Денис Нижегородов
Медали | ||
---|---|---|
Натпреварувач за Русија | ||
Машка атлетика | ||
Olympic Games | ||
2004 Атина | 50km брзо одење | |
2008 Пекинг | 50km брзо одење | |
Светски Првенства | ||
2011 Тегу | 50km брзо одење |
Денис Генадиевич Нижегородов (руски:Денис Геннадьевич Нижегородов) (роден на 26 јули 1980) — руски атлетичар којшто се натпреварува во брзо одење. Тој е сопственик на најдобриот светски резултат во дисциплината 50km брзо одење од 3:34,14 поставен на 11 мај 2008 во Чебоксари.
Денис Нижегородов започнал да се занимава со брзо одење на 18 години предводен од познатиот руски тренер Виктор Чјогин.
На Летните олимписки игри - 2004 одржани во Атина во пеколни услови, Нижегородов го освои сребрениот медал на трката 50 км брзо одење.
Но неговиот напредок продолжи во наредните сезони кога најпревин во 2006 победи на светскиот куп во брзо одење во А Коруња во дисциплината 50 км брзо одење, а по вторпат овој успех го повтори со победата во истиот овој куп во истата дисциплина, на 11 мај 2008 во Чебоксари кога го постави и новиот најдобар светски резултат од 3:34,14.
На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг, Денис Нижегородов настапи во трката на 50km брзо одење и го освои бронзениот медал со време од 3:40,14.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на мрежното место за атлетика на Русија Архивирано на 31 јули 2008 г.
- Профил на мрежното место на Меѓународниот олимписки комитет
- Биографија Архивирано на 18 април 2009 г.