Кијоши Куромија
Кијоши Куромија (англиски: Kiyoshi Kuromiya, 9ти мај, 1943 - 10ти мај, 2000) беше американски автор и активист за човекови права.[1] Тој се залагаше за хомосексуално ослободување, за кревање на јавната свест околу ХИВ/СИДА и против водењето на војни. Куромија, кој има јапонско потекло, беше роден во концентрациониот логор „Харт Маунтин“ во Вајоминг, САД, каде биле затворени бројни Американци со јапонско потекло за време на Втората светска војна. Во 1960тите, Куромија беше помошник на Мартин Лутер Кинг Џуниор и беше еден од најгласните противници на Виетнамската војна.
Како еден од основачите на Фронтот за хомосексулано ослободување во Филаделфија, Пенсилванија, САД, Куромија беше уредник на првиот правилник за медицински третман и меѓукултурна компетенција за луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА.
На 4ти јуни 2022 година, Гугл го чествуваше Куромија со цртеж на главната страница на пребарувачот.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Kiyoshi Kuromiya | Legacy Project Chicago“. Посетено на 4ти јуни, 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Kiyoshi Kuromiya Google Doodle | Short Biography of Japanese-American civil rights activist“. Посетено на 4ти јуни, 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)