Прејди на содржината

Илчо Наумоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илчо Наумоски
Лични податоци
Полно име Илчо Наумоски
Роден на 29 јули 1983(1983-07-29)(41 г.)
Роден во Прилеп, Југославија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција Напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Македонија Вардар
Број 50
Младинска кариера
1995-2000 Рапид Виена
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2004 Грацер 22 (8)
2004 Малатијаспор 3 (0)
2005 Катанија 0 (0)
2005–2013 Матерзбург 227 (51)
2013 Интер Баку 4 (0)
2014– Вардар 3 (2)
Репрезентација
2003– Македонија 45 (9)
* Ажурирано на: 22 декември 2013
** Ажурирано на: 13 јуни 2012

Илчо Наумоски (роден на 29 јули 1983 во Прилеп, Југославија) — македонски фудбалер кој игра за Вардар во македонското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Наумоски својата фудбалска кариера ја започнал во австрискиот клуб Грацер. Својот прв погодок во Австриската Бундеслига го постигнал на 17 август 2002 година во натпреварот против Рапид Виена кој завршил со резултат 1-1. Во премиерната сезона во Австриската Бундеслига тој одиграл 12 натпревари и постигнал пет голови, а клубот го освоил второто место во лигата. Следната сезона Наумоски играл во Лигата на Шампионите каде бил елиминиран во последното - трето квалификационо коло од Ајакс. Во 2004 година, со Грацер, Наумоски ја освоил двојната круна (Австриската Бундеслига и Австрискиот Куп). Во двете сезони во Грацер, тој одиграл 22 натпревари и постигнал осум голови.

По две неуспешни сезони, најпрво во турски Малатијаспор, а потоа и во италијанскиот калчолигаш Катанија [1], тој повторно се вратил во Австрија, овојпат во Матерзбург. Во Матерзбург, Наумоски за многу кратко време станал клучен играч на клубот.

Во август 2013, Наумоски потпишал едногодишен договор со Интер Баку во азербеџанското фудбалско првенство, со можност на продолжување на договорот на уште една година.[2] Откако за клубот одиграл само 4 натпревари на кои не постигнал погодок, договорот на Наумоски бил предвреме раскинат.[3] На почетокот на 2014, во зимскиот преоден рок, Наумоски како слободен играч потпишал за Вардар Скопје.[4]

Кариера во репрезентативниот дрес

[уреди | уреди извор]

Наумоски својот прв натпревар за Македонската фудбалска репрезентација го одиграл на 9 февруари 2003 година во пријателски натпревар против Хрватска кој завршил со резултат 2-2. Првиот погодок за репрезентацијата го постигнал на 20 август истата година на пријателски натпревар во Прилеп против Албанија. Натпреварот завршил со резултат 3-1 во корист на Македонија.

# Дата Место Противник Резултат Исход Натпреварување
1 20 август 2003 Прилеп  Албанија 3–1 Победа Пријателски натпревар
2 11 октомври 2006 Андора ла Веља  Андора 3–0 Победа Квалификации за ЕП 2008
3 7 октомври 2007 Скопје  Андора 3–0 Победа Квалификации за ЕП 2008
4 17 ноември 2007 Скопје  Хрватска 2–0 Победа Квалификации за ЕП 2008
5 20 август 2008 Луксембург  Луксембург 4–1 Победа Пријателски натпревар
6 6 септември 2008 Скопје  Шкотска 1–0 Победа Квалификации за СП 2010
7 3 март 2010 Скопје  Црна Гора 2–1 Победа Пријателски натпревар
8 7 септември 2010 Скопје  Ерменија 2–2 Реми Квалификации за ЕП 2012
9 8 октомври 2010 Андора ла Веља  Андора 2–0 Победа Квалификации за ЕП 2012

Постигнувања

[уреди | уреди извор]
Австрија ФК Грацер
  • Австриска Бундеслига: 1
    • 2004
  • Австриски Куп: 1
    • 2004
  1. „Наумоски најде место во второлигашот Катанија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2012-06-13.
  2. „Inter striker signed a contract with a new“. www.azerisport.com/. Посетено на 22 December 2013.
  3. „Inter striker has terminated the contract with“ (азербејџански). azerisport.com. Посетено на 22 декември 2013.
  4. Илчо Наумоски е ново засилување на Вардар Архивирано на 1 јули 2014 г. telegraf.mk, 21 јануари 2014

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]