Знаме на Брунеј
Знамето на Брунеј е националното знаме на државата усвоено на 29 септември 1959 кога државата била британска колонија. Знамето се официјализирало кога Брунеј станал независен на 1 јануари 1984. Знамето го содржи националниот грб на Брунеј во средина на жолта основа. Позадината е пресечена од две ленти во црна и бела боја кои се дијагонално поставени.
Грбот ги содржи следните елементи: полумесечина (симбол на исламот), парасол (симбол на монархијата) и две ракавици од страните. Под полумесечината има лента со арапски натпис „Држава Брунеј“ заедно со националното мото „Секогаш во служба со Господово водство“.
Жолтата боја е боја на кралската лоза додека црната и белата ги претставуваат главните министри.
Историски знамиња
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Знамето и грбот на Брунеј Архивирано на 4 август 2006 г.
|