Прејди на содржината

Коефициент на емисија на јаглерод диоксид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Коефициентот на емисија на јаглерод диоксид (KECO2) е коефициент кој покажува колку јаглерод диоксид се ослободува со согорување на одреден тип на гориво, по единица на количина добиена топлина. Се пресметува како [1]

каде:

  • gC— содржина на јаглерод во горивото (бездимензионален број во единици [kg/kg] или [t/t]]),
  • H— топлотна моќ на горивото (може да биде грна или долна топлотна моќ) во единица [MJ/kg или GJ/t],
  • 3,67 — коефициент на стехиометриската равенка на согорување на јаглерод.

Од формулата може да се види дека коефициентот на емисија на јаглерод диоксид се изразува во единици [kg/MJ] или [t/GJ]. Бидејќи во пресметката може да се користи горната или долната топлинска моќност, при одредување на вредноста мора да се нагласи која од нив е употребена.

Количината на CO2 што се емитиува при согорување на некое гориво директно зависи од три фактори:

  • Количини на потрошено гориво,
  • Содржината на јаглерод во тоа гориво,
  • Процентот на согорување на јаглерод.

Вака пресметаниот коефициент ги зема предвид само т.н директна емисија на CO2, т.е. онаа од процесот насогорување, занемарувајќи ја емисијата од процесот на производство. Вака пресметаниот коефициент може значително да се разликува, што е посебно значајно кај биогоривата .

  1. „Ekologija sagorevanja“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 06. 03. 2016. Посетено на 07. 12. 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)