Ден на сесловенските просветители
- За други значења видете на појаснителната страница за Денот на словенската писменост
Ден на сесловенските просветители и учители | |
---|---|
Македонска црковна делегација на Кириловиот гроб | |
Наречен и | Ден на словенска писменост, Св. Кирил и Методиј |
Го празнува(ат) | Македонија |
Вид | национален |
Датум | 24 мај |
Прослава | концерти, културни настани, доделување награди |
Поврзано | Кирил и Методиј |
Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј — државен македонски празник[1] кој се празнува на 24 мај. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата. Денот на македонските светители е прогласен за државен празник од. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.
Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.
Празнувања
[уреди | уреди извор]Во Македонија
[уреди | уреди извор]Традиционално празникот во Македонија започнува со честитката на премиерот на републиката со граѓаните на Македонија.
Во Охрид, градот-лулка на словенската писменост и култура, традиционално се одржуваа повеќе свечености. Од раните утрински часови започнува турнирот во мал фудбал во средното Угостителско училиште „Ванчо Питошески“ помеѓу учениците од трите среднообразовни центри во општина Охрид. Централната свеченост за одбележување на Денот на сесловенските просветители во организација на Општината започнува пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот Парк. Бројни граѓани, просветни и културни дејци, ученици и претставници на јавниот и политичкиот живот од општината доаѓаат да одадат почит преку полагање на цвеќе на споменикот.[2]
Во Рим
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од 1960-тите, секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник со посета на државна и црковна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во Црквата „Св. Климент“. На ова му претходи официјална посета на Ватикан и папата. Поглаварот на Македонската православна црква чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил, додека неколку дена во Рим трааат деновите на македонската култура со голем број на концерти и изложби.[3]
Во дијаспората, освен во Рим како центар на прославата, празникот се слави секаде каде што живеат Македонци. Во Германија се прославува со свечена литургија по македонските цркви, организирање на собири со македонски пејачи и турнири во мал фудбал.[4] Најмногу се празнува во Елванген, јужна Германија во градот во кој Св. Методиј бил две и пол години во затвор.
Бугарија
[уреди | уреди извор]Во Бугарија овој ден се слави како „Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“, каде солунските браќа се сметаат за Бугари.[се бара извор]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Закон за празниците на Република Македонија
- ↑ „ОХРИД СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СВЕТИКЛИМЕНТОВИТЕ УЧИТЕЛИ“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2009-05-24.
- ↑ Во Рим на гробот на Св. Кирил ќе се одржи молебен
- ↑ Одбележување на Денот на свети Методиј Солунски во градот Елванген, СР Германија