Прејди на содржината

Друштво Србо-Македонци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Друштвото Србо - Македонци од Цариград е асоцијација на македонски интелектуалци [1]. Целата на друштвото е афирмација на македонскиот национален индивидуалитет и борба против бугарската црковно - просветната пропаганада во Македонија [1]. Асоцијацијата била под влијание на некои од пропагандите, првенстевено српската пропаганда, поради нејзиниот дотогаш отворен македонистички настап[1].

Програмата на Друштвото Србо - Македонци

[уреди | уреди извор]

1. Во Цариград да се печати еден Македонски весник на чист македонски јазик[2]

2. Откажување на Македонците од Бугарскиот егзарх[2]

3. Обнова на Охридската архиепископија која ќе зависи Цариградската патријашија[2]

4. На Македонскиот народ да му се докажува дека не се Бугари[2]

5. Протерување на бугарските владици и учители од Македонија и нивна замена со Македонци[2]

Барањето до Великиот везир

[уреди | уреди извор]

Во 1887 година во Цариград, Коста Групче и Наум Евро со посредство на српскиот дипломатски претставник Стојан Новаковиќ, од Великиот везир побарале издавање на Македонски лист[3]. Весникот требало да се издава на чист македонски дијалект[3] и би пропагирал дека:

нашата таковина нема ништо општо со околните државички... и избегнување и строго предупредување од нивните интриги [3]


Меѓу другото на Великиот везир му било истакнато:

... откако се роди бугарското црковно прашање, со него се фрли семето на раздор меѓу христијаните - раја, кое и донесе големи несреќи на нашата татковина, а според интригите на туѓите пропаганди, бевме на најлоша среќа да ја примиме бугарската народност , којшто за нас Македонците е сосема туѓа[3]


Барањето не било прифатено од страна на Великата порта и тие биле одбиени.

Обраќањето до претставниците на Големите сили

[уреди | уреди извор]

Откако биле одбиени од Високата порта, тие се обратиле до диоломатските претставници на Големите сили во Цариград и до нив истакнале:

Романија, Србија, Грција и Бугарија не мируваат и интригираат, а полето на нивните интриги е нашата татковина Македонија, која поради важноста на својата географска положба... ги електризира срцата на речените државички, и поради тоа непрестајно се бунтуваат и претендираат на нашата татковина како законски наследници... за да се искорени тоа, треба да се искоренат тие илузии... а, тоа може да го направи само македонското население, кое треба да му објави на светот дека е посебен народ, со посебна историја, нарави и обичаи и дека нема ништо општо со околните државички. Па според тоа никој нема право да претендира на Македонија и таа им останува на Македонците[2]


Влијание на српската пропаганда

[уреди | уреди извор]

Српското влијание првенстевено се гледа во јазикот. Се предлага да се пишува на чист македонски јазик[2], но бидејќи македонскиот јазик не бил книжевно обработен, требало бугарските изрази да се заменат со српски[2]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет, страна 216
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Документи за борбата на македонскиот народ... т. 1
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Љ. Љапе, Одбрани текстови II дел

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]