Долорес О’Риордан
Долорес О’Риордан | |
---|---|
Долорес О’Риордан во мај 2012 | |
Роден(а) | Долорес Мери Ејлин О'Риордан[1] 6 септември 1971 Балибрикен, Лимерик, Ирска |
Починал(а) | 15 јануари 2018 Лондон, Англија | (возр. 46)
Почивалиште | Caherelly [2] |
Занимање |
|
Сопружник | Дон Бартон (в. 1994; раз. 2014) |
Партнер | Оле Корецки (до нејзината смрт) |
Деца | 3 |
Потпис |
Долорес Мери Ејлин О'Риордан (англиски: Dolores Mary Eileen O'Riordan, родена на 6 октомври 1971 - починала на 15 јануари 2018[3]) — ирска пејачка, текстописец и музичар, најпозната како вокалист на рок групата The Cranberries, чиј член била во периодот од 1990 до 2003 година, и повторно од 2009 до нејзината смрт[4].
Во мај 2007 година го издала својот прв соло албум „Are You Listening?“ , по кое следувал и вториот во „No Baggage“ во 2009 година. О'Риордан била позната по нејзиниот глас на мецосопран[5], нејзината нагласена употреба на јодлање и нејзиниот силен лимерички акцент[6] . Во април 2014 година О'Риордан се приклучила и започнала да снима нови материјали со групата D.A.R.K..
Рани години
[уреди | уреди извор]Долорес О'Риордан е родена на 6 септември 1971 година во Балибрикен, округ Лимерик, како најмала од девет деца, од кои двајца починале во детството[7]. Нејзините шест браќа и сестри се Теренс, Брендан, Донал, ПЈ, Јосиф и Ангела[8]. Нејзиниот татко, Теренс Патрик „Тери“ О'Риордан (1937-2011)[8], бил работник на фарма сè додека не доживеал сообраќајна несреќа и оштетување на мозокот во 1968 година[9]. Нејзината мајка, Ејлин работела во училиште[7][10].
Во 2013 година, О'Риордан изјавила како кога имала само осум години, била сексуално злоупотребувана четири години од страна на некој на кој му верувала[11].
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]The Cranberries
[уреди | уреди извор]Во 1990 година О'Риордан станала вокалист на групата Cranberry Saw Us (подоцна преименувана како The Cranberries[12]. Пред да заминат на пауза во 2003 година, тие издале пет албуми: Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We? (1993), No Need to Argue (1994), To the Faithful Departed (1996), Bury the Hatchet (1999), and Wake Up and Smell the Coffee (2001), и компилација од најдобри хитови, Stars: The Best of 1992-2002.[13]
О’Риордан била препознатлива како икона со свој стил, посебно во 1990-тите со нејзината кратка коса и по тоа што настапувала со боси нози, изјавувајќи дека на тој начин се чувствувала поудобно[14].
Во јануари 2009 година, Универзитетското филозофско друштво од Даблин ги поканил на Cranberries да се соберат за концерт поради назначувањето на О'Риордан како почесен член на друштвото, што ги натерало на членовите на бендот да размислат за повторно обединување и снимање на нови материјали[15][16][17].
На 25 август 2009 година, промовирајќи го својот соло албум No Baggage во Њујорк, О'Риордан го најавила повторното обединување на The Cranberries за светска турнеја. Турнејата започнала во Северна Америка во средината на ноември, по кое следувале Јужна Америка во средината на јануари 2010 година и во Европа во март 2010 година[18]. Бендот свирел и песни од соло албумите на О'Риордан, многу од класиците на групата, како и нови песни. На 9 јуни 2010 година, Cranberries настапиле на церемонијата за отворање на Специјалната Олимпијада во Лимерик. Тоа било првпат бендот да настапи во својот роден град за повеќе од 15 години[19].
На 26 мај 2016 година, бендот објавил дека планира да започне турнеја низ Европа. Првото шоу се случило на 3 јуни[20].
