Прејди на содржината

Ерик Берг (фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерик Берг

Андерс Ерик Берг Јохансон (30 декември 1988) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец или одбранбен играч. Започнувајќи ја својата кариера во Фалкенбергс во 2008 година, тој продолжил подоцна да ги претставува тимовите на ГАИС, Малме,белгиски Гент и дански Копенхаген пред да се пензионира во тимот на Ѓургарденс во 2021 година. Како интернационалец помеѓу 2014 и 2016 година, тој одиграл 12 натпревари за репрезентацијата на Шведска и играл на УЕФА ЕВРО 2016 година. (Европско првенство во фудбал)

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Фалкенберг

[уреди | уреди извор]

Берг ја започнал својата кариера во тимот од Суперетан лигата во клубот Фалкенбергс ФФ во 2008 година кога бил промовиран да настапува во првиот тим. Тој бил честа замена во неговата прва сезона во клубот, но имал и натпревари кој ги започнал како стартен играч. Тоа биле вкупно 10 натпревари од 23 одиграни. Во сезоната 2009, Берг се промовирал како редовен во стартната екипа бидејќи одиграл 27 натпревари од вкупно 30. Исто така постигнал 4 гола во сезоната 2009 додека играл како играч од средниот ред. Неговата залиха на голови се зголемила на 7 во сезоната 2010 кога одиграл 27 натпревари за тимот на Фалкенберг. Во сезоната 2011 Берг успеал да одигра 21 натпревар и да постигне вкупно 6 гола пред да премине да игра во Алсвенскан лигата за клубот ГАИС.

Берг преминал во тимот ГАИС на 1 септември 2011 година.[1] ГАИС како тим одлучил тој да игра на позицијата дефанзивец наместо како играч од средниот ред. Во својата прва сезона во ГАИС и во Алсвенскан одиграл 7 натпревари и постигнал еден гол. Во сезоната 2012 одиграл 27 натпревари од вкупно 30 и постигнал 4 гола. ГАИС во таа сезона испаднале од првата лига и минале во втората лига или Суперетан на крајот од сезоната. Берг бил избран за играч на годината во тимот на ГАИС во 2012 година.[2]

На 12 декември 2012 година, Берг бил претставен како играч на Малме. Тој му се приклучил на клубот на 1 јануари 2013 година кога и се отворил трансфер системот во Шведска. Берг потпишал четиригодишен договор кој траел до крајот на сезоната 2016.[3] Во текот на неговата дебитантска сезона во клубот Берг одиграл 17 натпревари во лигата, и играл на местото на Филип Хеландер бидејќи се повредил. Берг постигнал два гола на три натпревари за клубот за време на групната фаза на Свенска Куп 2012-13 (шведски фудбалски куп) пред почетокот на лигашката сезона. Восезоната 2014 Берг одиграл значително повеќе натпревари бидејќи редовниот Понтус Јансон бил заминат во друг клуб. Берг одиграл 25 натревари во лигата и десет натпревари во УЕФА Лигата на шампионите, од кои пет натпревари биле во групната фаза. За своите настапи во лигата Берг бил номиниран за наградата Алсвенскан одбранбен играч на годината.[4]

На 9 јули 2015 година, Берг го напуштил шведскиот фудбал за прв пат бидејќи се согласил да се приклучи на Белгиската Про Лига во клубот Гент за време од 4 години. Во новиот клуб нему му бил доделен дресот со број 5.[5] Својот прв натпревар за тимот на Гент го одиграл на 31 јули 2015 година во победата од 1:0 на домашен терен против тимот на Генк.[6] Берг продолжил уште на осум натпревари за Гент, и тоа сите во лигата, пред конечно и дефинитивно да го напушти клубот во јануари 2016 година.[7]

Копенхаген

[уреди | уреди извор]

На 18 јануари 2016 година, Берг потпишал за данскиот суперлигаш Копенхаген за сума која никогаш не била јавно презентирана. Тој потпишал договор до 2020 година и го носел дресот со број пет.[8]

Ѓургарден ИФ и неговото пензионирање

[уреди | уреди извор]

На 26 јуни 2018 година, Берг бил претставен од страна на Алсвескан Ѓургарден за необјавена и тајна цена за која се шпекулирала дека е во опсег од 8 до 9 милиони СЕК (шведски круни).[9] Тој потпишал четири и половина годишен договор со кој ќе останел во клубот од Стокхолм до 2022 година каде ќе го носи дресот со број 21.[10] Во 2019 година му помогнал на клубот да ја освои титулата во Алсвенскан лигата.[11]

На 11 јуни 2021 година, Берг го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал по неколку сезони во кои го мачеле повредите.[12]

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Берг првиот свој настап за Шведска го имал во 2014 година.[13] Бил избран да настапува на ЕВРО 2016 каде играл на сите три натпревари пред Шведска да биде елиминирана во групната фаза. Берг се повлекол од државната репрезентација по турнирот на 27-годишна возраст, откако одиграл вкупно 12 меѓународни натпревари.[14]

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Берг е во брак со телевизиската водителка Карина Берг . Тој го променил своето презиме Јохансон со презимето на неговата сопруга во 2019 година, откако се венчал и стапил во брак.[15]

