ли ...? / А имате ли ...?
  • Носиш ли подарък? / Носиш ли подарок?
  • Харесва ли ти професията учител? / Ти се допаѓа ли професијата учител?
Извична реченица

Речениците со кои искажуваме заповед или желба се викаат извични реченици. Зад овие реченици се пишува знакот извичник.

  • Не говори високо! (Удивителна, възклицателна) / Не зборуваj гласно! (Извичник)
  • Честит рожден ден! / Среќен роденден!
  • Честита нова година! / Среќна Нова година!
  • През новата 20хх година ви пожелаваме много незабравими моменти на щастие, радост и успех заедно с най-близките ви. Честити празници! / Во Новата 20хх година ви посакуваме многу незаборавни моменти на среќа, радост и успех заедно со вашите најблиски. Среќни празници!

Споредбена лексикологија

[уреди | уреди извор]

Лексиката на бугарскиот јазик има многу сличности со оние на српскиот и македонскиот јазик. Сите три јазици се дел од јужнословенските јазици и имаат заедничко потекло. Големиот број сличности и заеднички зборови се објаснува со нивното потекло од заедничкиот прајазик и со заедничкиот живот в минатото. Од друга страна, разликите меѓу јазиците се должат на нивниот посебен и самостоен историски развиток:

  • Општословенска лексика, предмети, поими или односи во секојдневниот живот (кои постоеле во далечното минато) Некои од зборовите речиси се исти во сите словенски јазици а некои се разликуваат, пред сѐ поради историски промени во изговорот, на пример: майка/мајка, сестра, брат, вятър/ветар, слънце/сонце, дърво/дрво, липа, мед, сила, нос, добитък/добиток, овца, риба, квачка, яйце/јајце, нива, оран(е)/орање, сън/сон, свещ/свеќа, звяр/ѕвер, между/меѓу, цвят/цвет, нощ/ноќ. Некои зборови кои во бугарскиот имаат едно значење, во македонскиот имаат друго: вреден/штетен - ценен (на стойност)/вреден; почетен / почесен - начален / почетен ; намерен / најден - умишлен / намерен

Добар дел од турцизмите се (намерно) заменети, не се веќе во употреба или се користат ретко или само во некои дијалекти: бакър(=мед)/бакар, челик(=стомана), шекер(=захар), самун/сомун, долап, дувар, зейтин/зејтин, дередже/дереџе. Затоа честопати во бугарскиот за еден поим постојат неколку зборови, например: шише (тур.) и бутилка (рус.); креват и легло; байрак, знаме и флаг; перде и завеса; куршум и патрон; чакъл/чакал и баластра; ченгел и кука; калъп, форма и шаблон;

Подолу се споредени некои зборови и текстови:

Бугарски јазик Руски јазик Македонски јазик Хрватски јазик Српски јазик
Сравнение Сравнение/Сравнивание Споредба Usporedba Поређење
Европа Европа Европа Europa Европа
Холандия Голландия Холандија Nizozemska Холандија
Италианци Итальянцы Италијанци Talijani Италијанци
Вселена Вселенная Вселена Svemir Васиона
Гръбнак Позвоночник ’Рбет Kralježnica Кичма
Въздух Воздух Воздух Zrak Ваздух
Образование Образование Образование Odgoj Васпитање
Седмица Неделя Седмица Tjedan Седмица
История История Историја Povijest Историја
Панталони Брюки Панталони Hlače Панталоне
Корем/Стомах* Живот/Желудок Стомак Trbuh Стомак
Наука Наука Наука Znanost Наука
Лично Лично(е) Лично Osobno Лично
Личност/Особа Личность Личност Osoba Лице
Обединени нации Объединённые Нации Обединети нации Ujedinjeni Narodi Уједињене Нације
Хляб Хлеб Леб Kruh Хлеб
Изкуствено Искусственно Вештачко Umjetno Вештачки
Кръст Крест Крст Križ Крст
Демокрация Демократия Демократија Demokracija Демократија
Съзнание Сознание Сознание Spoznaja Сазнање
Остров Остров Остров Otok Острво
Офицер Офицер Офицер Časnik Официр
Пътен транспорт Дорожный транспорт Патен сообраќај Cestovni promet Друмски саобраћај
Автомагистрала Автомагистраль Автопат Autocesta Аутопут
Дължина Длина Должина Duljina Дужина
Сдружение Объединение Здружение Udruga Удружење
Фабрика Фабрика/Завод Фабрика Tvornica Фабрика
Общо Всего/Общего Општо Opće Опште
Христос Христос Христос Krist Христoс
Извинете Извините/Простите Извини Oprosti Извини
География География Географија Zemljopis Географија
Януари Январь Јануари Siječanj Јануар
Паспорт Паспорт Пасош Putovnica Пасош
Пенсионери Пенсионеры Пензионери Umirovljenici Пензионери
Съвет за сигурност Совет Безопасности Совет за безбедност Vijeće sigurnosti Савет безбедности
Външно Внешно/Иностранно Надворешно Vanjski Спољашњи
Собствено Собственное Сопствено Vlastito Сопствено
Ниво Уровень Ниво Razina Ниво
Печат Печать/Штамп Печат Tisak Штампа
Работник Работник/Рабочий Работник Djelatnik Радник
Декада, век, милениум Декада, век, миллениум Декада, век, милениум Desetljeće stoljeće tisućljeće Деценија, век, миленијум
Съобщение Сообщение/Послание Соопштение Priopćenje Саопштење
Книжовна форма на майчиния език (Стандарт родного языка) Стандард на мајчиниот јазик Materinski jezični standard Матерњи језички стандард