Соло кариера
[уреди | уреди извор]Во 2004 година, таа се појавила на песна на италијанскиот уметник Ѕукеро на албумот Zu & Co., со песната „Pure Love“. На албумот има и други пејачи како Стинг, Шерил Кроу, Лучано Павароти, Мајлс Дејвис, Џон Ли Хукер, Мејси Греј и Ерик Клептон. Истата година таа работела со композиторот Анџело Бадаламенти од Twin Peaks , на саундтракот од филмот Evilenko, обезбедувајќи ги вокалите на неколку песни, меѓу кои и „Angels Go to Heaven“[21][22].
Во 2005 година, таа се појавила на албумот на Jam & Spoon, Tripomatic Fairytales 3003[23].
Нејзиниот прв сингл станала песната Ordinary Day, додека албумот Are You Listening? бил објавен во Ирска на 4 мај 2007 година, во Европа на 7 мај и во Северна Америка на 15 мај. Ordinary Day бил нејзиниот прв сингл, објавен кон крајот на април. Видеото за Ordinary Day било снимено во Прага. Во август песната „When We Were Young“ била издадена како втор сингл од албумот[24][25].
Во 2006 година, О'Риордан била ставена на листата меѓу 10-те најбогати жени во Ирска[26].
На 19 ноември 2007 година, поради болест, го откажала остатокот од нејзината европска турнеја (Лил, Париз, Луксембург, Варшава и Прага)[27]. Во декември таа настапила во неколку мали американски клубови, во градовите Де Мојн, Нешвил итн.[28] Нејзиниот втор албум, No Baggage, со 11 песни, бил издаден во август 2009 година[29].
Во 2008 година О'Риордан ја освоила наградата ЕББА.
Личен живот
[уреди | уреди извор]На 18 јули 1994 година, О'Риорден се омажила со Дон Бартон, поранешен менаџер на Дуран Дуран. Од бракот се родиле три деца (Тејлор (1997), Моли (2001) и Дакота (2005)[30]. Во 1998 година, двојката купила фабрика за 61 хектар (150 акри), наречена Риверсфилд Студ, која се наоѓа во Килмалок, продавајќи го во 2004 година. Потоа се преселиле во Хаут, а летата ги поминувале во Онтарио, Канада[31][32]. Во 2009 година, семејството се преселило на Бакхорн[33] .
Во август 2013 година, таа се вратила да живее во Ирска. Таа и Бартон ја завршиле својата врска кон крајот на 2014 година по 20 години брак[34]. Подоцна се развеле[35].
О'Риордан била голем римокатолик. Нејзината мајка како католик го избрала името на нејзината ќерка[36] .
Таа му се восхитувала на папа Јован Павле II[37], со кој се сретнала двапати, во 2001 и 2002 година[38] She performed at the invitation of Pope Francis in 2013 at the Vatican's annual Christmas concert.[39].
Во септември 1995 година, таа ја изведувела Аве Марија заедно со Лучано Павароти. Принцезата Дијана, која присуствувала на изведбата во живо, и рекла на О'Риордан дека песната ја довела до плачење[40].
Во ноември 2014 година, О'Риордан била уапсена и обвинета во авионот на Ер Лингус кој патувал од Њујорк до Шенон. За време на летот таа вербално и физички го навредувала екипажот. Кога полицијата ја уапсила, таа се спротивставила. Подоцна таа на медиумите им рекла дека била под голем стрес по завршувањето на нејзиниот 20-годишен брак[41]. Судијата што го сослушал нејзиниот случај се согласил да ги повлече сите обвиненија доколку таа се извини во писмена форма и плати 6.000 евра за судот[42].
Во мај 2017 година, таа јавно кажувала за нејзиното биполарно растројство, за кое таа рекла дека и било дијагностицирано две години порано[43]. Истиот месец бил откажен вториот дел од европската турнеја на Cranberries, за која како причина ги навела проблемите со грбот. На крајот од 2017 година, О'Риордан изјавила дека се опоравува[44][45].
Смрт
[уреди | уреди извор]На 15 јануари 2018 година, на возраст од 46 години, додека била во Лондон за снимање, Долорес О’Риордан неочекувано починала во хотелот Лондон Хилтон[46][47].
