Прејди на содржината

Историја на Советскиот Сојуз (1964–1982)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дел од темата
„Историја на СССР“

(1917 — 1927)

Руска револуција
Февруарска револуција
Октомвриска револуција
Граѓанска војна
Договор за основање
Економска политика

(1927 — 1953)

Сталинизам • Голема чистка
Петгодишен план
Втора светска војна
Студена војна

(1953 — 1964)
(1964 — 1982)

Реформи од 1965
Стагнација

(1982 — 1991)

Перестројка
Гласност
Августовски пуч
Распад


Портал:СССР


Историјата на Советскиот Сојуз во периодот од 1964 до 1982 година го опфаќа периодот од владеењето на Леонид Брежнев. Поради ова, овој период е познат и како ерата на Брежнев. Овој период започнал со голем раст во економијата но завршил со голема социјална, политичка и економска стагнација. Главна причина за оваа стагнација била поради фактот што голем дел од економските реформи никогаш не биле целосно извршени.

Никита Хрушчов бил соборен како прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, како и претседателот на Советот на министри, поради неговите реформи кои не успееле и непочитување на партија и државните институции во октомври 1964 година. Брежнев го заменил Хрушчов како прв секретар и Алексеј Косигин го заменил како претседавач на Советот на министри. Анастас Микојан, а подоцна и Николај Подгорниј, станале претседатели на Президиумот на Врховниот Совет. Заедно со Андреј Кириленко како организациски секретар, и Михаил Суслов како главен идеолог, тие го основале колективното раководство, кои разлики во формата со автократија го карактеризирале владеењето на Никита Хрушчов.

Колективно раководство најпрвин си поставило за цел да се стабилизира Советскиот Сојуз и мирното советското општество. Покрај тоа, тие се обиделе да го забрзаат економскиот раст, кој бил забавен значително во текот на последните години на Хрушчов како владетел. Во 1965 година Косигин иницирал неколку реформи за децентрализација на советската економија. По првичниот успех во создавањето на економски раст, тврдокорните струи во партијата ги стопирале реформите, плашејќи се дека со тоа ќе се ослабне престижот и силата на партијата. Економскиот раст започнал да стагнира во почетокот на 1970-тите. По смртта на Брежнев во 1982 година настапил периодот на уште еден мал економски раст на советската економија, по кое следувало конечното распаѓање на земјата.

Колективно водство

[уреди | уреди извор]

По подолга борба за власт[1], Хрушчов конечно бил соборен од функцијата прв секретар во октомври 1964 година, обвинет за неуспехот на неговите реформи, неговата опсесивна реорганизација на Партијата и владиниот апарат, неговото непочитување на партија и владините институции, и неговиот надмоќен стил на водство[2]. Президиумот (Политбирото), Централниот комитет и други важни партиски и владини тела биле уморни од повторувањето на грешките на Хрушчов. Советското раководство, исто така, верувало дека неговиот поединечен стил на водство било спротивно на едно идеално колективно раководство[1]. Леонид Брежнев и Алексеј Косигин успеале да го симнат од власт на Хрушчов, како прв секретар и Премиер на земјата. На Михаил Суслов, Андреј Кириленко и Анастас Микојан (во 1965 година бил заменет од страна на Николај Подгрониј), исто така им биле доделени дадени значакни функции во новото раководство. Заедно тие го формирале колективното раководство[3].

