Прејди на содржината

Иркутск

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иркутск ( руски: Иркутск) е град во Русија и административен центар на Иркутската област во Сибир. Според пописот во 2010 година, во градот живееле 587 225 жители. Иркутск е оддалечен седумдесет километри од Бајкалското Езеро и е една од најважните станици на трансибирската железница, која води од Москва преку Владивосток до Пекинг. Од Москва железнички е оддалечен 5125 километри и е еден од најважните градови во Сибир. Името го добил по реката Иркут, која се влева во реката Ангара во близина на градот.

Железничката станица во Иркутск

Географски одлики

[уреди | уреди извор]
Градски театар
Поглед на градот од воздух.

Иркутск се наоѓа во јужниот дел на Сибир, недалеку од Бајкалското Езеро, тој е најголемиот град во бајкалската регија. Градот лежи на десниот брег на реката Ангара, притока на Енисеј, 45 метри под нивото на одливот од Бајкалското Езеро. Реката на ова место е широка 579 метри. На спротивниот брег се наоѓа предградието Гласковск. Изградена е брана на реката во близина на градот, зад која се наоѓа Иркутското вештачко езеро, кое се протега сè до Бајкалското Езеро. Реката Иркут, по која градот го доби своето име, се влева во Ангара спроти градот. Реката Ида односно Ушаковка исто така тече низ градот. Релјефот е ридски (падини на горите Сајан ).

Климата е остро континентална, кон поларната (како и во поголемиот дел од Сибир). Во лето, просечната температура е 18 °C, а во зима -19 ° С. Бајкалското Езеро влијае на намалување на температурните амплитуди, така што годишните температурни разлики не се толку изразени како на друго место во Сибир. Количината на врнежи не е голема бидејќи централниот дел на Сибир е многу далеку од морето. Најмногу врнежи паѓаат во лето. Во областа околу градот расте густа зимзелена шума тајга.

Историја

[уреди | уреди извор]

Иркутск е основан како козачка тврдина, основана во 1652 година на брегот на Ангара. На крајот на 17 век, добил статус на град, а околу 1760 година поврзан е со Москва по пат. Градот се развил како трговски центар: од неговото подрачје се извозувале сибирски производи, а кинеската стока пристигнувала во Русија преку Иркутск.

Во декември 1825 година група руски благородници се побуниле против царот Александар. Востанието било задушено и декабристите биле протерани во Сибир. Во најголем дел, тие се населиле во Иркутск. Тие имале огромно влијание врз друштвениот и духовниот развој на градот: така се основани многу учени друштва и универзитети во Иркутск.

Градот претрпел големи штети во големиот пожар од 1879 година.

Транссибирската железница пристигнала во 1894 година до Иркутск, а веќе во 1904 година до Владивосток.

Во Советскиот Сојуз, Иркутск беше важен центар на индустријализацијата во Сибир.

Население

[уреди | уреди извор]

Според прелиминарните податоци од пописот, во градот во 2010 година живееле 587 225 жители, 6 379 (1,07%) помалку отколку во 2002 година.

Движење на бројот на жителите
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година
250 181 365 893 450 941 549 787 626 135 593 604 587 891

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
Соборна црква Казанки

Најголемото обележје на градот е Соборната црква Казанки со своите карактеристични сини куполи. Иркутск има синагога изградена во 1881 година што е неодамнешен пожар. Меѓу знаменитости се истакнуваат и Спомен куќата на декабристите, Манастир Знаменски, споменикот на цар Александар III, а од неодамна ( 2004 ), подигнат е споменик на белогардејскиот адмирал Александар Колчак, кој бил застрелан во Иркутск во 1920 година. Значаен е и Музејот на Талците, музеј на сибирската традиционална култура на отворено. Многу традиционални сибирски дрвени куќи биле преместени таму, кои морале да бидат поплавени поради изградбата на браните на сибирските реки.

Иркутск како православен центар

[уреди | уреди извор]

Најважната фигура во религиозниот живот на Иркутск е Свети Инокентиј Иркутски (1680-1731), роден како Јован Куљчицки. Кога завршил училиште во Киевската богословија, неколку години подоцна, поточно во 1710 година, тој бил поканет да присуствува на часовите на тогашната словенско-грчко-латинска академија. Девет години подоцна, по указ на Петар, тој бил прогласен за обер-јеромонах, а 1721 година како водач на православната мисија во Пекинг. Мисијата не успеала поради политички проблеми. Во 1727 година бил прогласен за архиепископ на новата Иркутска епархија. Умрел во 1731 година, во 50-та година од животот, а 1805 година бил прогласен за светец. Иркутск е сè уште седиште на владика-епископ.

Економија

[уреди | уреди извор]

Во Иркутск е најважната индустриска гранка - авионската индустрија Иркут која произведува делови за авиони. Руската влада има намера да ги обедини со Туполев, Сухој, Илушин, Микојан и други руски производители на авиони во Обединетата корпорација за производство на авиони.[1]

Во Иркутск работи големиот Алуминиумски комбинат кој припаѓа на компанијата Русал. [1]

Значајно е производството на електрична енергија од големите хидроцентрали на Ангара.

Образование

[уреди | уреди извор]

Иркутск е важен универзитетски град во Сибир, каде што работат: Источно-сибирската педагошка академија од 1909 година. Државниот универзитет Иркутск и Државниот медицински универзитет Иркутск се основани во 1918 година. Од 1932 година постои Бајкалскиот државен универзитет за право и економија, а од 1939 година Државниот технички универзитет. Од 1948 година работат Државната академија за земјоделство и Државниот лингвистички универзитет работат, од 1975 година дејствува Државниот сообраќаен универзитет, а од деведесеттите години на 20 век има бројни приватни факултети и колеџи како што се Сибирскиот институт за право, економија и менаџмент (1993), економски институт ИСТУ (1996) итн.

Бенди претходник на хокејот е најпопуларниот спорт во Иркутск, има неколку клубови, од кои најдобриот - Бајкал-Енергија [2] кој игра во Руската бенди лига, на нивните натпревари се собираат до 30 000 гледачи. [2] Бенди е популарен и кај девојките, а и тие имаат свој клуб - Рекорд .

Партнерски градови

[уреди | уреди извор]

Иркутск потпиша договори за пријателство со следниве градови;[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. "Russian Aircraft Industry Seeks Revival Through Merger." The Њујорк Times 22. фебруар 2006.
  2. Хоккейный клуб „Байкал-Энергия". Официальный сайт, Посетено на 8. 4. 2013.
  3. Irkutsk sister cities Архивирано на 23 март 2010 г., Посетено на 8. 4. 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]