Знаме на Алјаска
Употреба | граѓанско и државно знаме |
---|---|
Сразмер | 125:177 |
Усвоено | јули 9, 1927 |
Опис | Осум златни ѕвезди, во форма на „Големата кола“, на сина позадина. Северната Ѕвезда е поголема од другите 7. |
Творец | Бени Бенсон |
Знамето на Алјаска е државно знаме на Алјаска, кое се состои од осум златни ѕвезди, формирајќи ја Големата кола и Северницата, на темносино поле. Големата кола е астеризам во соѕвездието Голема мечка што симболизира мечка, домородно животно за Алјаска. Како што е прикажано на знамето, нејзините ѕвезди можат да се користат како водич од почетниците за да ја лоцираат Северница и да утврдат вистински север, што значително варира од магнетен север .[1]
Дизајнот бил создаден од Бени Бенсон од Сивард и избран од приближно 700 записи во натпревар од 1927 година. Во 2001 година, било спроведено истражување од страна на Северноамериканската вексилолошка асоцијација, каде што знамето на Алјаска било избрано на петтото место по квалитет во дизајнот, од вкупно 72-те рангирани канадски провинциски, американски држави и американски територијални знамиња. Само подобар резултат оствариле знамињата на Ново Мексико, Тексас, Квебек и Мериленд.[2]
Дизајн и потекло
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]- Симболи на државата Алјаска
- Печат на државата Алјаска
- Ѕвезден плуг (знаме)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Каталог на изложбата „Осум ѕвезди“ во државниот музеј на Алјаска, во формат PDF
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jeff Goodman. „Magnetic North Pole vs. Geographic North Pole“. Reich College. Архивирано од изворникот на 2008-12-31. Посетено на 2009-10-14.
- ↑ Archive.org copy of now-offline NAVA survey results