* Користи се и „Търбух“ со значење: Стомак на змеј, лаком човек или изедник

Но исто така, иако бугарскиот јазик е јужнословенски јазик, тој исто така има и источнословенско влијание, во споредба со другите јужнословенски јазици. Подетално, бугарскиот јазик се разликува со другите јужнословенски јазици затоа што има позајмено доста зборови од рускиот јазик (воена, научно-текничка, правна, граматичка и др. терминологиjа). На пример:

Бугарски јазик Руски јазик Македонски јазик Хрватски јазик Српски јазик
Въпрос/Питане Вопрос Прашање Pitanje Питање
Герой Герой Херој Heroj Херој
Получава* Получать Добива Dobiva Добија
Езичество/Паганизъм Язычество Паганство Poganstvo Паганизам
Упражнение Упражнение Вежба Vježba Вежба
Изобретател Изобретатель Пронаоѓач Nalazač Налазач
Командировка/Служебно пътуване Командировка Службен пат Službeni put/poslovni put Службени пут/пословни пут
Мероприятие Мероприятие Приредба Izvođenje Извођење
Мишена/Цел Мишень Мета Meta Мета
Почти/(кажи-речи) Почти Речиси/скоро Skoro Скоро
Справочник/(Понекогаш: Упътване) Справочник Упатство Uputa Упутство
Военнопленници Военнопленники (Воени) Заробеници Zarobljenici (Ратни) Заробљени
Скоб(к)и Скобки Загради Zagrade Заграде
Запетая Запятая Запирка Zarez Зарез
Сражение/Битка Сражение Судар Sudar Судар
Туземци Туземцы Домородци Domorodački narod Урођеничко становништво
Ухажор Ухажëр Додворувач Udvarač Удварач
Полезни изкопаеми/Руда Полезные ископаемые Руда Ore Оре
Подходящ Подходящий Соодветен Погодан Prikladan
Кавички Кавычки Наводници Citati Цитати
Обида Обида Навреда Увреда Uvreda
Невежество/Незнание** Невежество Неукост Neznanje Незнање
Паметник Памятник Споменик Spomenik Споменик
Потребители Потребители Потрошувачи/Корисници Potrošači Потрошачи
Препятствия Препятствия Препреки Prepreke Препреке
Противогаз/(Защитна маска) Противогаз Заштитна маска Zaštitna maska Заштитна маска
Бельo/(Долно облекло) Бельë Долна облека Donje rublje Доње рубље
Смекчаващи обстоятелства Смягчающие обстоятельства Олеснителни околности Olakotne okolnosti Олакшавајуће околности
Подозрителен/Съмнителен Подозрительный/Сомнительный Сомнителен Sumnjiv Сумњив
Престъпление*** Преступление Злосторство Zločin Злочин
Юридическо/Правно Юридическое Правно Pravni Правни
Оборудване Оборудвание Опрема Oprema Опрема
Съществително (име) (Имя) существительное Именка Imenice Именица
Местоимение Местоимение Заменка Zamjenice Заменица
Деепричастие Деепричастие Глаголски прилог Glagolski prilog Глаголски прилог садашњи
Число**** Число Број Broj Број
Разделяй и владей Разделяй и властвуй Раздели па владеј Podijeli pa vladaj Завади па владај

