Прејди на содржината

Дебарско Езеро

Координати: 41°30′02″N 20°31′10″E / 41.50056° СГШ; 20.51944° ИГД / 41.50056; 20.51944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дебарско Езеро
Шпиље
Воздушен поглед на Дебарското Езеро
Координати41°30′02 N°20′31
Видвештачко
Главни приливиЦрн Дрим и Радика
Главни истециЦрн Дрим
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина22 км км
Најг. ширинам км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
13,2 км2 км2
Најг. длабочина94 м м
Зафатнина520.000.000 м3 км3
Надм. височина580 м м
Населени местаДебар

Дебарско Езеро (познато и како Езеро Шпиље) — вештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од градот Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]

Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км2, 92 метри длабочина и надморска височина од 580 метри. Се користи како акумулација за ХЕЦ Шпилје.[2]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Езерото се наоѓа во самата Дебарска Котлина, на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим, кај месноста Шпилски Мост, на околу 5 километри од градот Дебар, сместено на височина од 580 метри.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Браната „Шпиље“ на езерото

Езерото е создадено со подигање на брана во висина од 101 м, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година.[3]

Браната е каменонасипна со вкупна височина од 101 метар.[1]

Езерото е долго 22 километри со најголема длабочина од 94 метри, зафаќајќи површина од 1320 хектари. Водите во езерото доаѓаат од реките Црн Дрим и Радика, како и од водите на речните текови што се создаваат на југозападната страна на планината Стогово и североисточната страна на планината Јабланица. Дотокот од страна на реката Црн Дрим е прилично рамномерно во текот на целата година поради постоењето на Охридското Езеро и езерото Глобочица, кои служат како регулатори, додека од Радика е мошне променливо и зависи од природните фактори во сливот.[3]

Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија. Вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода.[3]

Температурата на езерската вода изнесува околу 14,4°С, минималната се спушта на 3,0°С, а максималната до 23,9°С. Прозирноста на водата се движи од 4,4 метри во средишниот дел, до 2,5 м во крајбрежјето.[3]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Акумулацијата Шпиље била изградена најмногу за да се користи за производство на електрична енергија, како и за наводнување на околу 1980 хектари обработливи земјоделски површини во Дебарското Поле.[1]

Недалеку од источниот брег на езерото се наоѓа Дебарскиот Остров, сместен околу 1 км северозападно од селото Праленик.[4]

Сепак, според најновите фотографии од 2022 година, островот е всушност полуостров.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. Никодиновски, Борис (2000). Основи на воената географија на Република Македонија - Едиција учебници. Скопје: Нико Компјутери.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 RIBAR.com.mk. „Дебарско езеро“. www.ribar.com.mk. Посетено на 2023-02-12.
  4. Местоположба на Дебарскиот Остров - ВикиМапија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°30′02″N 20°31′10″E / 41.50056° СГШ; 20.51944° ИГД / 41.50056; 20.51944