Прејди на содржината

Илустрирано време (весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илустрирано време — едно од најпопуларните илустрирани весници што се издавале во Србија во периодот меѓу двете светски војни.[1] Било објавувано во текот на 1930 и 1931 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Весникот „Илустрирано време“ било објавувано во текот на 1930 и 1931 година. Излегувало еднаш неделно, во сабота. Првото издание било издадено на 1 март 1930 година а последното на 10 октомври 1931 година. Го издавало печатарско-издавачкото друштво „Време“, истата компанија што го издавала и дневниот весник Време.

На крајот на првата година од објавувањето, уредниците им понудиле на читателите врзан сет од сите изданија за 1930 година, во платнено или кожно пакување.[2]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Содржината на весникот била забавна. Содржело илустрации во боја и црно-бело, како и цртежи. Ги следеле главните политички, културни и други општествени настани во земјата и светот,[3] а областите на кои работеле биле: филм, театар, мода, уредување на домот, готвење, совети за убавина, споменици на културата, важни личности и други. Освен овие содржини, Илустрирано време содржело и содржини наменети за деца, страници посветени на хумор, енигматични криминални приказни и други забавни содржини.[4] Содржината била придружена и со различни реклами, од оние за чоколадото Шонда до оние за моторното масло Шел препорачани од Фиат.[5]

Литературни конкурси

[уреди | уреди извор]

Уредниците на Илустрирано време организирале и литературни натпревари.

  • Веќе во првото издание бил објавен првиот литературен конкурс за најдобар расказ „чиј автор е дама“. Наградите биле: првата — златен женски часовник „со емајл“, втората — парична награда од 500 динари (за споредба, цената на комплетот од сите изданија за цела 1930 година во кожна обврзница чинел 360 динари)[2] и третата — бесплатен весник за една година.[6]

Имињата на членовите на жирито биле објавени во 5 број од 29. март 1930 година. Жирито го сочинувале:

Дигитализација

[уреди | уреди извор]

Речиси сите изданија на овој весник може да се најдат дигитализирани на веб-страницата на Дигиталната библиотека на град Белград.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „1926 – 1930“. Svedočanstvo vremena - On-line istorijska štampa. Посетено на 13. 11. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Комплет "Илустрованог Времена". Илустровано Време. бр. 43: 19. 20. 12. 1930. Посетено на 13. 11. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „ILUSTROVANO VREME“. Aukcijska kuća Barac&Pervan. Посетено на 13. 11. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. 4,0 4,1 „Илустровано Време“. Дигитална Библиотека Града Београда. Библиотека Града Београда. Посетено на 13. 11. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Рекламе“. Илустровано Време. година 1. бр. 10: 2 и 24. 3. 5. 1930. Посетено на 13. 11. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  6. „Књижевни конкурс Илустрованог Времена“. Илустровано Време. година 1. бр. 1: 13. 1. март 1930. Посетено на 13. 11. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)