Прејди на содржината

Гури Берг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гури Берг (роденa на 26 јануари 1963 година) — норвешка уметничка и вајарка.

Гури е родена во Трондхајм и пораснала во Хонингсвог, мало рибарско село на северниот рт на Норвешка. Додека нејзиниот татко, Ерлинг Берг, ги воспоставувал економските основи за рибарите во северните рурални области на Норвешка, Гури уште од рана возраст била изложена на креативни активности од страна на нејзината мајка Херфрид, која била професионален кројач.

Гури Берг е можеби најпозната по нејзините скулптури и камени портрети на светски домородци. Нејзините дела често ја комбинираат уметноста со технологијата, на пример со користење на математички филтер-функции како основа за големи слики од масло.[1] Скиците за нејзините подоцнежни скулптури честопати биле дизајнирани и обработувани со помош на компјутер.[2] Претходно, таа работела во Сан Франциско и блиската Силициумска Долина, речиси десет години, и добила неколку официјални нарачки. Една од тие нарачки е всушност најголемата скулптура направена од европска уметница - споменик од силика бетон тежок 110 тони.[3] Неодамна, таа започнала да работи на серија скулптури во каменолом во Естремоз, Португалија, и во најпознатата светска леарница за каменина во Србија.[4]

Гури Берг студирала скулптура, сликарство и внатрешна архитектура 13 години - вклучително и пет години на Националната академија за ликовни уметности во Осло, Норвешка, каде што ја добила својата диплома по скулптура.[5] Берг има добиено неколку награди за нејзината работа.

  1. http://mto.societymusictheory.org/issues/mto.94.0.11/mto.94.0.11.ann
  2. „Affairs of the art“. www.paloaltoonline.com.
  3. Visit Norway [мртва врска]
  4. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-14. Посетено на 2010-01-29.
  5. "Akademiet" Åse Markussen, 2009, ISBN 8203237002

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]