Причината за смртта не била веднаш објавена[48], а полицијата соопштила дека смртта не е третирана како сомнителна[49] и дека резултатите од истрагата нема да бидат објавени до април, најрано[50].
Истрагата од 6 септември[51] докажала дека таа починала како резултат на случајно давење во када бидејќи имала конзумирано алкохол. Празни шишиња биле пронајдени во собата на Долорес (пет минијатурни шишиња и шампањско шише), како и некои лекови, но токсиколошките тестови покажале дека нејзиното тело содржи само „терапевтски“ количини од овие лекови, но 330 mg алкохол на 100 ml крв со содржина на алкохол во крвта од 0,33%[52].
Ковчегот со нејзиното тело биле изложени во јавноста во нејзиниот роден град, од 20 до 22 јануари во црквата Свети Јосиф, каде што се свиреле песни на О'Риордан, додека фотографии на изведувачот и една од неа со папата биле поставени по должината на ѕидовите[53][54][55].
На 23 јануари, таа била погребана и нејзиниот ковчег бил спуштен со песната на Cranberries „When You Gone“. Меѓу учесниците на нејзиниот погреб биле нејзината мајка, нејзините три деца и нивниот татко, нејзината сестра и браќа, членовите на бендот, поранешниот играч на рагби Ронан О'Гара[56], и нејзиното момче Оле Корецки[57]. Таа била погребана заедно со нејзиниот татко во истиот гроб[58].
Реакции и наследство
[уреди | уреди извор]Претседателот на Ирска, Мајкл Д. Хигинс, бил еден од првите што оддал почит[59]. На погребот и по него почит дале луѓе од целиот музички свет, полскиот претседател Анджеј Дуда итн.
Девет дена по откривањето на причината за смртта на О'Риордан, членот на бендот Ноел Хоган потврдил дека Cranberries повеќе нема да продолжат како бенд и ќе го објават својот последен албум во 2019 година[60]. Тој изјавил: „Ние не сакаме да продолжиме без Долорес, па затоа ќе прекинеме после ова“[61].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sullivan, Caroline (16 January 2018). „Dolores O'Riordan obituary“. The Guardian. Посетено на 24 January 2018.
- ↑ Nick, Reilly (23 January 2018). „Dolores O'Riordan has been laid to rest in Ireland“. NME. Посетено на 23 January 2018.
- ↑ Brown, Marisa. „Dolores O'Riordan Biography“. AllMusic. Посетено на 21 January 2018.
- ↑ Bray, Allison (23 February 2012). „Why it's all smelling of 'Roses' for the Cranberries“. Irish Independent.
- ↑ Roberts, Lauren. „Singing Lessons Carrum Bayside“. Vocal studio. Архивирано од изворникот на 2018-06-23. Посетено на 15 June 2015.
- ↑ „Dolores O'Riordan – 'I went nuts. I was so lonely all that time'“. The Independent. London, UK. 12 June 2009.
She is also on the brink of releasing her second solo album in August, No Baggage, which still bears her inimitably lyrical, Limerick-accented voice, but with softer and brighter lilts than with The Cranberries.
- ↑ 7,0 7,1 Sullivan, Caroline (16 January 2018). „Dolores O'Riordan obituary“. The Guardian. Посетено на 17 January 2018.
- ↑ 8,0 8,1 Egan, Berry (27 November 2011). „Terence O'Riordan, father of Cranberries singer, dies“. The Independent Ireland.
- ↑ Quinn, Trevor; Hughes, Edel (15 January 2018). „The highs and lows of Limerick superstar Dolores O'Riordan's life“. Irish Mirror.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „The Secret History of the Cranberries“, Hot Press, Архивирано од изворникот на 9 March 2003
- ↑ Chiu, Melody (15 January 2018). „Sexual Abuse, Depression and a Prior Suicide Attempt: Inside Dolores O'Riordan's Difficult Life“. People (magazine). Посетено на 17 January 2018.
