Кристијано Дони
Кристијано Дони | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 април 1973 | ||
Роден во | Рим, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,86||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 30 јуни 2012 (39 години) | ||
Младинска кариера | |||
Модена | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1991-1992 | Модена | 0 | (0) |
1992-1993 | → Римини | 31 | (6) |
1993-1994 | → Пистоезе | 31 | (3) |
1994-1996 | Болоња | 54 | (11) |
1996-1998 | Бреша | 51 | (8) |
1998-2003 | Аталанта | 145 | (55) |
2003-2005 | Сампдорија | 44 | (6) |
2005-2006 | Мајорка | 24 | (2) |
2006-2012 | Аталанта | 151 | (48) |
Репрезентација ‡ | |||
2001-2002 | Италија | 7 | (1) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Кристијано Дони (роден на 1 април 1973 година во Рим) — италијански поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Најголемиот дел од кариерата Дони го поминал во екипата на Аталанта за која одиграл повеќе од 300 официјални натпревари и е најдобриот стрелец во историјата на клубот со постигнати 122 гола во сите натпреварувања. Покрај Аталанта, настапувал уште и за Модена, Римини, Пистоезе, Болоња, Бреша, Сампдорија и Мајорка.
За италијанската репрезентација одиграл 7 натпревари и постигнал еден гол, а дебитирал во 2001 година во пријателски натпревар против Јапонија во Саитама. Тој исто така ја претставувал Италија на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Дони е роден во Рим, но израснал во Верона каде што и започнал да се занимава со играње фудбал во малиот клуб Крејзи Коломбо, за набргу потоа да се приклучи на Примавера тимот на Модена. На 18 годишна возраст го потпишал првиот професионален договор, а потоа во следните две сезони бил позајмен на Римини и Пистоезе. Во сезоната 1994-1995 Дони потпишал за Болоња која во тоа време се натпреварувала во Серија Ц1, помагајќи им да изборат промоција во Серија Б за следната сезона постигнувајќи 8 гола во 25 натпревари.
Тој го направил своето деби во Серија А во сезоната 1997-1998 со екипата на Бреша во натпревар против Интер на 31 август 1997. Во текот на летото 1998, Дони пристигнува во Бергамо потпишувајќи договор Аталанта во Серија Б, со цел да му помогне на клубот да се врати во највисокот ниво на италијанскиот фудбал. Тој набрзо станува клучен дел од тимот, благодарение на неговата напорна работа и посветеност. Во сезоната 1999-2000 Аталанта успева да избори промоција во Серија А под водство на тренерот Џовани Вавасори, а Дони дал голем придонес за успехот со 14 постигнати голови на 37 натпревари во Серија Б таа сезона. И во следните три сезони во Серија А, Дони бил референтна точка на Аталанта меѓутоа ниту неговите 10 гола не му помогнале на клубот да опстане во Серија А во сезоната 2002-2003, кога со поразот од Реџина во плејаутот биле осудени на испаѓање.
По испаѓањето на Аталанта, Дони и се приклучил на екипата на Сампдорија за која одиграл 44 натпревари и постигнал 6 гола во две сезони во Серија А. Откако му истекол договорот со блучерати, го имал своето прво искуство во кариерата во странство потпишувајќи за Мајорка на 32-годишна возраст. Тој одиграл само една сезона во клубот запишувајќи 24 натпревари и 2 гола во Примера Дивисион, пред да се врати назад во Аталанта во август 2006.[1] До крајот на својата кариера одиграл уште пет сезони во дресот на Аталанта, станувајќи најдобар клупски стрелец во историјата на клубот со 122 постигнати гола во сите официјални натпреварувања. Исто така станал и почесен грѓанин на градот Бергамо.[2] Сепак, кариерата ја завршува неславно бидејќи на 9 август 2011 бил осуден на 3 и пол годишна забрана од фудбалот поради негова вмешаност во скандал со наместени натпревари, поради што бил приморан да ја заврши својата играчка кариера на возраст од 39 години.[3] На 19 декември, бил уапсен заедно со уште 16 други луѓе вклучени во друга истрага за наместени натпревари, во која и самиот Дони признал дека бил вмешан.[4]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Дони одиграл седум натпревари за Италија, а првиот настап го имал на 7 ноември 2001 година, во пријателски натпревар против Јапонија во Саитама, на кој го постигнал и својот прв репрезентативен погодок.[5] Следната година тој бил избран во од селекторот Џовани Трапатони во составот на репрезентацијата за Светското првенство 2002, каде направил два настапи во првото коло од групната фаза против Еквадор[6] во победата со 2-0 и потоа во поразот со 1-2 од Хрватска во кој асистирал за голот на Кристијан Виери.[7]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
