Прејди на содржината

Коста Чохаџиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коста Чохаџиќ
Роден Коста Чохаџиќ
10 септември 1881
Гевгелија, Отоманско Царство
Починал 1960
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање гинеколог, акушер, лекар

Коста Чохаџиќ (10 септември 1881 во Гевгелија1960 во Скопје) — македонски гинеколог-акушер.[1]

Чохаџиќ е заслужен за отворањето на првиот Гинеколошко-акушерски санаториум во Македонија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

По потекло од Гевгелија, дипломирал на Медицинскиот факултет во Париз во 1910 година. Следната година се вратил во Македонија и работел како лекар во Гевгелија, Радовиш и Скопје.

Во 1921 година е назначен за шеф на Гинеколошкото одделение при Државната болница во Скопје.

Во 1931 година отворил Гинеколошко-акушерски санаториум во Скопје, прв од таков вид во Македонија. Во Санаториумот се вршеле не само породувања, туку и гинеколошко-хируршки интервенции. Санаториумот работел до 1941 година.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)