Димо Н. Димчев
Изглед
Димо Н. Димчев (влашки Dina Cuvata) — македонски поет, раскажувач и преведувач од влашки јазик.
Животопис
[уреди | уреди извор]Димо Димчев е роден во с. Доброшани, Штипско на 9 јули 1952 година. Завршил Економски факултет во Скопје. Работи во Македонското радио. Член на ДПМ од 1992 година. Автор е на книгите: Клукајдрвецу море клукајдрвецу (влашки народни песни, 1985), Смртен крик (поезија, 1989), Света надеж (поезија, 1990), Колевка (раскази, 1990), Влашки буквар (1994), Мила е мама(поезија за деца, 1996), Гордиот овчарски син (поезија за деца, 1999)[1],[2].
На влашки ги превел: Бели мугри од Кочо Рацин (1989), Библијата (2004), Бисера од Константин Миладинов (1994), Македонски монолог од Гане Тодоровски (1995), Света литургија на Св. Јован Златоуст (1995), и др.
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |