Прејди на содржината

Животот и времето на судијата Рој Бин (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Животот и времето на судијата Рој Бин (англиски: The Life and Times of Judge Rpy Bean) - американски филм од 1972 година, во режија на Џон Хјстон (John Huston), според сценариото на Џон Милус (John Milius). Главните улоги ги толкуваат: Пол Њуман (Paul Newman), Викторија Принсипал (Victoria Principal), Ава Гарднер (Ava Gardner), Нед Бити (Ned Beatty), Жаклин Бизе (Jacqueline Bisset), Ентони Перкинс (Anthony Perkins), Стејси Кич (Stacey Keach) и Роди Мекдавал (Roddy McDavall). Филмот за самонаречениот судија Рој Бин е посветен на вистинската историска личност која е дел од митологијата на Дивиот запад. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категоријата за најдобра песна („Marmelade, Molasse & Honey“ на авторите Mauricea Jarrea и Alana и Marilyn Bergman), како и за наградата „Златен глобус“ во две категории (најдобра песна и најдобра глумица-дебитантка).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

На крјаот од 19 век, на подрачјето западно од реката Пекос, во Тексас, владее безаконие. Рој Бин (го игра Њумен) пристигнува во мало место, западно од Пекос, кое се состои од импровизирана кафеана, корал и неколку колиби. Таму, тој е претепан од страна на локалните силеџии, по што го негува младата Мексиканка Марија Елена (ја игра Принсипал). Откако закрепнува, Рој Бин се враќа во кафеаната и ги убива силеџиите, потоа ги закопува според христијанските обичаи и најпосле, себеси се прогласува за судија. Набргу, Рој поставува и свои помошници и почнува да ги спроведува „законите“ кои ги измислува самиот во секоја посебна прилика. Марија Елена му станува девојка, а постепено местото се развива. Во меѓувреме, Рој ја обожава познатата глумица Лили Ленгтри (ја игра Гарднер) која никогаш не ја видел. Еден ден, во местото пристига адвокатот Гас (го игра Перкинс), кој тврди дека целата земја е негова. Рој грубо му ги негира сопственичките права, па затоа адвокатот планира одмазда, па дури се обидува и да го убие. Во една прилика, Рој дознава дека Лили гостува во соседниот град и оди да ја види, но таму е ограбен од еден измамник, кој му ветува дека ќе го внесе во нејзината гардероба. Кога се враќа во своето место, Марија Елена родила ќерка, но набргу умира. Тогаш, Рој дознава дека за време на неговото отсуство, адвокатот организирал избори на кои тој бил избран за градоначалник. Разочаран, Рој го напушта местото. Годините минуваат и во местото се открива нафта, а адвокатот Гас станува апсолутен господар, кој својата власт ја остварува со помош на изнајмени криминалци. Еден ден, адвокатот Гас ѝ дава ултиматум на ќерката на Рој Бин (ја игра Бисе) да се исели од кафеаната, но тогаш се појавува Рој. Најпрвин, тој ги собира своите некогашни помошници (кои во меѓувреме осиромашиле), а потоа тие ги убиваат луѓето на адвокатот Гас и го палат местото. Притоа, Рој Бин, јавајќи на коњот, влегува во запалениот хотел, бркајќи го адвокатот Гас и така завршува неговиот живот. По тој настан, местото повторно опустува, а кафеаната е претворена во музеј на Рој Бин. Еден ден, таму пристигнува Лили Ленгтри која го чита писмото што ѝ го напишал Рој во кое го изразува својот восхит кон неа.[1]