Прејди на содржината

Карнеол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полиран карнеол

Карнеол или карнелијан е црвен или црвено-кафеав вариетет на калцедонот (кварц). Пронајден е и употребуван за накит уште во Бронзеното доба. Името му доаѓа од латинскиот збор caro, carnis што значи месо или тело.

Карнеолот многу го употребувале Римјаните за изработка на печат со употреба на восок, бидејќи топлиот восок не се лепи на карнеолот.

Скапоцените камења и нивното влијание на човекот

[уреди | уреди извор]
Накит од карнеол

Скапоцените и полускапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Карнеолот ги смирува емоциите и ја истакнува храброста. Познат е по тоа што има позитивно влијание на оној што го носи, односно го штити од психички напади. Помага за одбивање на негативната енергија и за враќање на рамнотежата во телото на носителот на овој камен.

Скапоцените камења и хороскопските знаци

[уреди | уреди извор]

Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така карнеолот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: овен, бик, рак и девица.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

perlenoire.mk Архивирано на 27 декември 2018 г. (македонски)