Прејди на содржината

Килопонд

Од Википедија — слободната енциклопедија

Килопонд (од лат. pondus = „тежина“, симб. кп или kp[1]) или килограм-сила (симб. кгс или kgF) е гравитациска метричка единица за сила. Единицата ја изразува силата на килограм маса во гравитациско поле од 9,80665 м/с2 (стандардна гравитација, т.е. вопросечена вредност на Земјината тежа).[2] Затоа, еден килопонд по дефиниција е еднаков на 9,80665 N.[3][4] Сразмерно на тоа, еден грам-сила (гс) изнесува 9,80665 мN, а еден милиграм-сила изнесува 9,80665 uN.

Покрај науката, единицата се користи и за изразување на напрегањето на велосипедските жици, за вртежен момент што се изразува во килопондметри (кмп)[5] за неформално изразување на притисок во килограми по сантиметар квадратен (1 кп/см2 = 1 ат ≈ 1 бар ≈ 1 атм), за повлечокот на лакот во стреличарството, и за дефинирање на „метричка коњска сила“ како 75 килопондметри во секунда[3] и техничката атмосфера (ат) како 1 килопонд на сантиметар квадратен.

Сродни единици

[уреди | уреди извор]

Во разни полиња присутни се и единиците тон-сила, мегаграм-сила и мегапонд (Мп), кои изнесуваат 1000 килопонди.

Во некои полиња се користи единицата декањутн (daN) како приближна на килопондот, со тоа што декањутнот има точно (наместо приближно) 10 њутни.

Единици за сила
њутн (SI) дин килопонд фунта-сила фунтал
1 N ≡ 1 kg·m/s² = 105 dyn ≈ 0,10197 kp ≈ 0,22481 lbF ≈ 7,2330 pdl
1 dyn = 10−5 N ≡ 1 g·cm/s² ≈ 1,0197×10−6 kp ≈ 2,2481×10−6 lbF ≈ 7,2330×10−5 pdl
1 kp = 9,80665 N = 980665 dyn gn·(1 kg) ≈ 2,2046 lbF ≈ 70,932 pdl
1 lbF ≈ 4,448222 N ≈ 444822 dyn ≈ 0,45359 kp gn·(1 lb) ≈ 32,174 pdl
1 pdl ≈ 0,138255 N ≈ 13825 dyn ≈ 0,014098 kp ≈ 0,031081 lbF ≡ 1 lb·ft/s²

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „килопонд“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. „Меѓународен систем на мерни единици (SI)“ Архивирано на 3 јуни 2016 г. – NIST (англиски)
  3. 3,0 3,1 „Водич за употреба на Меѓународниот систем на единици (SI)“ - NIST (англиски)
  4. SI - Брошура, гл. 2.2.2. - МБТМ (англиски)
  5. „Работа што ја извршува сила од 1 килопонд на пат од 1 м“ („килопондметар“ Архивирано на 17 декември 2013 г.) - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет