Прејди на содржината

Експресионизам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Експресионизаммодернистички правец во уметноста и во книжевноста со средиште во Германија, а својот врв го доживува во годините околу Првата светска војна.

Идеја и појава

[уреди | уреди извор]

Експресионизмот тежнее кон изразување на внатрешните напнатости, екстатичности, визионерството. Во ликовната уметност се забележува посебно акцентирање на боите, а како претходник во сликарството се смета Ван Гог.

Во литературата, се одликува со истакнување на лирски и драмски форми со слободен стих, екстатичен тон, хиперболичен израз.

Експресионистите ја отфрлаат идејата за прекрасното во вид на склад, хармонија и остварено единство на надворешното и внатрешното. Затоа експресионистите ќе „запрат“ и кога нешто не е докрај доречено. Во сето ова има нешто што потсетува на романтизмот. Оваа сличност не е случајна: и двата правца се спротивставуваат на реализмот.

Експресионизмот зазема посебно место меѓу уметничките правци затоа што зафаќа релативно најшироко подрачје и остава траги сè до нашето време.

Истакнати македонски експресионисти

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]