Елбасански универзитет
Universiteti Aleksandër Xhuvani | |
Основан | 12 ноември 1991 |
---|---|
Ректор | Проф. Д-р Скендер Топи |
Место | Елбасан, Албанија |
www.uniel.edu.al |
Елбасанскиот универзитет или Универзитет „Александер Џувани“, - установа за високо образование сместена во Елбасан, Албанија. Поделена е на пет факултети: природни науки, хуманистички науки, економија, образовни науки и медицински и технички науки. Ректор на универзитетот е Проф. Д-р Скендер Топи.
Историја
[уреди | уреди извор]Универзитетот „Александар Џувани“ е наследничка установа на „Елбасанското нормално училиште“ (албански: Shkolla Normale e Elbasanit), установа за обука на наставници, основана на 1 декември 1909 година. „Нормалното училиште“ било средно училиште - првото што предавало на албански јазик. Тоа продолжува да постои како училиште во рамките на Универзитетот и се нарекува „Педагошко нормално училиште“.
Првото основање на установа за високо образование во Елбасан се случило во 1971 година со основањето на Високообразовниот институт „Александер Џувани“. Оваа установа се состоела од неколку оддели за обука на наставници (албански јазик и литература, математика и физика, историја и географија, хемија и биологија), како и оддели за инженерство и економија кои биле дисперзии на Тиранскиот универзитет. На 12 ноември 1991 година, Институтот станала Универзитет „Александер Џувани“.
Универзитетот го носи името на Александер Џувани, албански филолог и воспитувач.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Список на универзитети во Албанија
- Агенција за обезбедување квалитет во високото образование
- Список на колеџи и универзитети
- Список на колеџи и универзитети по земја
- Автобуска несреќа кај Ќафа е Вишес