Давиде Бајоко
Давиде Бајоко | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 8 мај 1975 | ||
Роден во | Перуџа, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,72||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2018 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1992–1994 | Губио | 34 | (0) |
1994–2002 | Перуџа | 58 | (2) |
1996–2000 | → Фано | 28 | (2) |
1997–1998 | → Сиена | 29 | (0) |
1998–2000 | → Витербезе | 52 | (3) |
2002–2005 | Јувентус | 7 | (0) |
2003 | → Пјаченца | 16 | (0) |
2003–2004 | Реџина | 27 | (0) |
2004–2005 | → Перуџа | 33 | (2) |
2005–2009 | Катанија | 122 | (1) |
2009–2011 | Бреша | 59 | (1) |
2011–2012 | Сиракуза | 29 | (2) |
2012–2014 | Кремонезе | 29 | (0) |
2014 | Алесандрија | 14 | (0) |
2014–2015 | Акрагас | 28 | (0) |
2015–2017 | Сиракуза | 43 | (1) |
2017 | Палацоло | 10 | (0) |
2017–2018 | Бјанкавила | 13 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Давиде Бајоко (роден на 8 мај 1975 во Перуџа) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.
Кариера
[уреди | уреди извор]Растејќи во младоста во тимот на Губио, дебитирал во првиот тим во сезоната 1993-1994. Тој поминал во редовите на Перуџа, за која дебитирал во Серија Б во сезоната 1995-1996, сезона која завршила со промоција во Серија А.
По две позајмици во помали клубови тој се вратил во Перуџа, и го направил своето деби во Серија А на 4 октомври 1998 во натпревар против Интер, пред да биде позајмен повторно овојпат во Витербесе во Серија Ц1. Тој се вратил и одиграл две сезони во Перуџа како партнер на Фабио Ливерани на централните позиции во средниот ред.
Во 2002 година Бајоко пристигнува во Јувентус за пет милијарди лири плус Фабијан О'Нил кој заминал во спротивен правец.[1] Тој го освоил Суперкупот на Италија со тимот од Торино, но откако не успеал да се наметне во јануарскиот преоден рок бил позајмен на Пјаченца со која не успеал да избегне испаѓање во Серија Б. Во следната сезона бил пратен на позајмица во Реџина, која обезбедила опстанок во Серија А во сезоната пред тоа, пред да се врати во Перуџа на уште една сезона заем.
Пред почетокот на сезоната 2005-06 Јувентус се обидел да направи спектакуларен трансфер со кој би го довел шведски напаѓач на Ајакс, Златан Ибрахимовиќ во Торино. Со цел за да се соберат средства за овој трансфер (кој на крајот и се реализира), Јувентус продаде 10 фудбалери во летото меѓу кој беше и Бајоко. Бајоко потпиша за новакот во Серија А Катанија за која одиграл цели 4 сезони во најквалитетното италијанско фудбалско друштво и постигнал 4 гола.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (италијански) Profile and stats. на мрежното место на Катанија Архивирано на 11 мај 2006 г.
- http://www.tuttocalciatori.net/Baiocco_Davide
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Six-Monthly Report at 31 December 2001“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-07. Посетено на 2013-05-20.