Илија Чулев
Изглед
Илија Чулев | ||
Роден | Илија Чулев 1908 Кавадарци, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1 февруари 1950 Идризово, СФР Југославија во затвор | (возр. 41–42)|
Националност | Македонец | |
Занимање | лекар |
Илија Чулев ( 1908 во Кавадарци — 1 февруари 1950 во Скопје) — македонски лекар, член на ВМРО (Обединета) и учесник во НОБ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Се школувал во Кавадарци и Велес и на Медицинскиот факултет во Загреб.
Од 1933 година се вклучил во ВМРО (Обединета). Бил пратеник на Кралството Југославија во 1938 година.
Во Втората светска војна бил лекар во Прешево и во 1944 година се вклучил во Деветтата, а потоцна во Единаесеттата македонска ударна бригада како лекар.
Во 1946 година бил осуден на 10 години затвор како член на тајната организација Демократски фронт на Македонија „Илинден 1903“. Починал во затворот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)