(околу 15-18 милиони[1] во 1992–2000 г.) Јазикот се зборува од околу 25% до 50% од населението во државата, а го разбираат околу 90% од население.[2] Јазикот исто така го разбираат околу 2,5 милиони во пакистан и Иран.[3]
Дари (персиски: دری, Darī,) или дарископерсиски јазик (персиски: فارسی دری, Fārsī-ye Darī) е заеднички поим за источноперсиските дијалекти во Авганистан. Така, оваа група дијалекти се именува и како авганистанско-персиски јазик.[4][5] Иако всушност е персиски дијалект, сепак се именува како јазик бидејќи бил признаен како таков во 1964 година во Авганистан и станал службен јазик во државата покрај паштунскиот.[6][7] Дари е најзборуван јазик во Авганистан и истиот е мајчин јазик на околу 50% од вкупното население на државата.[4][8][9][10] Иранските и авганистанските дијалекти на персискиот јазик се доста разбирливи, но постојат одредени разлики во поглед на зборовниот фонд и фонологијата. Јазикот е лингва франка во Авганистан.
Самиот народ го именува јазикот како „фарси“, исто како националниот јазик во Иран. Сепак, поради политички причини Авганистан одлучул да го користи името „дари“. Јазикот е службен во Авганистан, заедно со паштунскиот. Името на овој диалект во Авганистан било променето во 1964 година.[11][12]
↑„The Afghans – Language Use“. United States: Center for Applied Linguistics (CAL). June 30, 2002. Архивирано од изворникот на 2011-05-04. Посетено на 24 October 2010.
↑Declassified, Dr. Zaher said there would be, as there are now, two official languages, Pashto and Farsi, though the latter would henceforth be named Dari.
Sakaria, S. (1967) Concise English – Afghan Dari Dictionary, Ferozsons, Kabul, OCLC 600815
Farhadi, Rawan A. G. (1975) The Spoken Dari of Afghanistan: A Grammar of Kaboli Dari (Persian) Compared to the Literary Language, Peace Corps, Kabul, OCLC 24699677