Драгутин Митевски
Изглед
Драгутин Аврамов Митевски ( 1916 во Клечевце, Кумановско — 1944 во Треска, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од сиромашно семејство. Во 1944 година станал борец на Третата македонска ударна бригада на која и се приклучи во селото Жегљане. Бил учесник во сите борби, во кои се пројавил како бестрашен борец. Во селото Бузалково, кај Велес, неговата единица била нападната од германски единици. Тогаш со својот пушкомитралез успеал да им нанесе големи загуби на непријателите. На 20 октомври 1944 rодина, учествувал во борбата против балистите и Германците на теренот Треска, каде бил тешко ранет. Од последиците на раните подоцна починал.[1]