Зграда на Министерството за образование (Струга)
Зграда на Женското занаетско училиште/Министерството за образование | |
---|---|
Зградата гледана од југ, 2022 година | |
Општи податоци | |
Адреса | ул. „Владо Малески“ (порано „Партизанска“) |
Град | Струга |
Земја | Македонија |
Завршена | 1935[1] |
Нарачател | Драга Јевтиќ[1] |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Зграда на Женското занаетско училиште, познато и како Подрачна зграда на Министерството за образование ― стара зграда во Струга. Зградата е вистински показател на архитектонско градежните вредности на периодот во кој била изградена. Зградата припаѓала на поранешното занаетско училиште наменето за женски и на подрачното одделение на Министерството за образование. Заедно со Старата зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“, зградата е прогласена за Споменик на културата под називот Образовен комплекс на ул. „Партизанска“ бр. 4.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Како пишува на плочата поставена на самата зграда, градбата била подигната во 1935 година од страна на Драга Јевтиќ. Таа била професор од Белград, чии што родители биле од Струга.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата е класичен претставник на градската архитектура, кој датира од почетокот на XX век, поточно во 1935 година. Изградена е со висина од П+1 кат, при што во двете катни висини како градежен материјал била користена полна тула. Во приземјето таа има правоаголен облик, додека катот на јужната фасада од двете страни е повлечена со што се добиени две странични тераси, оградени со профилирана ограда од балустради. На тој начин е збогатен надворешниот изглед на градбата. Фасадата е икрасена со благи профилирани елементи. Од сите страни градбата е оивична со вертикални пиластри. Кај меѓукатната конструкција и стреата се створени хоризонтални фризови, додека отворите се украсени со второстепена пластика со изглед на пиластрите. Целосната столарија во градбата е дрвена, а на некои од приземните прозорски отвори се поставени заштитни метални решетки од надворешна страна. Меѓукатната конструкција е дрвена како и покривот, кој заради разиграноста на катот е повеќеводен и покриен со ќерамиди. Градбата го задржала првичниот фасаден изглед, а за евентуални промени во неговата внатрешност не постојат податоци.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезната врата
-
Западните прозорци
-
Спомен плочата поставена на јужниот ѕид
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Споменичка целина Образовен комплекс“. Управа за заштита на културното наследство. 2012. Архивирано од изворникот на 2017-10-23. Посетено на 10 ноември 2022.
- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 9 август 2021. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Архитектонски објект министерство за образование – п.е. струга“. Управа за заштита на културното наследство. 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 9 ноември 2022.