Колективното раководство во своите рани фази, обично се нарекувало како Брежнево-Косигинско раководството [4]. По иницирањето на економските реформи од 1965 година од страна на Косигин, неговиот престиж во рамките на советското раководство застанало и неговото губење на моќта било проследено со јакнење на позицијата Брежнев во рамките на советската хиерархија[5]. Влијанието на Косигин дополнително се намалило кога Подгорниј станал втора најголема фигура во Советскиот Сојуз[6]. Брежнев уште во 1970 година направил заговор за соборување на Подгрониј од колективното раководство. Причината била едноставна: Брежнев бил трет, додека Подгрониј бил прв во рангирањето на советскиот дипломатски протокол. Отстранувањето на Подгрониј би го направил Брежнев шеф на државата, и неговата политичка моќ би се зголемила значително. За голем дел од тој период, сепак, Брежнев не бил во можност да го отстрани, затоа што тој не можел да смета на доволно гласови во Политбирото, со оглед на тоа што отстранувањето на Подгрониј би значело слабеење на моќта и престижот на колективното раководство. Подгрониј продолжил да се здобива со поголема моќ како шеф на државата во текот на раните 1970-ти, поради либералниот став на Брежнев кон Југославија и неговите разговори за разоружување со некои западни земји, политики кои голем дел од советските официјални претставници ги виделе како спротивни на комунистичките принципи.[7]. Брежнев ја зајакнал својата позиција значително во текот на раните до средината на 1970-тите години во рамките на раководството на партијата и по слабеењето на фракцијата на Косигин. Од 1977 тој имал доволно поддршка во Политбирото за соборување на Подгрониј од канцеларија и активната политика во целина[8]

Обид за атентат

[уреди | уреди извор]

Виктор Илин, обесправен советски војник, се обидел да изврши атентат врз Брежнев на 22 јануари 1969 во поворката на Брежнев низ Москва. Иако Брежнев бил повреден, загинал неговиот возач и полесно биле повредени неколку славни космонаути на советската вселенска програма, кои исто така биле во поворката. Напаѓачот на Брежнев беше фатен, и испрашуван лично од страна на Андропов, тогашен претседател на КГБ и иден советски водач. На Илин не му била изречена смртна казна.

Одбранбена политика

[уреди | уреди извор]

Советскиот Сојуз започнал со голема воена изградбата во 1965 година преку проширување на двете јадрени и конвенционални арсенали. Советското раководство верувало дека силната војска ќе биде корисна потпора во преговорите со странските сили, и ќе доведе до зголемување на безбедноста на Источниот блок од напади. Во 1970-тите, советското раководство заклучило дека војната со капиталистичките земји не означува дека може да стане јадрена, и затоа тие иницирале брза експанзија на конвенционалните сили во земјата. Поради послабата инфраструктура на земјата во споредба со САД, советското раководство верувало дека единствениот начин да се победи бил со брзо воено освојување на Западна Европа. Советскиот Сојуз станала јадрена земја која може да се споредува со САД во раните 1970-ти, по што земјата се консолидирала како велесила[9].

Брежнев, според некои од неговите најблиски советници, бил загрижен за растечките воените трошоци во 1960-тите. Советниците подоцна раскажувале како Брежнев дошол во судир со неколку врвни воени индустријалци, како Андреј Грешко. Во почетокот на 1970-тите години, според Анатолиј Александров-Агентов, еден од најблиските советници на Брежнев, изјавил дека Брежнев присуствувал на пет-часовна средба за да се обиде да ја убеди советската воена единица да се намалат воените трошоци[10]. Кога Грешко починал во 1976 година Дмитриј Устинов го наследил неговото место како министер за одбрана. Устинов, иако близок соработник и пријател на Брежнев, спречил секаков обид од страна на Брежнев да се намалат националните воени трошоци. Во неговите подоцнежни години, Брежнев немал волја за да се намалат трошоците за одбраната, поради неговото здравје[11].

Стабилизација

[уреди | уреди извор]

Брежнев наредил замена на половина од регионалните водачи и членовите на Политбирото. Ова бил еден типичен потег за советски водач кој се обидувал да ја зајакне својата моќ. Примери на членовите на Политбирото кои го загубиле своите членство за време на ерата на Брежнев се Генадиј Воронов, Дмитриј Полјански, Александар Шелепин, Петро Шеласт и Подгрониј [12]. Полјански и Воронов го изгубиле своето членство во Политбирото, бидејќи се сметале за членови на фракцијата на Косигин. На нивно место биле поставени Андреј Грешко, министерот за одбрана, Андреј Громико како министер за надворешни работи и претседателот на КГБ Јуриј Андропов.