* Во некои значења се користи и „добивам“:„Тук се добива руда.“

** Понекогаш се користи и „Неукост“ со аналогно значење

*** Зборот „злосторство“ постои, но се користи ретко и има различни нијанси на значење

**** Во некои значења се користи и „Брой“: „Колко ли са на брой?“

Член първи от „Декларацията за правата на човека“
Всички хора се раждат свободни и равни по достойнство и права. Те са надарени с разум и съвест и следва да се отнасят помежду си в дух на братство.
Член 2.
Всеки човек има право на всички права и свободи, провъзгласени в тази Декларация, без никакви различия, основани на раса, цвят на кожата, пол, език, религия, политически или други възгледи, национален или социален произход, материално, обществено или друго положение. Освен това, няма да се допускат никакви различия, основани на политическия, правния или международния статут на държавата или територията, към която човек принадлежи, без оглед на това, дали тази страна или територия е независима, под попечителство, несамоуправляваща се или подложена на каквото и да е друго ограничение на суверенитета.

Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Сите чoвeчки суштествa се рaѓaaт слoбодни и eднакви по достoинство и прaвa. Tиe се oбдарeни сo рaзум и сoвeст и трeбa да се однесувaaт eдeн кон друг во дуxoт на oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Член 2.
Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се: раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус. Натаму, нема да се зема предвид политичкиот, правниот или меѓународниот статус на земјата или територијата на која и припаѓа лицето, без разлика дали земјата е независна, под старателство, без самоуправна власт или под каков и да е друг облик на ограничување на нејзиниот суверенитет.

Члан 1. „Декларација о људским правима“
Cвa људскa бићa рaђajу се слoбодна и jeднакa у достojaнству и прaвимa. Она су oбдарeна рaзумoм и свeшћу и трeбajeдни прeмa другимa да поступajу у духу брaтствa.
Члaн 2.
Cвaкoм припaдajу свa прaвa и слoбoдe прoглaшeнe у oвoj Дeклaрaциjи бeз икaквих рaзликa у пoглeду рaсe, бoje, пoлa, jeзикa, вeрoиспoвeсти, пoлитичкoг или другoг мишљeњa, нaциoнaлнoг или друштвeнoг пoрeкла, имoвинe, рoђeњa или других oкoлнoсти. Дaљe, нeћe сe прaвити никaквa рaзликa нa oснoву пoлитичкoг, прaвнoг или мeђунaрoднoг стaтусa зeмљe или тeритoриje кojoj нeкo лицe припaдa, билo дajeoнa нeзaвиснa, под стaрaтeљствoм, нeсaмoупрaвнa, или дajojje сувeрeнoст нa мa кojи други нaчин oгрaничeнa.

Отче наш

Отче наш, Който си на небесата!
Да се свети Твоето име,
да дойде Твоето Царство,
да бъде Твоята воля,
както на небето, тъй и на земята;
насъщния ни хляб дай ни днес,
и прости нам дълговете ни,
както и ние прощаваме на нашите длъжници,
и не въведи нас в изкушение,
но избави ни от лукавия;
Амин.

Оче наш

Оче наш, кој си на небесата,
да се свети името Твое,
да дојде царството Твое,
да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
лебот наш насушен дај ни го денес
и прости ни ги долговите наши
како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
и не нè воведувај во искушение,
но избави нè од лукавиот.
Амин!

Оченаш

Оче наш, који си на небесима,
да се свети име Твоје,
да дође царство Твоје;
да буде воља твоја,
и на земљи као на небу.
Хљеб наш насушни дај нам данас,
и опрости нам дугове наше,
као што и ми опраштамо дужницима својим;
и не уведи нас у искушење,
но избави нас од злога.

