Заечарски Округ
Заечарски Округ Зајечарски управни округ | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Округ во Србија | ||||||||||||||
Images from the Zaječar District | ||||||||||||||
Местоположба на Заечарскиот Округ во Србија | ||||||||||||||
Држава | Србија | |||||||||||||
Статистички регион | Јужна и Источна Србија | |||||||||||||
Административно седиште | Заечар | |||||||||||||
Управа | ||||||||||||||
• Градоначалник на округот | Владан Пауновиќ | |||||||||||||
Површина | ||||||||||||||
• Вкупно | 3,623 км2 (1,399 ми2) | |||||||||||||
Население (попис од 2011) | ||||||||||||||
• Вкупно | 119,967 | |||||||||||||
• Густина | 33,1/км2 (86/ми2) | |||||||||||||
ISO 3166 | RS-15 | |||||||||||||
Општини | 3 и 1 град | |||||||||||||
Населби | 173 | |||||||||||||
- Градови | 5 | |||||||||||||
- села | 168 | |||||||||||||
Мреж. место | zajecarski.okrug.gov.rs |
Заечарски Округ — округ кој се наоѓа во источниот дел на Република Србија. Вклучува град и општини:
- Град Заечар градска населба Заечар ,
- Општина Бољевац градска населба Бољевац,
- Општина Књажевац, градска населба Књажевац и
- Општина Сокобања градска населба Сокобања.
Има вкупно 119.967 жители (попис 2011 година). Седиште на округот е градот Заечар.
Култура и стопанство
[уреди | уреди извор]Феликс Ромулијана (Галерија палата) во Гамзиград, бил престолнина на римскиот цар Гај Галериј Валериј Максимилијан, од крајот на III и почетокот на IV век. Врз основа на откриениот материјал, Гамзиград се вбројува меѓу најрепрезентативните римски градови на Балканот. Таму се пронајдени бројни историски материјали (накит, пари, орудија, оружје) како сведоштво за големата цивилизација на овие простори. Стопанскиот развој на градот Заечар се движел од занаетчиска и полуиндустриска преработка на земјоделски производи и експлоатација на богатството на јаглен.
Демографија
[уреди | уреди извор]Етнички групи во округо согласно пописот од 2011 година:[1]
- Срби = 105.231 (87,72%)
- Власи = 6.561 (5,47%)
- Роми = 2.042 (1,70%)
- Македонци = 234 (0,20%)
- Бугари = 223 (0,19%)
- Црногорци = 140 (0,12%)
- Хрвати = 119 (0,10%)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Population by ethnicity and sex, by municipalities and cities“. Посетено на 14 March 2014.
|