Прејди на содржината

Драган Иванов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Иванов
Роден 27 март 1939
с. Рајчиловци, Босилеград, Србија
Занимање професор

Драган Иванов (роден во 27 март 1939 година во с. Рајчиловци, Босилеград, Србија) — југословенски градежен инженер и редовен професор на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 2004 г.) .[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Драган Иванов предавал предмети од областа на бетонските и армирано-бетонските конструкции. Магистрирал во областа на земјотресното инженерство (1971). Како истражувач, учествувал во истражувањето, проектирањето, изградбата, испитувањето и зајакнувањето на многубројни бетонски конструкции, особено мостови, во земјава и во странство.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Иванов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 584. Text "series " ignored (help)