Исак Сирин
Исак Сирин | |
---|---|
Роден(а) | Магдал, Бахрејн |
Починал(а) | 700, Нинив |
Почитуван(а) во | православие |
Главно светилиште | Манастир Шабер,Ирак |
Слава | 28 јануари |
Обележја | епископ, теолог |
Заштитништво | Манастир Шабер |
Исак Сирин — христијански теолог, мистик и светец од 7 век. Темите на неговата теологија се поврзани со божјата љубов. Верувал дека Бог преку својата неограничена љубов ќе донесе спасение.
Роден e во Нинива и додека бил млад се подвизувал ва манастирот „Матејски“, во близина на Нинива. Според христијанските верувања, кога се прочул заради светоста на животот и многуте чуда, бил избран за епископ Нинивски и бил присилен да го прими тој чин. Но само по пет месеци, го oставил епископството и тајно се оддалечил во пустинскиот манастир „Рабан Шабур“. Составил многу дела, од кои денеска се познати околу 100 беседи за духовниот живот и подвижништвото пишувани, главно, според сопствените доживувања[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 28 јануари.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Охридски пролог“ стр. 39
|