Прејди на содржината

Доктор Хаус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Доктор Хаус
Лого
Жанрболничка драма
Создадена одДејвид Шор
УлогиХју Лори
Лиса Еделстајн
Омар Епс
Роберт Шон Лионард
Џеси Спенсер
Питер Џејкобсон
Оливија Вајлд
Воведна тема„Teardrop“ од Massive Attack
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони7
Бр. на епизоди140 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Пол Атанасио
Кејти Џејкобс
Дејвид Шор
Брајан Сингер
Томас Л. Моран
Расел Френд
Герет Лернер
Хју Лори
Продукциска куќаHeel & Toe Films
Shore Z Productions
Bad Hat Harry Productions
NBC Universal Television Group (2004-2007)
Universal Media Studios (2007-сè уште)
Прикажување
Првична мрежаFox
Сликов формат480i (SDTV)
720p (HDTV)
Првично прикажување16 ноември 2004 – сè уште
Надворешни врски
Мрежна страницаfox.com/house/

Хаус, познат и како Доктор Хаус (англиски: House M.D.) — американска медицинска драма што настапувала на телевизијата Fox на 16 ноември 2004. Серијата е зачната од Дејвид Шор и Пол Атанасио; Шор има заслуга како создавач. Главен лик на серијата е д-р Грегори Хаус (Хју Лори), необичен медицински гениј што води екипа дијагностичари во измислената болница за учење „Принстон‑Плеjнсборо“ во Њу Џерси. Сижето на серијата потекнува од Атанасио, додека Шор е всушност одговорен за појавувањето на насловниот лик. Извршни продуценти на серијата се Шор, Атанасио, бизнис-партнерката на Атанасио — Кејти Џејкобс и кинорежисерот Брајан Сингер.

Д-р Хаус често се судира со својот шеф, болничкиот администратор и декан д-р Лиса Кади (Лиса Еделстајн) и со неговиот дијагностички тим, поради многуте негови хипотези за болестите на пациентите се темелат врз нежни и спорни сфаќања. Единствен вистински пријател на Хаус е д-р Џејмс Вилсон (Роберт Шон Лионард), шеф за одделот за онкологија. За време на првите три сезони, дијагностичарскиот тим на Хаус се состои од д-р Роберт Чејс (Џеси Спенсер), д-р Алисон Камерон (Џенифер Морисон) и д-р Ерик Форман (Омар Епс). На крајот на третата сезона, овој тим се распаѓа. Придружен од Форман, Хаус внимателно одбира три нови кандидати: д-р Реми „Тринаесет“ Хедли (Оливија Вајлд), д-р Крис Тауб (Питер Џејкобсон) и д-р Лоренс Катнер (Кал Пен); последниот е отфрлен од серијата при крајот на петтата сезона. Чејс и Камерон продолжуваат да се појавуваат со различни улоги во болницата сè до почетокот на шестата сезона. Камерон си заминува од болницата, а Чејс се враќа во дијагностичарскиот тим.

„Доктор Хаус“ е критички прифатена и има високи рејтинзи на гледаност. Беше помеѓу десетте најгледани серии во САД од втората до четврата сезона; во сезоната 2008–09, паѓа на севкупно деветнаесеттото место. Дистрибуирана во 66 држави, „Доктор Хаус“ беше најгледаната телевизиска серија во светот во 2008 година. Серијата се има здобиено со неколку награди, вклучувајќи ги наградите „Избор на народот“, „Пибоди“, два Златни глобуса и четири „Еми“. Финалето на шестата сезона се емитуваше на 21 мај 2010. Седмата сезона на „Доктор Хаус“ ќе започне со емитување на 20 септември 2010.[1]

  • д-р Грегори Хаус (Хју Лори) е главниот лик, зналец за дијагноза. Често е груб и зајадлив, и обожува да се закача со други луѓе. И покрај тоа, тој е одличен доктор и секогаш успева пред сите други доктори да го реши медицинскиот случај.
  • д-р Алисон Камерон (Џенифер Морисон) е член на тимот за дијагноза на Хаус. Таа е зналец за човековиот имун систем (имунолог). Се смета за најдобра од целиот тим, а често се кара со Хаус за тоа кој е во право, а кој не.
  • д-р Роберт Чејс (Џес Спенсер) е член на тимот за дијагноза на Хаус. Тој е зналец за интензивна нега. Д-р Чејс е Австралијанец, па Хаус често го нервира велејќи му дека е Британец поради неговиот акцент.
  • д-р Лиса Кади (Лиса Еделстајн) е шеф на болницата. Таа е ендокринологист (специјалист за тероиди). Често мора да се справува со грубоста и непристојноста на Хаус, како и честите нелегални работи. Обично е трпелива со Хаус бидејќи знае дека е најдобриот доктор во болницата.
  • д-р Ерик Форман (Омар Епс) е член на тимот за дијагноза на Хаус. Тој е зналец за човековиот мозок (невролог). Д-р Формен е црнец, па Хаус често дава расистички коментари за него, но тој обично не се лути.
  • д-р Џејмс Вилсон (Роберт Шон Лионард) е експерт за рак (онкологист) и е единствен вистински пријател на Хаус. Кога се обиде да ја заштити работата на Хаус, ризикуваше да ја изгуби својата. Бил венчан неколкупати и е Евреин.
  1. Gorman, Bill (July 13, 2010). „Fox Announces Fall Premiere Dates For 2010-11 Season“. TV by the Numbers. Архивирано од изворникот на 2012-01-31. Посетено на 14 јули 2010.