Прејди на содржината

Граѓански и политички права

Од Википедија — слободната енциклопедија

Граѓански и политички права — група права и слободи кои ги штитат лицата од владината и државната моќ.

Особености

[уреди | уреди извор]

Во граѓанските и политичките права се вклучени:

  • Обезбедување на физичкиот интегритет и безбедност на луѓето.
  • Правда на физичките лица (праведност во судењето) во правото (како што се права на оптужениот, вклучувајќи ги и правата на праведно судење, навремен процес, правото да бара оштета или правен лек)
  • Заштита од дискриминација (врз основа на полот, религијата, расата, сексуалната ориентација итн.)
  • Индивудуална политичка слобода, каде се вклучуваат и правата на лицата (слобода за мисла и последица, слобода на говор и изразување, слобода на религија, слобода на печатот, слобода на движење) и правото да се учествува во граѓанското општество и политиката (слобода на припадност, право на собир, право да се поднесе молба, право на глас)

Граѓанските и политичките права се сметаат како човекови права. Во теоријата за трите генерации на човекови права. Граѓанските и политичките права се сметаа како првата генерација на права, од кои следат економските, социјалните и културните права и третата генерација права. Но не се сметаат сите граѓански и политички права како негативни права.

Гаранција на права

[уреди | уреди извор]

Граѓанските права биле првите права кои биле препознаени и кодифицирани. Во многу земји постојат уставни права кои се вклучени во повелба за правата или во документ со слична содржина. Тие права се дефинирани и во инструментот за меѓународни човекови права како што е Универзалната декларација за човекови права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Граѓанските и политичките права не мора да се кодифицирани за да се заштитат, иако многу демократии од целиот свет немаат формални пишни гаранции за граѓански и политички права. Граѓанските права често се сметаат за природни права. Томас Џеферсон во 1774 година во „Краток преглед на правата од Британска Америка“ напишал дека „слободните луѓе се повикуваат на нивните права како потекнуваат од правата на природат, а не како подарок на нивниот врховен судија.”

Обичаите исто така играт улога. Применетите права се права кои судовите можат да ги признаат како постоечки дури и ако не се загарантирани со пишани права или обичаи, како на пример правото на приватност во Соединетите Американски Држави. Прашањето за тоа на ко се однесуваат граѓанските и политички права е предмет на контраверзност. Во многу земји, граѓаните имаат поолема заштита против прекршување на правата отколку лицата кои не се граѓани на државата, додека во исто време, граѓанските и политичките права се сметаат како универзални кои се однесуваат на сите лица.

Кога граѓанските и политичките права не се загарантирани како дел од еднаквата заштита на правата може да следат социјални немири. Во изминатите 60 години движењата за граѓански права предивикале продолжување на граѓанските и политички права.

Проблеми и анализа

[уреди | уреди извор]

Често се подигнуваат прашања за граѓански и политички права. На пример, до кој степен треба владата да се вмешува за да се заштитат лицата од прекршување на нивните права од стрена на други лица или од страна на корпорации, на пример како треба да се реши проблемот со дискриминација на работното место во приватниот сектор?

Политичката теорија се справува со граѓански и политички права. Роберт Нозик и Џон Ролс искажуват спротивставени ставови во „Анархија, држава и утопија“ на Нозик и „Теорија на правдата“ на Ролс. Меѓу другите влијателни автори во оваа област се вбројуваат Весли Њуком Хофилд и Џин Едвард Смит.

Поврзано

[уреди | уреди извор]