- ↑ Canfield, David. „The Cranberries frontwoman Dolores O'Riordan dies suddenly at 46“. Entertainment Weekly. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ Izadi, Elahe (15 January 2018). „Dolores O'Riordan, lead singer of the Cranberries, dies at 46“. The Washington Post. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ O'Riordan, Dolores. Interview with Michael Small. wild cranberries. October 1994. "It just feels comfortable and honest to pull your toes along the ground."
- ↑ „The Reunited Cranberries Trinity...“. Showbiz Ireland. 12 January 2009. Архивирано од изворникот на 15 March 2016. Посетено на 16 January 2018.
- ↑ Bray, Allison (23 February 2012). „Why it's all smelling of 'Roses' for the Cranberries“. The Irish Independent.
- ↑ Sullivan, Caroline (4 April 2010). „The Cranberries“. The Guardian.
- ↑ The Cranberries reunion tour (press release), My Space, Архивирано од изворникот (World Wide Web log) на 9 July 2012
- ↑ „Cranberries return for Special Olympics“. The Irish Times. 29 April 2010. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ „The Cranberries to play "Fête du bruit dans Landerneau" in France“. Cranberries World. 11 March 2016. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ Dolores O'Riordan & Angelo Badalamenti – Angels go to heaven. 7 November 2008. https://www.youtube.com/watch?v=jySVxXgWhGM.
- ↑ Dolores O'Riordan – The Woodstrip/There's No Way Out. 25 September 2011. https://www.youtube.com/watch?v=6a4dXgO967M.
- ↑ Jam & Spoon (feat. Dolores O'Riordan) – "Mirror Lover". 25 February 2012. https://www.youtube.com/watch?v=ehLaZ4ejais.
- ↑ „"Ordinary Day" 1st single, aired on…“. Archive.is. 9 February 2013. Архивирано од изворникот на 9 February 2013. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ „Billboard News“. Billboard. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ Naughton, Philippe (2 May 2004). „Profile: Dolores O'Riordan: Steely diva who doesn't want fame to linger“. The Sunday Times. London, UK. Посетено на 20 November 2007.[мртва врска]
- ↑ „Dolores O'Riordan annule sa tournée pour raisons de santé“. La Dépêche (француски). 19 November 2007. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ Spencer, Hawes (6 December 2007). „'Mesmerizing': O'Riordan gives it away at Gravity“. The Hook. Charlottesville. Архивирано од изворникот на 2013-02-01. Посетено на 24 February 2008.
- ↑ „Dolores O'Riordan, 'No Baggage'“. Boston Globe. 24 August 2009. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ Effie, Orfanides (15 January 2018). „Dolores O'Riordan's Kids: 5 Fast Facts You Need to Know“. Heavy.com. Посетено на 30 January 2018.
- ↑ „Cranberries reunion lures O'Riordan from Ontario cabin“. Canada: CBC News. 28 August 2009. Архивирано од изворникот на 3 September 2009.
- ↑ „Dolores O'Riordan“ (Biography). Ireland. Архивирано од изворникот на 15 January 2012. Посетено на 26 November 2010.
- ↑ Stevenson, Jane (2 September 2009). „Ex-Cranberries singer planning to live here full-time“. The Peterborough Examiner. Архивирано од изворникот на 2012-09-15. Посетено на 17 January 2018.
- ↑ „Cranberries star Dolores 'very vulnerable' after splitting from husband of 20 years, her mother reveals“. Irish Independent. 13 November 2014. Посетено на 13 November 2014.
- ↑ Clayton-Lea, Tony (15 January 2018). „Dolores O'Riordan: Success rested uneasily on the shoulders of influential singer“. The Irish Times. Dublin. Посетено на 17 January 2018.
- ↑ Kelly, Michael (17 January 2018). „Irish bishop recalls Cranberries' musician for her faith, inspiration“. Crux. Catholic News Service. Архивирано од изворникот на 2020-05-05. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Experience counts as Cranberries' Dolores O'Riordan goes solo“. The Independent. London, UK. 4 May 2007. Архивирано од изворникот на 22 April 2009.
