Кајлари
Кајлари Πτολεμαΐδα | ||
---|---|---|
Поглед. | ||
| ||
Местоположба во областа Dimos Ptolemaidas.png | ||
Координати: 40°31′N 21°41′E / 40.517° СГШ; 21.683° ИГД | ||
Земја | Грција | |
Област | Западна Македонија | |
Округ | Кожани | |
Површина | ||
• Вкупна | 217,901 км2 (84,132 ми2) | |
Население (2001)[1] | ||
• Вкупно | 35.539 | |
• Густина | 0,16/км2 (0,42/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Пошт. бр. | 502 00 | |
Повик. бр. | 24630 | |
Рег. таб. | KZ | |
Мреж. место | ptolemaida.gr |
Кајлари или Кајлар (грчки: Πτολεμαΐδα, Птолемаида) — град во Егејска Македонија. Денес има 37.289 жители и се наоѓа помеѓу окрузите Лерин, Кожани и Меглен во Западна Македонија. Градот е голем индустриски и стопански центар на Грција и произведува над 70 % од струјата во државата.
Име
[уреди | уреди извор]Грчката верзија на името потекнува од Птоломеј Лаг, првиот генерал на Александар Македонски, согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија. Многу Македонци живеат тука и во околниот крај.[2][3]
Култура
[уреди | уреди извор]Фудбалскиот клуб на Кајлар се нарекува Еордаикос (грчки: Εορδαϊκός). Друг тим е ФК Птолемаидас. Градот има училишта, градинки, гимназии, цркви, банки, пошта, железничка станица (Кожани - Лерин), полициска станица, кула на вода, и плоштади. Постои потенцијал во блиска иднида во градот да се отвори универзитет. Музејот на антропологија и фолклор е со седиште во градот.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Ова е високоразвиен индустриски центар. Четирите електрани во оваа област произведуваат 70% од електричната енергија во Грција, со користење на големи локални депозити на лигнит како гориво. Електраните се во сопственост на Електростопанство на Грција (ДЕИ), главниот работодавач во градот. Фабриката е посветена на премиер на Грција во тоа време, Константин Караманлис. Другите две се во Суровичево во Леринско и во Топчилар.
Етнички состав на населението
[уреди | уреди извор]Значителен дел од жителите на Кајлари денес се Грци доселени од Мала Азија или нивни потомци. Тие биле бегалци кои први пристигнале во Егејска Македонија во текот на 1920-тите години како резултат на размената на населението согласно Лозанскиот договор. Има и значителен број на Македонци, особено во соседните села.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Кајларско Поле (Сариѓол)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ „Македонски играорни друштва од Егејска Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2010-06-13.
- ↑ „70 години од грчко-италијанската војна“. Архивирано од изворникот на 2020-08-18. Посетено на 2010-06-13.
|