Прејди на содржината

Кромидеста купола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кормидестата купола на црквата Св. Василиј во Москва

Кромидеста купола (руски: луковичная глава) — облик на архитектонска купола, карактеристична за православвните цркви во Источна Европа. Овој облик на купола се појавува и во Германија, каде е познат под името Zwiebelturm и се појавува како дел од барокните градби. Некои куполи имаат поголем пречник од оној на кулата над која се поставуваат и нивната висина обично ја надвисува нивната ширина. Овие крушковидни, стеснети форми на куполи многу наликуваат на кромид, по кои и биле наречени.

Други важни видови на куполи во православната црква се шлеместите куполи, како оние на катедралата Света Софија во Новгород и успенската катедрала во Владимир. Во Украина, ваквите куполи се наречени крушести куполи, а највпечатлива е онаа на катедралата Света Софија во Киев. Во барокната архитектура се употребува поимот пупчеста купола, како онаа на црквата Свети Андреја во Киев.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историчарите на уметноста се несогласни околу прашањето кога и зошто комидестите куполи станале посебно обележје на руската архитектура. Византиските цркви и киевскоруската архитектура се одликувале со отворени и мазни куполи без посебна конструкција издигната над кулата. Наспроти оваа античка форма, секоја кула во руската црква е надвисната со посебна метална структура или греда, што е поврзано со железна плоча или ќерамиди.

Од крајот на 19. век, многу руски цркви од пред петробарокниот период имале пупчести куполи. Големите кромидести купли биле издигнувани во седумнаесеттиот век на просторот околу градот Јарославл, кој коинцидентно бил познат по големите кромиди. Сосема малку куполи имале посложена пупчеста форма, која останала како остаток од барокната архитектура од доцнит седумнаесетти век. Крушестите куполи обично се поврзуваат со украинскиот барок, додека конусните куполи се типични за Закавказјето.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]