07-11-2001 | Саитама | Јапонија | 1 – 1 | Италија | Пријателска | 1 | 46' 65' 89' | |
13-02-2002 | Катанија | Италија | 1 – 0 | САД | Пријателска | - | 46' | |
27-03-2002 | Лидс | Англија | 1 – 2 | Италија | Пријателска | - | 75' | |
03-06-2002 | Сапоро | Италија | 2 – 0 | Еквадор | СП 2002 - Прва фаза | - | 65' | |
08-06-2002 | Кашима | Италија | 1 – 2 | Хрватска | СП 2002 - Прва фаза | - | 79' | |
21-08-2002 | Трст | Италија | 0 – 1 | Словенија | Пријателска | - | ||
12-10-2002 | Неапол | Италија | 1 – 1 | Србија и Црна Гора | Квал. за Евро 2004 | - | 46' | |
Вкупно | Настапи | 7 | Голови | 1 |
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 29 мај 2011.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1991-1992 | Модена | Б | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 |
1992-1993 | Римини | Ц2 | 31 | 6 | КИ-Ц | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 31+ | 6+ |
1993-1994 | Пистоезе | Ц1 | 31 | 3 | КИ-Ц | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 31+ | 3+ |
1994-1995 | Болоња | Ц1 | 25 | 8 | КИ-Ц | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 25+ | 8+ |
1995-1996 | Б | 29 | 3 | КИ | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 29+ | 3+ | |
Вкупно Болоња | 54 | 11 | ? | ? | - | - | - | - | 54+ | 11+ | |||||
1996-1997 | Бреша | Б | 30 | 7 | КИ | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 30+ | 7+ |
1997-1998 | А | 21 | 1 | КИ | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 21+ | 1+ | |
Вкупно Бреша | 51 | 8 | ? | ? | - | - | - | - | 51+ | 8+ | |||||
1998-1999 | Аталанта | Б | 27 | 8 | КИ | 7 | 3 | - | - | - | - | - | - | 34 | 11 |
1999-2000 | Б | 35 | 14 | КИ | 6 | 3 | - | - | - | - | - | - | 41 | 17 | |
2000-2001 | А | 27 | 7 | КИ | 7 | 3 | - | - | - | - | - | - | 34 | 10 | |
2001-2002 | А | 30 | 16 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 16 | |
2002-2003 | А | 26+1[8] | 10+0[8] | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 10 | |
2003-2004 | Сампдорија | А | 22 | 5 | КИ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 24 | 7 |
2004-2005 | А | 22 | 1 | КИ | 2 | 3 | - | - | - | - | - | - | 24 | 4 | |
Вкупно Сампдорија | 44 | 6 | 4 | 4 | - | - | - | - | 48 | 11 | |||||
2005-2006 | Мајорка | ПД | 24 | 2 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | 24 | 2 | ||
авг. 2006 | ПД | 0 | 0 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 | |
Вкупно Мајорка | 24 | 2 | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 24 | 2 | |||
2006-2007 | Аталанта | А | 26 | 13 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 26 | 13 |
2007-2008 | A | 30 | 12 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 12 | |
2008-2009 | А | 31 | 9 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 9 | |
2009-2010 | А | 30 | 2 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 2 | |
2010-2011 | Б | 34 | 12 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 12 | |
2011-2012 | А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 | |
Вкупно Аталанта | 296+1 | 103+0 | 26 | 9 | - | - | - | - | 323 | 112 | |||||
Вкупно во кариерата | 531+1 | 139+0 | 30+ | 13+ | - | - | - | - | 562+ | 152+ |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Болоња
[уреди | уреди извор]Бреша
[уреди | уреди извор]- Серија Б (1) : 1996–1997
Аталанта
[уреди | уреди извор]- Серија Б (1) : 2010-2011
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Doni looking for Islanders exit; Sky Sports
- ↑ Atalanta, Doni cittadino benemerito di Bergamo[мртва врска]
- ↑ „Betting: the decisions of the disciplinary panel“ (италијански). Lega Serie A. 9 August 2011. Архивирано од изворникот на 2012-09-26.
- ↑ „Ex-Italy player Cristiano Doni arrested over match-fixing“. BBC Sport. 19 December 2011. Посетено на 13 February 2012.
- ↑ „Japan challenge gives Doni to Trap“ (италијански). La Repubblica. 7 November 2001. Посетено на 3 April 2014.
- ↑ Massimo Vincenzi (3 June 2002). „Italy starts well – Ecuador defeated 2–0“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 5 January 2016.
- ↑ Dario Olivero (8 June 2002). „The film: Italy–Croatia match report“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 5 January 2016.
- ↑ 8,0 8,1 Бараж за опстанок.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кристијано Дони на soccerway
- Кристијано Дони на transfermarkt
- Кристијано Дони на espn
- Кристијано Дони на goal.com Архивирано на 9 мај 2017 г.
- Кристијано Дони на whoscored
- Кристијано Дони на tuttocalciatori.net
|