Конвивио
Конвивио („Банкетот“)[2] е недовршено дело напишано од Данте Алигиери приближно помеѓу 1304 и 1307 година. Се состои од четири тратати, или „книги“: една префаторна, плус три книги кои секоја од нив вклучува по една канзона (долга лирска песна) и прозна алегориска интерпретација или коментар на песната што оди во повеќе тематски насоки.
Резиме
[уреди | уреди извор]Конвивио е вид народна енциклопедија на знаењето за времето на Данте. Допира до многу области на учење, не само во филозофијата, туку и политиката, лингвистиката, науката, астрономијата и историјата. Расправата започнува со префаторната книга или проем, која објаснува зошто е потребна книга како Конвивио и зошто Данте ја пишува на народен јазик наместо на латински. Тоа е една од раните одбрани на народниот јазик на Данте, изразена малку подетално во неговиот (претхоно) лингвистички трактат De vulgari eloquentia (За елоквентноста на народен јазик).
Книгите 2 и 3 формираат единица, но и двете се фокусираат на новата љубов на Данте по смртта на Беатрис - неговата љубов кон дамата Филозофија, „Најубавата и достоинствена ќерка на императорот на вселената“, како што ја нарекува. Во втората книга дискутира за алегоријата и за дамата филозофија користејќи ја канзоната Voi che 'ntendendo il terzo ciel movete (Вие што го движите третото небо со чин на интелектот), која што ја отвора книгата. Исто така, дискутира за теми како астрономијата, ангелологијата и бесмртноста на душата. Тратата книгата е химна на пофалба за филозофијата, пуштена со алегориска интерпретација на големата канзона на Данте Amor che ne la mente mi ragiona (Љубов, која ми зборува во мојот ум). Во оваа книга, Данте тврди дека вистинската филозофија не може да дојде од кои било задни намери, како што се престижта или парита - туку дека тоа е можно само кога трагачот има љубов кон мудроста, за свое добро.
Книгата 4 е убедливо најдолгата од Конвивио и е забележливо различна од двете книги што ѝ претходат. Предметот на книгата 4 е природата на благородништвото. Се отвора со најдолгата канзона на Convivio, Le dolci rime d'amor (Тие слатки песни на љубовта), која е експлицитно за добрина или благородништво, како и осуда на среброљубието, тврдејќи дека разумот и духот на стекнување се взаемно некомпатибилни. Првата половина од триесетте поглавја од книгата 4 е посветена на разоткривање на лажната идеја за благородништвото како наследна особина, една ограничена на аристократијата, додека последните петнаесет поглавја оцртуваат од што се состои вистинското благородништво - совршенството на нешто според неговата природа - и како благородноста се манифестира кај луѓето во различни фази од животот. Конвивио, во своите автобиографски пасуси и во траекториите на неговите линии на размислување, ни даваат богат портрет на самиот Данте, од големо значење за разбирање на неговото дело во целина, особено на Божествената комедија.
Анализа
[уреди | уреди извор]Конвивио е главна фаза на развојот за Данте, многу различен од визионерскиот свет на Вита Нуова (иако како и претходното дело, и тој е медиум за еволуирачкото чувство на авторот за уметничка вокација и филозофско-духовна потрага). Оваа разлика се рефлектира во тоа како двете дела го користат форматот прозиметриум: во Вита Нова постои сложена меѓусебна врска и испреплетување меѓу прозата и поезијата, додека во Конвивио големите блокови на проза имаат автономно постоење освен песните; содржината на поезијата не е засилена или уредена во прозата толку многу колку што е прозаично коментирана, за да послужи како појдовна точка за различните теми за кои разговара Конвивио. Самиот Данте ни кажува дека прозата на Конвивио е „умерена и моќна“, за разлика од „жестоката и страсна“ проза на Вита Нова; и дека додека пристапот кон ова во делото на неговата младост бил „како да сонува“, Конвивио пристапува кон него трезвено и будно, често моделирајќи го својот стил на схоластичките автори.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Object: Lo amoroso Convivio di Dante“. British Museum. Архивирано од изворникот на 29 August 2022. Посетено на 29 August 2022.
- ↑ „Banquet“. Dante online. Посетено на 2008-09-02.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Dante: Convivio: A Dual-Language Critical Edition. Translation, introduction, and notes by Andrew Frisardi. Cambridge University Press, 2018. ISBN 9781107139367.CS1-одржување: друго (link)
- Frisardi, Andrew (2015). The Quest for Knowledge in Dante's Convivio. London: Temenos Academy. стр. 52. ISBN 978-0992604646.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Етекст на англиски превод од Ричард Лансинг, Универзитетот Брандеис
- Превод на Филип Хенри Викстул во Интернет архивата
- </img>Аудио книгата од јавен домен
|