Како да се омажиш за милионер
„Како да се омажиш за милионер“ (англиски: How to marry a millionaire) - американски филм од 1953 година, во режија на Жан Негулеско (Jean Negulesco) по сценариото на Нануали Џонсон (Nunnually Johnson), засновано на драмата на Зои Ејкинс (Zoe Akins). Главните улоги ги толкуваат: Мерилин Монро, Бети Грејбл, Лорен Бекол, Дејвид Вејн, Рори Калхун, Камерон Мичел, Вилијам Пауел итн.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Три манкенки се нераздвојни пријателки - сериозната и претприемчива Шаци (ја игра Бекол), заводливата Пола (ја игра Монро) која страда поради тоа што мора да носи очила и кокетната Локо (ја игра Грејбл). Тие изнајмуваат луксузен стан на Менхетн со намера радикално да ги променат своите животи така што ќе се омажат за богат човек. Шаци, која претходно имала брак со сиромашен човек, среќава богат вдовец за кој смета дека е добра прилика, иако тој е многу постар. Локо запознава оженет стопанственик и се согласува да замине на излет со него, надевајќи се дека така ќе ги запознае неговите богати пријатели. Пола, пак, налетува на сомнителен човек кој се претставува како нафтен магнат. Меѓутоа, плановите на трите девојки нема да се развиваат онака како што тие наумиле...[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- Американски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 1953 година
- Филмови на Жан Негулеско
- Филмови со Мерилин Монро
- Филмови со Лорин Бекол
- Филмови со Бети Грејбл
- Филмови со Дејвид Вејн
- Филмови со Рори Калхун
- Филмови со Камерон Мичел
- Филмови со Вилијам Пауел
- Филмски комедии
- Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк