Дора Бакојани
Дора Бакојани | |
---|---|
Дора Бакојани | |
120ти Министер за надворешни работи на Грција | |
На должноста | |
Стапил 15 февруари 2006 | |
Премиер | Костас Караманлис |
Претходник | Петрос Моливјатис |
75ти Градоначалник на Атина | |
На должноста 20 октомври 2002 – 14 февруари 2006 | |
Претходник | Димитрис Аврамопулос |
Наследник | Фотини Пипили |
15ти Министер за култура на Грција | |
На должноста 3 декември 1992 – 13 октомври 1993 | |
Премиер | Констандинос Мицотакис |
Претходник | Ана Псаруда-Бенаки |
Наследник | Мелина Меркури |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 мај 1954 Атина, Атика, Грција |
Националност | Гркинка |
Партија | Демократска алијанса |
Сопружник | Павлос Бакојанис (1974-1989) Исидорос Кувелос (1998-денес) |
Роднини | Констандинос Мицотакис (татко) Кирјакос Мицотакис (брат) |
Деца | Алексија Бакојани Костас Бакојанис |
Живеалиште | Атина, Атика, Грција |
Установа | Национален и Каподистриски Универзитет на Атина Универзитет „Лудвиг Максимилијан“ - Минхен |
Професија | Политиколог Цивилен службеник Член на парламентот Политичар |
Вероисповед | Грчко православие |
Портал | www.dorabak.gr |
Дора Бакојани (грчки: Ντόρα Μπακογιάννη), родено име Теодора Мицотаки (грчки: Θεοδώρα Μητσοτάκη) (родена на 6 мај 1954) е грчка политичарка, поранешен министер за надворешни работи на Грција и претседавач на ОБСЕ. Таа е и поранешен градоначалник на Атина. Таа е првата жена градоначалник на Атина во историјата на градот,[1] единствената жена избрана за градоначалник на грчки главен град, и исто така прва жена која работела како министер за надворешни работи на Грција, највисоката позиција на која се нашла грчка политичарка досега.[2]
Бакојани е ќерка на поранашниот премиер на Грција, Константин Мицотакис.
Градоначалник на Атина
[уреди | уреди извор]На 29 март 2002, Костас Караманлис, барајќи начин да ја прикаже растечката моќ на неговата партија во однос на ПАСОК на локалните избори, ја избрал Бакојани за кандидат за градоначалник на Атина. Таа водела пред големиот број на кандидати, но не успеала да победи во првиот круг, па била избрана за прва жена градоначалник на Атина во 3,5-милениумската историја на градот,[1] поразувајќи го нејзиниот социјалистички противник Христос Папуцис во вториот круг, освојуваjќи 60,6% од гласовите.
Како градоначалник, Бакојани била во многу голема мера вклучена во организирањето на Летните олимписки игри во 2004. Таа го предала олимпиското знаме на градоначалникот на Пекинг, а воедно била и првата жена градоначалник на град-домаќин на Олимписките игри.[1]
Формирање на нова партија
[уреди | уреди извор]По поразот на Нова демократија на Парламентарните избори и заземањето на власта од страна на ПАСОК, дошло до промена на раководството во партијата. Во текот на мај 2010 година, Бакојани била исклучена од партијата, наводно поради својата поддршка на спасувачкиот финансиски пакет кој и бил понуден на Грција во времето на финансиската криза[3]. Поради ова, таа на 21 ноември 2010 година, ја основала новата политичка партија наречена Демократска алијанса. По формирањето на партијата, таа изјавила дека нејзината нова партија Демократска алијанса е со центристичко-либерална ориентација и ја определила како „независно демократско движење[4]“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „#66 Dora Bakoyannis“. Forbes. 2006-08-31. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2008-04-06.
- ↑ „#67 Dora Bakoyannis“. Forbes. 2007-08-30. Посетено на 2008-04-06.
- ↑ А1 Телевизија: Дора Бакојани исклучена од Нова демократија
- ↑ http://www.time.mk/read/d8d464d4de/0d70772626/index.html[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дора Бакојани“ на Ризницата ? |
- site or Dora Bakoyannis's political party[мртва врска]
- Официјално мрежно место на Дора Бакојани (грчки)
- Страница на Facebook на Бакојани
- Страница на Twitter на Бакојани
- Страница на Бакојани на friendfeed
- Албум на flickr на Бакојани
- Dora Bakoyannis WebTV на YouTube
- Биографија на Дора Бакојани на мрежно местото на грчкото МНР (англиски)
- Дора Бакојани претседавач на ОБСЕ (англиски)
- Дора Бакојани, градоначалник на Атина, ја освои наградата World Mayor Award во 2005 (англиски)
- МВР на Грција, официјални резултат на општинските избори во Атина од 2002. (грчки)
Претходник Ана Псаруда-Бенаки |
Министер за култура 1992–1993 |
Наследник Мелина Меркури |
Претходник Димитрис Аврамопулос |
Градоначалник на Атина 2002–2006 |
Наследник Никитас Какламанис |
Претходник Петрос Моливјатис |
Министер за надворешни работи 2006–2009 |
Наследник на должност |
|
- Луѓе од Атина
- Родени во 1954 година
- Апсолвенти на Универзитетот во Атина
- Градоначалници на Атина
- Политичари од Демократска алијанса (Грција)
- Грчки политичари
- Министри за надворешни работи на Грција
- Членови на Грчкиот парламент (1989-1990)
- Членови на Грчкиот парламент (1990-1993)
- Членови на Грчкиот парламент (1993-1996)
- Членови на Грчкиот парламент (1996-2000)
- Членови на Грчкиот парламент (2000-2004)
- Членови на Грчкиот парламент (2004-2007)
- Членови на Грчкиот парламент (2007-2009)
- Политичари од Нова Демократија (Грција)