Отстранувањето и замената на членови на советското раководство било запрено во доцните 1970-ти[13]. За време на неговата ера, Брежњев исто така, бил и претседател на Уставната комисија на Врховниот Совет, кој работел за создавање на нов устав. Комисијата имала 97 членови. Брежнев со ова учество не сакал толку да остави белег во историјата колку што посакувал да ја намали улогата на Алексеј Косигин како премиер.[14]. Новиот устав не бил ниту анти-сталинистички ниту нео-сталинистички.

На седмата посебна седница на Врховниот Совет на СССР која била одржана на 7 октомври 1977 година бил донесен едногласно новиот устав на СССР. Во преамбулата стоело дека целите на диктатурата на пролетаријатот биле исполнети и дека советската држава станала држава на целиот народ. Исто како и сите претходни верзии на Советскиот Устав, уставот од 1977 година го задржал правото на советските републики да се отцепат од Унијата. Оваа одредба подоцна одиграла важна улога во распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Доцни години

[уреди | уреди извор]

Во неговите подоцнежни години, Брежнев го развил својот сопствен култ на личноста[15]. Брежнев бил награден со Ленинската награда за литература. Овие награди биле доделени на Брежнев за да ја зајакне својата позиција во рамките на партија и на Политбирото[16]. Кога Алексеј Косигин починал на 18 декември 1980 година, еден ден пред роденденот на Брежнев, Правда и другите медиуми го одложиле известувањето за неговата смрт[15]. Во реалноста, сепак, физичките и интелектуалните капацитети на Брежнев започнале да опаѓаат во 1970-тите години поради неговото лошо здравје[17].

Брежнев ја одобрил советската интервенција во Авганистан исто онака како што претходно го одобрил Варшавскиот пакт и инвазијата на Чехословачка. Неколку водечки членови на советското раководство одлучиле да го задржат Брежнев како генерален секретар, така што нивните кариери нема да страдаат од можна реконструкција на кабинетот од страна на неговиот наследник. Другите членови, кои не го сакале Брежнев, меѓу нив и Дмитриј Устинов (Министер за одбрана), Андреј Громико (министер за надворешни работи), и Михаил Суслов (секретар на Централниот комитет), стравувале дека отстранувањето на Брежнев ќе предизвика голема криза, и така тие помогнале да се одржува статус кво[18].

Брежнев останал на својата позиција под притисок на некои од неговите соработници во Политбирото, иако во пракса земјата не била управувана од Брежнев, туку од колективното раководство предводено од Суслов, Устинов, Громико, и Јуриј Андропов. Константин Черненко, поради неговите блиски односи со Брежнев, исто така стекнал влијание. Додека Политбирото размислувало за наследникот на Брежнев, неговото здравје продолжило да се влошува. Изборот на наследник би било под влијание на Суслов, но бидејќи тој починал во јануари 1982 година, пред Брежнев, Андропов се покажал како главна фигура во идниот избор. На 10 ноември 1982 година Брежнев починал. Тој бил погребан на 15 ноември 1982 година во нерополата на Кремљските ѕидини[19].

  1. 1,0 1,1 Baylis 1989, стр. 97.
  2. Service 2009, стр. 375.
  3. Cocks, Daniels & Heer 1997, стр. 56–57.
  4. Bacon & Sandle 2002, стр. 54.
  5. Brown 2009, стр. 403.
  6. Daniels 1998, стр. 36.
  7. „Soviet Union: Whoa, Comrade Brezhnev“. Time. 6 December 1971. стр. 1. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 14 February 2011.
  8. Brown 2009, стр. 402.
  9. Bacon & Sandle 2002, стр. 19.
  10. Evangelista 2002, стр. 178.
  11. Evangelista 2002, стр. 179.
  12. Bacon & Sandle 2002, стр. 11.
  13. Bacon & Sandle 2002, стр. 12.
  14. Zemtsov 1989, стр. 97–98.
  15. 15,0 15,1 Service 2009, стр. 403.
  16. Brown 2009, стр. 405.
  17. Brown 2009, стр. 398.
  18. Service 2009, стр. 404.
  19. Service 2009, стр. 426.