- ↑ Kehoe, Michael (9 December 2013). „Cranberries star sings for the Pope at the Vatican“. Irish Music Daily. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ Sweeney, Ken (7 December 2013). „Dolores to sing at Vatican after meeting Pope“. The Independent. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ J-P, Mauro (15 January 2018). „When the Cranberries' Dolores O'Riordan sang 'Ave Maria' with Pavarotti“. Aleteia. Посетено на 18 January 2018.
- ↑ Egan, Barry (14 December 2017). „'People look at you and see a product. They don't see a soul, but an empty hole' – Barry Egan speaks to Dolores O'Riordan“. Irish Independent. Посетено на 13 December 2017.
- ↑ Deegan, Gordon (24 February 2016). „Dolores O'Riordan told to pay €6,000 over 'air rage' incident“. The Irish Times. Посетено на 13 December 2017.
- ↑ „The Cranberries lead singer Dolores O'Riordan, 45, on the band's new album, The Voice and being chased by a bear“. Архивирано од изворникот на 16 September 2017. Посетено на 16 September 2017.
- ↑ „Cranberries singer Dolores O'Riordan dies suddenly aged 46“. BBC News. 15 January 2018. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ Sheridan, Anne (24 May 2017). „Limerick band The Cranberries forced to cancel 14 tour dates“. Lumerick Leader. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ „Dolores O'Riordan suddenly dies in London“. RTÉ News. 15 January 2018. Архивирано од изворникот на 15 January 2018. Посетено на 17 January 2018.
- ↑ Beaumont-Thomas, Ben (15 January 2018). „Cranberries singer Dolores O'Riordan dies aged 46“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 17 January 2018. Посетено на 17 January 2018.
- ↑ Hosford, Paul (15 January 2018). „Cranberries singer Dolores O'Riordan dies aged 46“. The Journal. Архивирано од изворникот на 16 January 2018. Посетено на 17 January 2018.
- ↑ „Dolores O'Riordan: Police say death is not suspicious“. BBC News. 16 January 2018. Посетено на 25 January 2018. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ Kreps, Daniel (19 January 2018). „Cranberries' Dolores O'Riordan: No Cause of Death Until At Least April“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2018-01-20. Посетено на 20 January 2018.
- ↑ Begley, Ian (21 August 2018). „Inquest date now set for Cranberries star Dolores“. Belfast Telegraph. Посетено на 22 August 2018.
- ↑ „Cranberries singer O'Riordan died by drowning“. BBC News (англиски). 2018-09-06. Посетено на 2018-09-06.
- ↑ Clarisse, Loughrey (21 January 2018). „Dolores O'Riordan: Thousands of fans gather at Limerick church to mourn The Cranberries singer“. The Independent. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ Matthew, Strauss (22 January 2018). „Dolores O'Riordan's Open-Casket Memorial Draws Thousands“. Pitchfork. Посетено на 23 January 2018.
- ↑ „Dolores O'Riordan: Funeral Mass for Cranberries singer“. BBC News. 23 January 2018. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ Henry, McDonald (23 January 2018). „Dolores O'Riordan funeral: mourners pay tribute to Cranberries singer“. The Guardian. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ Young, David; Carty, Ed (23 January 2018). „Poignant Ave Maria duet fills church as Dolores O'Riordan's funeral begins“. The Irish Independent. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Cranberries star Dolores O'Riordan laid to rest alongside her father“. Sky News. 23 January 2018. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Tributes paid to Dolores O Riordan“. Raidió Teilifís Éireann. Посетено на 15 January 2018.
- ↑ Mauro, J.P. (20 January 2019). „The Cranberries announce release of final album with the late Dolores O'Riordan“. Aleteia. Посетено на 21 January 2019.
- ↑ Kelly, Aoife (15 September 2018). „'There is no need to continue' - Cranberries will split after last album featuring vocals of Dolores O'Riordan“. Independent.ie. INM Website. Посетено на 12 January 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Долорес О’Риордан на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Запис Q541599 во базата на Википодатоци ? |
- Долорес О’Риордан на Facebook
- Долорес О’Риордан на Твитер
- Dolores O'Riordan на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Долорес О’Риордан на Find a Grave (англиски)
|