Прејди на содржината

Куќа Хундертвасер

Координати: 48°12′26″N 16°23′39″E / 48.20722° СГШ; 16.39417° ИГД / 48.20722; 16.39417
Од Википедија — слободната енциклопедија

48°12′26″N 16°23′39″E / 48.20722° СГШ; 16.39417° ИГД / 48.20722; 16.39417

Куќата Хундертвасер Виена

Куќата Хундертвасер е станбена зграда во Виена, Австрија, изградена е според идејата и концептот на австрискиот уметник Фриденсрајх Хундертвасер во првична соработка со архитектот Јозеф Кравина, како соавтор[1].

Оваа експресионистичка обележје на Виена, се наоѓа во областа Ландстраше на аголот на улиците Кегелгасе и Ловенгасе.

Куќата Хундертвасер е една од најпосетуваните градби во Виена и стана дел од културното наследство на Австрија[2].

Хундертвасер и архитектурата

[уреди | уреди извор]

Фриденсрајх Хундертвасер започнал како сликар. Од раните 50-ти години, тој сè повеќе се фокусирал кон архитектурата, залагајќи се за природните елементи и присуството на природата во самата архитектура: со истакнато место на слободни елементи и делови од природата[3].

На предавањата на академиите и пред архитектонските здруженија, Хундертвасер, ги разјаснувал своите идеи за архитектурата која би била во хармонија со природата и човекот. Бруно Крајски сојузниот канцелар во тоа време на Австрија, во писмото од 30 11 1977 година му предложил на Леополд Грац, градоначалникот на Виена, на Хундертвасер да му се даде можност да ги реализира своите идеи од областа на архитектурата, со тоа што ќе му биде дозволено да проектира објект за домување. Леополд Грац, во писмо од 15 декември 1977 година, го поканил Хундертвасер да создаде станбена зграда според неговите идеи.

Потрагата по соодветна градежна парцела траела неколку години. Бидејќи Хундертвасер не бил архитект, тој побарал од градот Виена, да обезбеди професионален архитект кој бил подготвен да ги транспонира неговите архитектонски цртежи во реално дело. За таа цел, архитектот Јозеф Кравина бил поканет да му се придружи на уметникот и да му помогне да ги реализира своите идеи во пракса[4].

Конфликт и соработка

[уреди | уреди извор]

Во август и септември 1979 година, архитектот Кравина му го претставил на Хундертвасер неговите првични цртежи и модел на стиропор. Хундертвасер бил шокиран и ги отфрлил, заради присуството на геометризмот и архитектонската догматика против која постојано тој се борел.

Хундертвасер сепак успеал да ги убеди финансиерите од Виена за валидноста на неговиот концепт, за објект со присуство на изразити делови од природата и растителниот свет. Сепак, архитектот Кравина, продолжил да искажува скептицизам кон неговите идеи, поради што Хундертвасер, побарал архитектот Кравина да биде заменет. Кравина навистина го напуштил проектот и архитектот Питер Пеликан, го преземал планирањето. Архитектот Пеликан станал долгогодишен партнер на Хундертвасер, работејќи со него на бројни други градежни проекти. На крајот, куќата била изградена помеѓу 1983 и 1985 година, според идеите и концептите на Хундертвасер. Таа се одликува со изолирани подови, покрив покриен со земја и трева и големи дрвја кои растат одвнатре од просториите. Во куќата има 53 станови, четири канцеларии, 16 приватни тераси и три комунални тераси, а вкупно 250 дрвја и грмушки[5].

Судска одлука

[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, дваесет години по излегувањето на архитектот Кравина од проектот, фирмата Х.Б. Медиенвертриебсгеселсшафт мбХ, го охрабрила архитектот Кравина, легално да го докаже своето соавторство за „Куќата на Хундертвасер“. На 11 март 2010 година, по осум години парница, австрискиот Врховен суд на правдата досудил Јозеф Кравина заедно со Фриденсрајх Хундертвасер, да бидат косоздавачи на куќата со забрана за „Куќата Хундертвасер“ да биде фотографирана, публикувана и рекламирана без дозвола од Кравина како соавтор[6].

Фотографии

[уреди | уреди извор]
  1. „Hundertwasser House Vienna“. Архивирано од изворникот на 2020-04-12. Посетено на 2020-04-12.
  2. „Hundertwasserhaus Wien & Museum“. Архивирано од изворникот на 2019-05-06. Посетено на 2020-04-12.
  3. The Museum Hundertwasser im KUNST HAUS WIEN
  4. Weitere Werke von Hundertwasser
  5. The house was Hundertwasser’s first architectural work
  6. „Hundertwasserhaus: kunterbunter Sozialbau“. Архивирано од изворникот на 2018-06-23. Посетено на 2020-04-12.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]