Прејди на содржината

Искушеник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Искушеник[1][2] — поим што се користи во религијата за да се опише лице што се спрема да се замонаши и што е подложено на некој вид проверка за да се види дали е способен за монашки живот.

Зборот потекнува од глаголот искушува, бидејќи во тој период поединецот се искушува дали може и дали цврсто сака да му го посвети животот на Бога, односно да остане во манастирот до крајот на својот живот, што, според црковното разбирање, претставува само крај на неговиот земен живот. Времетраењето искушеништво зависи исклучиво од субјективната проценка на игуменот на манастирот, кој, според црковното разбирање, треба да види дали некој е достоен да го добие монашкиот чин. Кога игуменот ќе донесе таква одлука, се повикува владиката, кој потоа свечено го ракополага дотогашниот искушеник, кој станува рамноправен член на манастирската заедница.

Поврзано

[уреди | уреди извор]