Прејди на содржината

Киселица (Делчевско)

Координати: 42°01′03″N 22°45′06″E / 42.01750° СГШ; 22.75167° ИГД / 42.01750; 22.75167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Киселица

Куќи во селото

Киселица во рамките на Македонија
Киселица
Местоположба на Киселица во Македонија
Киселица на карта

Карта

Координати 42°01′03″N 22°45′06″E / 42.01750° СГШ; 22.75167° ИГД / 42.01750; 22.75167
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Осоговија
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09013
Надм. вис. 710-870 м
Киселица на општинската карта

Атарот на Киселица во рамките на општината
Киселица на Ризницата

Киселица — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Патот кој води кон маало од селото

Киселица се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се сместени на надморска височина од 710-870 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 10,5 км2. Од Делчево е оддалечено околу 15 км.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XX век, Киселица било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција. Обработливото земјиште во селскиот атар зафаќа површина од 373 ха, пасиштата се на површина од 343 ха, а на шуми отпаѓаат 250 ха.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948553—    
1953423−23.5%
1961435+2.8%
1971266−38.9%
1981167−37.2%
ГодинаНас.±%
199176−54.5%
199478+2.6%
200235−55.1%
20213−91.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Киселица живееле 122 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 144 жители Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

На пописот од 2002 година, селото имало 35 жители, од кои 34 Македонци и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 122 144 553 423 435 266 167 76 78 35 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Ѓорѓи“

Во селото постои избирачко место бр. 0598 според Државната изборна комисија, кое е сместено во здружениот дом.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[14]

Културни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви
Пештери[17]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 149.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-12-19. Посетено на 10 јули 2018.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. 16,0 16,1 Два нови Археолошки наоѓалишта во Пијанец“. Сител. 14 август 2017.
  17. „Киселичка Пештера и нејзините тајни!“. Игео Портал. 13 јули 2015. Посетено на 16 јули 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]