Битие 11:

  1. А по цялата земя се употребяваше един език и един говор.
  2. И като потеглюваха човеците към изток, намериха поле в Сенаарската земя, гдето се и заселиха.
  3. И рекоха си един на друг: Елате, да направим тухли и да ги изпечем в огъня. Тухли употребяваха вместо камъни, а смола употребяваха вместо кал.
  4. И рекоха: Елате, да си съградим град, даже кула, чийто връх да стига до небето; и да си спечелим име, да не би да се разпръснем по лицето на цялата земя.
  5. А Господ слезе да види града и кулата, които градяха човеците.
  6. И рече Господ: Ето, едни люде са, и всички говорят един език; и това е което са почнали да правят; и не ще може вече да им се забрани, какво да било нещо, що биха намислили да направят.
  7. Елате да слезем, и там да разбъркаме езика им, тъй щото един други да не разбират езика си.
  8. Така Господ ги разпръсна от там по лицето на цялата земя; а те престанаха да градят града.
  9. За това той се наименува Вавилон, защото там Господ разбърка езика на цялата земя; и от там Господ ги разпръсна по лицето на цялата земя.

Битие 11:

  1. По целата земја имаше еден јазик и исти зборови.
  2. А кога луѓето се селеле од исток, најдоа рамнина во земјата Сенаар и се населија таму.
  3. И си рекоа меѓу себе: „Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!“ И користеа тули наместо камен и земјана смола наместо вар.
  4. Потоа рекоа: „Ајде да си соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по целата земја!“
  5. Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки.
  6. И рече Господ: „Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик; ова е само почеток на нивните настојувања. Нас­коро ќе прават сѐ што ќе наумат!
  7. Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!“
  8. И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот (и кулата).
  9. Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.

Постање 11:

  1. Сва је земља имала један језик и речи исте.
  2. Али како су се људи селили с истока, наиђу на једну долину у земљи Сенару, и ту се настане.
  3. Један другоме рече: Хајдемо правити опеке те их у ватри печемо!. Опеке им биле место камена, а Паклина им служила за малтер.
  4. Онда рекоше: Хајде да сазидамо град и кулу с врхом до неба! Прибавимо себи име, да се не распршимо по свој земљи!
  5. Господ се спусти да види град и кулу, што су га градили синови човечји.
  6. Господ рече: Збиља су један народ, с једним језиком за све! Ово је тек почетак њихових настојања. Сад им ништа неће бити неоствариво што год науме извести.
  7. Хајде да сиђемо и језик им побркамо, да један другоме језик не разуме.
  8. Тако их Господ расу оданде по свој земљи, те не сазидаше града.
  9. Стога му је име Бабел, јер је ондје Господ побркао говор свима у оном крају и оданде их Господ по свој земљи.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • П. Пашов(2005). Българска граматика. Издателска къща „Хермес“.
  • Ст. Стойков (2002). Българска диалектология. София: Акад. изд. "Проф. Марин Дринов“.
  • З. Бошковски, И. Каранфили (2009). Македонски јазик за четврто одделение. Скопје: Логос-А.
  • М. Леонтиќ (2018). Контрастивна граматика на турскиот и на македонскиот јазик. Штип.
  • Т. Бояджиев, И. Куцаров, Йо. Пенчев (1999). Съвременен български език. София:ИК Петър Берон.
  • И. Станојоски. ФОРМИТЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАЛНОСТА ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО БУГАРСКИОТ ЈАЗИК НИЗ ПРИЗМАТА НА БУГАРСКАТА ЛИНГВИСТИЧКА ТРАДИЦИЈА. KNOWLEDGE –International Journal Vol. 23.5 Budva, Montenegro, May, 2018
  1. Андрейчин, Л., Петя Асенова и др. Граматика на съвременния български книжовен език. Том II. Морфология. С., 1983, Издателство на БАН.
  2. https://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%B6%D0%B8_%D0%B8_%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%B6%D0%BD%D0%B8_%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%8A%D1%86%D0%B8_%D0%B2_%D0%B1%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%8F_%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D0%BA
  3. https://en.wiktionary.org/wiki/%D1%81%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC
  4. https://ibl.bas.bg/lib/ber_6/#page/266/mode/1up Račeva M., Todorov T., editor (2002), “сбогом”, in Български етимологичен речник [Bulgarian Etymological Dictionary] (in Bulgarian), volume 6, Sofia: Bulgarian Academy of Sciences, page 529
  5. https://www.slav.uni-sofia.bg/grammar/morf31.html

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]