На овие игри, за првпат во натпреварувачката програма се нашле дисциплините од спортот алпско скијање. Меѓутоа, поради аматерските правил, на учителите по скијање им било забрането учеството, бидејќи ги сметале за професионалци. Поради тоа, алпските скијачи од Франција и Швајцарија ги бојкотирале натпреварите во овој спорт.
Ивар Балангруд освоил 3 златни (во трките на 500, 5000 и 10000 m) и 1 сребрен медал (во трката на 1500 m) во четирите дисциплини во брзо лизгање.
Во хокеј на мраз се случило големо изненадување, кога златниот медал го освоиле репрезентативците од Велика Британија, кои во клучниот натпревар ја совладале репреентацијата на Канада со 2-1. Сепак, дури десетмина од вкупно дванаесет хокеари на Велика Британија тренирале во Канада.
Медалите, со кои биле одликувани најдобрите на овие игри, биле најголемите и најтешките досега. Тие имале пречник со должина од 100 mm, дебелина од 4 mm и маса од 324 g.
Спортистите биле одликувани со медали во 17 дисциплини во 8 спортови. Демонстративни спортови биле воена патрола (спорт сличен на биатлон) и ајсшток (спорт сличен на карлинг).
а Во 1940 година, Летните олимписки игри требале да се одржат во Токио, а Зимските во Сапоро, но не се одржале поради Втората светска војна, со што обете Олимписки игри не биле одржани уште еднаш во иста земја.