Душан Ковачевиќ
Душан Ковачевиќ | |
---|---|
Душан Ковачевиќ на Белградски Саем на книга, 22 октомври 2007. | |
Роден(а) | 12 јули 1948 Мрѓеновац, ФНР Југославија (денес Србија) |
Занимање | сценарист и театарски режисер |
Душан Ковачевиќ (Мрѓеновац кај Шабац, 12 јули 1948) е српски академик, драмски писател, сценарист и театарски работник. Гимназија завршил во Нови Сад 1968. година. Академија за театар, филм, радио и телевизија студирал во Белград, дипломирал на отсек за Драматургија 1973. година.
Работа и дела
[уреди | уреди извор]Душан Ковачевиќ е автор на голем број драмски дела со комична содржина во кои е застапена и гротеската, односно присуство на смешно и крајно сериозно, убаво и грдо, стилизирано и недоквакано, традиционално и малограѓанско. Таквата слика на општествената стварност и актуелниот живот станува не само препознатлива туку и потполна и комплексна. Во неговите остварувања се бришат оштрите жанровски разлики и доаѓа до преплетување на комедија на карактер, комедија на табиет, фарса и драма во потесен смисол, впрочем како што е испреплетен и самиот живот. Често, као драмски писател, се споредува со Бранислав Нушиќ.
Најпознати негови остварувања се:
- Маратонците го трчаат почесниот круг (1972),
- Радован III (1973),
- Пролет во јануари (1977),
- Свемирски змеј (1977),
- Луминација на село (1978),
- Кој тоа таму пее (1980),
- Собирен центар (1982),
- Балкански шпион (1983),
- Свети Ѓорѓи ја убива аждајата (1984),
- Клаустрофобична комедија (1987),
- Професионалец (1990),
- Урнебесна трагедија (1991),
- Лари Томпсон, трагедија на една младост (1996),
- Контејнер со пет ѕвездички (1999),
- Доктор Шустер (2000),
- 20 српски поделби (на Србите на Срби) (2008),
- Генерална проба на самоубиство (2010),
- Живот во тесни чевли (2011),
- Реинкарнација (2011).
Го напишал сценариото за филмот на Емир Кустурица, Подземје.
Теми
[уреди | уреди извор]Во сите овие дела Душан Ковачевиќ ги дава сите аспекти од секојдневниот живот, обојувајќи го од време на време и со алузии на политика и сè што таа носи со себе. Дејствието во неговите дела опфаќа обично повеќе нивоа на општествениот живот, разни занимања и идеолошки определувања во времето кое ни е блиско и по содржините многу препознатливо.
Ја објавил книгата „Век, календар за годините кои поминале“ (1998). Живее и работи како професионален писател во Белград.
Награди
[уреди | уреди извор]- „Награда Радоје Домановиќ“ за целокупен придонес за српската книжевна сатира
- „Награда Зоран Радмиловиќ“ за животно дело, 2012. во Зајечар[1]
|