Прејди на содржината

Гренада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Не ја поистоветувајте со градот Гранада. За други значења видете ја страницата за појаснување.
Grenada
Гренада
Податотека:Coat of Arms of Grenada.png
Знаме Грб
Гесло“Ever Conscious of God We Aspire, Build and Advance as One People”[1]
ХимнаHail Grenada
Кралска химнаGod Save the Queen
Местоположба на Гренада
Главен градСент Џорџ
12°03′N 61°45′W / 12.050° СГШ; 61.750° ЗГД / 12.050; -61.750
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски, патоа
Народности  82% црнци, 13% мешани, 5% бели и останати[2]
Демоним Гренаѓанец
Уредување уставна монархија
 •  Кралица Чарлс III
 •  Генерален гувернер Сесил Ла Гренад
 •  Премиер Тилман Томас
Законодавство Собрание
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Претставнички дом
независност од Велика Британија
 •  Датум четврток 7 февруари 1974 
Површина
 •  Вкупна 344 км2 (203-та)
 •  Вода (%) 1.6
Население
 •  проценка за 12 јули 2005 г. 110.000 (185-та)
 •  Густина 319.8 жит/км2 (45-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $1.181 милијарди[3] 
 •  По жител $11.464[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $678 милиони[3] 
 •  По жител $6.587[3] 
ИЧР (2013) 0.744[4]
висок · 79та
Валута Долар (XCD)
Часовен појас (UTC−4)
 •  (ЛСВ)  (UTC−4)
Се вози на лево
НДД .gd
Повик. бр. +1-473

Гренада (англиски: Grenada) — островска држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Државата е составена од најголемиот остров Гренада и уште шест островчиња дел од островската група Гренадини, од кои остатокот припаѓаат на Свети Винсент и Гренадини. Источно од државата се наоѓа Карипското Море, додека западно од неа се наоѓа Атлантскиот Океан.

Гренада има вкупна површина од 344 км2 каде живеат околу 110.000 жители. Главен град на Гренада е Сент Џорџ и службени јазици се англиски јазик и патоа. Северно од Гренада се наоѓа државата Свети Винсент и Гренадини, додека пак јужно се наоѓа Тринидад и Тобаго.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

За името на Гренада има пишани докази уште од првото доаѓање на Кристофер Колумбо на островот во 1498 година. Тој го именувал островот како „Консепсион“. Малку е познато како се променило името од Консепсион во Гренада, но се верува дека шпанските морепловци започнале да го именуваат островот според шпанскиот град Гранада.

Историја

[уреди | уреди извор]

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Карта на Гренада.

Државата е составена од неколку острови. Најголем остров е островот Гренада, додека останатите се помалу. Сите острови, освен Гренада се дел од островската група Гренадини. Остатокот од островите на Гренадини се дел од државата Свети Винсент и Гренадини, а во склоп на Гренада се: Каријаку, Ронде, Каил, Дајмонд, Голем Остров, Салин и Фригат. Најголем дел од населението на државата живее на островот Гренада. Најголеми градови каде има поголема концентрација на население на островот Гренада се Сент Џорџ, Гренвил и Гујав. Најголеми населени места на останатите острови се Хилсбороу и Каријаку.

Островите се со вулканско потекло и поради тоа почвата е доста богата. Највисок врв во државата е Маунт Сент Кетрин со 840 метри. Климата во државата е тропска. Вкупната површина на земјата изнесува 344 км2 каде живеат околу 110.000 жители. Главен град е Сент Џорџ.

Национални симболи

[уреди | уреди извор]
Индиски орев.
Национално... симбол
јадење Оил даун
животно ној
симбол индиски орев
пијалак рум
спорт крикет
птица Гренаѓански гулаб
песна Grenada May God Bless You

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Гренада е уставна монахија и на чело на државата е кралот Чарлс III. Кралот во Гренада е претставен од генралниот генерал, кој моментално на оваа позиција е Карлил Глин. Извршната власт во државата е во рацете на владата, односно премиерот на Гренада. Иако е назначен од страна на гувернерот, премиерот најчесто е и водач на најголемата политичка партија во собранието на Гренада.

Собранието на Гренада е дводомно, односно се состои до сенат со капацитет од 13 членови и Претставнички дом со капацитет од 15 членови. Сеноторите се назначени од страна на владата и опозицијата, додека претставниците во Домот се избрани на избори за петгодишен мандат.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Со економските и фискалните реформи во државата се забележал годишен економски пораст од 5 до 6%. Туризмот е голема стопанска гранка во државата. Официјална валута на Гренада е источнокарипскиот долар и заедно со уште седум карипски држави се дел од заедничка централна банка.[5]

Гренада се нарекува „островот на зачините“ бидејќи таа има големо производство на различни зачини, особено на индиски орев, каде 20% од светкото производство доаѓа од Гренада. Како дел од туризмот, популарни се водните спортови, но во последно време и екотуризмот е во подем во државата.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Парохии во Гренада.

Гренада е поделена на 6 парохии. Парохиите на Гренада се:

Парохии
  1. Сент Ендру
  2. Сент Дејвид
  3. Сент Џорџ
  4. Сент Џон
  5. Сент Марк
  6. Сент Патрик
Зависни области
  1. Каријаку
  2. Петит Мартиник

Демографија

[уреди | уреди извор]
Училиште во Гренада.

Голем дел од населението се со африканско потекло, луѓе кои биле донесени од Африка како работници на плантажите. Покрај нив има и староседелско население, но и мал број на Индијци и белци. Вкупното население е околу 110.000 жители.

Гренада, како и останатите карипски острови, се соочува до голем процент на миграција, каде се верува дека двојно повеќе Гренаѓани од населението на државата живеат во странство.

Службен јазик во Гренада е англискиот јазик, но јазикот патоа се смета за лингва франка во државата, кој пак се зборува само од 10 или 20 % од населението. Скоро целото население во државата се Христијани.

Верници во Гренада
Христијани
  
96,60 %
Муслимани
  
0,30 %
Без Религија
  
1,00 %
Хиндуисти
  
0,70 %
Народна Религија
  
1,30 %
Други
  
0,20 %
Карневал од 1965.

Иако француската култура е помалки видлива одошто кај останатите карипски острови, во Гренада се зачувани француските топоними и секојдневниот јазик има примеси од францускиот. Француската култура е повеќе видлива во кулинарството и облеката, но има и малку зачувана француска архитектура од 1700-те. Целокупната култура на островите е под силно влијание на африканската.

  1. „Government of Grenada Website“. Посетено на 2007-11-01.
  2. „https://www.cia.gov/ Grenada factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2010-03-09. Надворешна врска во |title= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Grenada“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  5. http://www.oecs.org/

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]