Друпал
Друпал | |
Домашна страница на стандардна Друпал инсталација. | |
Најново издание: | 7.4[1] / 29 јуни, 2011 |
---|---|
ОС: | Повеќеплатформски |
Намена: | Систем за управување со содржини, Заедница и Софтвер за блогирање |
Лиценца: | ГПЛ |
Мреж. место: | http://drupal.org |
Друпал е слободен и модуларен систем за управување со содржини напишан во програмскиот јазик PHP. Систем за управување со содржини или (или накретко СУС) е мрежна апликација која се справува со приказ на содржини без некоакво посебно предзнаење или знаење за јазикот со кој бил програмиран овој систем, во овој случај PHP.
Возможно е Друпал да функционира на неколку различни платформи, под претпоставка дека оперативниот систем ги поддржува еден од двата мрежни опслужувачи Apache или IIS. Исто така бидејќи Друпал, како и останатите системи за управување со содржини користи база на податоци, потребно е и инсталација на или MySQL или PostgreSQL базите на податоци.
Тековната верзија на Друпал е 6.9.[2] издадена на 15 јануари, 2009.
Историја
[уреди | уреди извор]Оригинално бил напишан од Dries Buytaert да претставува Би Би Ес, Друпал стана проект според принципите за развој на слободен софтвер во 2001 година. Друпа е транслитерација од холандски збор „druppel,“ што значи „капка“ (како „капка вода“). Името го зел отсега веќе нефункционалното Drop.org мрежно место, кое полека еволуираше во Друпал. Buytaert сакал да го нарече мрежно местото “dorp” (на холандски „село“, при тоа мислеќи на аспектите на заедницата), но направил печатна грешка кога проверувал дали е слободен доменот и потоа си помисли дека можеби и не звучи толку лошо.[3] Со текот на време, Друпал се здобил со популарност. Од мај 2006 до април 2007, имало повеќе од 600.000 преземања на Друпал од Drupal.org.[4] Во моментов заедницата која учествува во развојот на Друпал е голема.[5]
Систем за управување со содржини
[уреди | уреди извор]Друпал се состои од основен слој, или "јадро", кое ги овозможува основните функционалности и има поддршка за вклучување на модули кои овозможуваат дополнителни функционалности.[6]
Модулите кои се вклучени во јадрото на Друпал им овозможуваат на корисниците да:
- Објавуваат, ревидираат, и категоризираат содржини
- Спроведуваад пребарување
- Објавуваат коментари
- Учествуваат во форуми
- Гласаат на анкети
- Работат на проекти кои учествуваат во работа на заеднички проекти
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „CHANGELOG.txt“. Архивирано од изворникот на 2011-07-05. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ Deelstra, Heine (2009-01-15). „Security updates and bugfixes available: Drupal 6.9 and 5.15 released“. Drupal. Архивирано од изворникот (HTML) на 2016-04-14. Посетено на 2009-01-18.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2009-02-28. Посетено на 2007-08-15.
- ↑ "Drupal Download Statistics," http://buytaert.net/tag/statistics
- ↑ "Growth Graphs," http://groups.drupal.org/node/1980
- ↑ (Функционалностите на јадрото на Друпал се опишани во мрежниот "Drupal Handbook" почнувајќи од http://drupal.org/handbook/modules Архивирано на 28 јули 2008 г..
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Drupal website Архивирано на 19 октомври 2019 г.
- Documentation for developers Архивирано на 28 октомври 2010 г.
- Drupal Cookbook (for New Drupallers)
- Drupal Association Архивирано на 8 февруари 2014 г.
|