За разлика од другите фудбалери, тој ја има необичната особина да е тотално незаинтересиран за гледање на фудбал. Секогаш ги гледал игрите на телевизија или на снимка само кога требало да се подготвува за претстојните натпревари.[16][17]

Статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Од 2 ноември 2019 година. [7]
Клуб Сезона Лига, одиграни натпревари и постинати голови Натпревари во куп Континтални или Европски натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Фалкенберг ФФ 2008 Суперетан

втора шведска лига

23 0 23 0
2009 Суперетан 27 4 27 4
2010 Суперетан 27 7 1 0 28 7
2011 Суперетан 21 6 3 1 24 7
Вкупно 98 17 4 1 102 18
ГАИС 2011 Алсвескан

прва шведска лига

7 1 0 0 7 1
2012 Алсвенскан 27 4 1 0 28 4
Вкупно 34 5 1 0 35 5
Малме ФФ 2013 Алсвенскан 17 0 2 2 5 0 24 2
2014 Алсвенскан 25 0 5 0 10 0 40 0
2015 Алсвенскан 13 2 4 0 0 0 17 2
Вкупно 55 2 11 2 15 0 81 4
Гент 2015–16 Белгиска про лига 9 0 0 0 0 0 9 0
Вкупно 9 0 0 0 0 0 9 0
Копенхаген 2015–16 Данска Супер лига 13 0 3 0 0 0 16 0
2016–17 Данска Супер лига 28 1 3 0 15 0 46 1
2017–18 Данска Супер лига 11 2 0 0 4 0 15 2
Вкупно 52 3 6 0 19 0 77 3
Ѓургарден ИФ 2018 Алсвенскан 11 0 0 0 2 0 13 0
2019 Алсвенскан 11 2 0 0 11 2
2020 Алсвенскан 21 3 0 0 1 0 22 3
Вкупно 43 5 0 0 3 0 46 5
Вкупна кариера 291 32 22 3 37 0 350 35

Меѓународни натпревари

[уреди | уреди извор]

Настапи и голови во репрезентацијата по години [18]

Репрезентација Година Натпревари Голови
Шведска 2014 година 1 0
2015 година 7 0
2016 година 4 0
Вкупно 12 0
  1. „Erik Johansson klar för GAIS“. gais.se. GAIS. 1 September 2011. Архивирано од изворникот на 14 October 2014. Посетено на 7 December 2012.
  2. „Erik och supportrarna årets spelare“. gais.se. GAIS. 1 September 2011. Архивирано од изворникот на 14 October 2014. Посетено на 7 December 2012.
  3. „Erik Johansson klar“ (шведски). mff.se. 12 December 2012. Архивирано од изворникот на 13 January 2013. Посетено на 12 December 2012.
  4. „Här är vinnarna i Allsvenskans stora pris“. allsvenskan.se (шведски). Allsvenskan. 6 November 2014. Архивирано од изворникот на 19 January 2015. Посетено на 19 January 2015.
  5. „Erik Johansson tekent voor 4 seizoenen“. kaagent.be (шведски). KAA Gent. 9 July 2015. Архивирано од изворникот на 22 August 2016. Посетено на 18 January 2016.
  6. „Gent vs. Genk - 31 July 2015“. uk.soccerway.com/ (англиски). Soccerway. 18 January 2016. Посетено на 18 January 2016.
  7. 7,0 7,1 „Erik Johansson“. soccerway.com (шведски). Soccerway. Посетено на 13 January 2013.
  8. „F.C. København køber Erik Johansson“. fck.dk (дански). FC Copenhagen. 18 January 2016. Посетено на 18 January 2016.
  9. „AVSLÖJAR: Djurgården mot genombrott – nära jätteaffär med FCK-stjärnan“. fotbolldirekt.se (шведски). Fotboll Direkt. Посетено на 26 June 2018.
  10. „Erik Johansson klar – presenteras i dag“. Expresse (шведски). Посетено на 26 June 2018.
  11. „Avslöjar: Erik Berg är nära att bryta med Djurgården“. www.expressen.se (шведски). Посетено на 2021-06-11.
  12. „Erik Berg avslutar karriären: "Jag har gett allt". fotbollskanalen (шведски). Посетено на 2021-06-11.
  13. http://www.uefa.com/uefaeuro-finals/season=2016/teams/team=127/squad/index.html
  14. „svenskfotboll.se“. www.svenskfotboll.se.
  15. „Allsvenska stjärnan byter namn: "Blir kul att se tröjan". Aftonbladet.
  16. „Erik Johansson - den angrebslystne forsvarer der ikke gider se fodbold“. unibet.dk (дански). Unibet. April 2018. Посетено на 26 May 2018.
  17. „Solbakken løfter sløret for sine FCK-profiler: Sådan er de i virkeligheden“. bt.dk (дански). BT. 29 September 2016. Посетено на 26 May 2018.
  18. „Erik Berg - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se. (шведски). Посетено на 2021-06-11.[мртва врска]

 Надворешни врски

[уреди | уреди извор]