Дорд (инструмент)
Изглед
Дорд ― бронзен рог по потекло од Ирска, со ископани примероци кои датираат од 1000 пр.н.е., за време на бронзената доба. Познато е дека постојат 104 изворни дордови, а реплики биле изработени кон крајот на 20 век.[1]
Иако музичката традиција на дордот е изгубена, современите изведувачи како Ролф Харис и Алан Даргин веруваат дека бил свирен на начин сличен на диџеридуто и ја применуваат таа техника (вклучувајќи кружно дишење и промени во темброт) соодветно за современата фузиска музика. Ирскиот музичар Сајмон О'Двајер се обидувал да го пресоздаде историски точниот дорд.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Карникс, друг вид келтска труба што е оживеана
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ [1][мртва врска][мртва врска]
- ↑ Schellberg, Dirk (1994). Didgeridoo: ritual origins and playing techniques, p.46. Binkey Kok. ISBN 90-74597-13-0.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Богатства на раната ирска уметност, 1500 пр.н.е. до 1500 г.н.е., изложбен каталог од Музејот на уметност Метрополитен (целосно достапен на интернет како PDF), кој содржи материјал за додови (кат. бр. 22)
- https://www.discogs.com/Reconciliation-Two-Stories-In-One/release/364927